Здружението на новинари на Република Српска (УНРС), по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, го прогласи Џулијан Асанж за почесен член на тоа здружение.

Во соопштението на УНРС се наведува дека не е неопходно да се објаснува овој потег, особено не на оние кои се занимаваат со прашањето за слободата на говорот и мислата, бидејќи Асанж е вистински маченик за овој идеал во светот.

Здружението истакна дека сака да го сврти вниманието на домашната јавност на тоа дека Џулијан Асанж е пред екстрадиција во САД, од која го дели уште едно рочиште.

Она што е неприфатливо од гледна точка на светската медиумска сцена и меѓународното право е тоа што сакаат да го затворат во Соединетите Американски Држави, чиј државјанин не е, како ниту државјанин на Велика Британија, која го уапси откако го извлече од Амбасадата на Еквадор. Уште полошо, тоа го прават поради сите оние работи кои се загарантирани со вториот амандман на Уставот на САД, а кои се однесуваат на слободата на говорот и печатот“, се наведува меѓу другото во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.