Денеска сум овде во Охрид, на „Prespa Forum Dialogue“ за да го повторам цврстиот принцип на грчката надворешна политика дека иднината на Македонија, иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, во европските вредности, во заедничкиот простор на правото и заштита на човековите права, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изјава за грчките новинари по неговото пристигнување на Преспа форумот за дијалог, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас во кусата изјава, освен што уште еднаш ја изрази грчката поддршка за ЕУ перспективата, потенцираше дека „она што мора со голем напор да се одбие, се било каквите влијанија на фактори кои би сакале да го одведат регионот во друга, поинаква насока, насока поинаква од ЕУ, меѓународното право, европските вредности“.

Шефот на грчката дипломатија попладнево ќе се обрати на панел дискусија на форумот за „Европскиот мировен проект на Западен Балкан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.