Српскиот аналитичар Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасале кучиња скитници во Велика Иванча во близина на српскиот град Младеновац.
Како што пренесува „Новости“, во нападот на кучињата била повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне. Таа со возило на Брзата помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Како што претходно објави „Блиц“, три кучиња скитници го нападнале на Радосављевиќ на улица во Велика Иванча, а тој починал како последица од нападот на кучињата.
Лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Жртвата Радосављевиќ порано беше извршен директор на Медиа центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.