Дедото на убиената Данка Илиќ, Милан за српските медиуми порача дека семејството ќе даде официјална изјава кога истрагата на Обинителството ќе заврши, но дека за него лично, сè уште има искра дека Данка е жива, бидејќи сè уште нема трага од телото на неговата двегодишна внука.

Иако се уште сум во шок, сепак има искра во мене, вели тој.

Се надева и дека истрагата ќе ја тргне дамката од неговото семејство и гласините дека ја продале.

Во меѓувреме, утрово Вишото јавно обвинителство во Заечар од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на девојчето.

Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај.

Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ беше донесена во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови. Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.