Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик оцени дека БиХ е дестабилизирана од муслиманите помогнати од неколку западни амбасади.

Додик на својот Твитер профил напиша дека се друго, како што наведе, е „плод на фантазијата на муслиманскиот преставник во тројното престедателство на БиХ Шефик Џаферовиќ, кој неиспровоциран се најде во високата политика, не знаејќи ништо друго освен да инвестира во западниот дел на меѓународната заедница“.

Додик смета дека Џаферовиќ пред тоа би можел да одговори колку муџахедини лично контролирал во граѓанската војна во БиХ и колку злосторства извршиле, а потоа да остави на светот да процени како е можно некој со таква биографија воопшто да е на слобода.

„Фактот што Џаферовиќ е во Претседателството на БиХ е доказ за ненормалноста во која егзистира БиХ“, напиша Додик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.