Туристите на плажата во Ханиоти биле сведоци на непријатна ситуација, кога неколку мажи се истепале по расправија. Што точно се случувало пишува очевидка на фејсбук групата „Грчка инфо“.

За жал, вчера околу 20 часот бевме сведоци на тепачка на 2 мажи поради риболов, додека луѓето се уште се капеа, еден човек почна да лови риба. Другиот му рече дека не смее, а овај му врати со пцости и така почна тепачка. Денеска слушнавме дека рибарот заработил два скршени заба, пукната аркада и задниот дел од главата со камен. Беше застрашувачки да се види сето тоа, особено што нивните деца гледаа и врескаа. Локалниот лекар не го ни прегледал, туку веднаш го испратил во болница. Вака човек си го расипува одморот и за себе и за семејството, напиша таа, а во коментарите многумина додадоа дека требало да се изостави дека се работи за Срби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.