Францускиот претседател на средбата со Шолц  нагласи дека е решено да се одржи самит за Западен Балкан во јуни, што ќе се одржи непосредно пред европскиот самит. За тоа ќе се има блиска и координирана француско-германска соработка за да се може, токму на сите овие ситуации, да се работи заедно, „за да дозволиме прво да се решат ситуациите на разлики кои сè уште постојат и да им ја разјасниме на сите земји од Западен Балкан европската агенда која во голема мера е нивна“, рече Макрон.

Макрон на средбата со Шолц притоа потсети на неколкуте предлози кои ги даде во Стразбур, во име на Франција за кои ќе се разговара и за кои веќе се зборувало неколку пати.

-Но мислам дека можам да кажам дека заедно го споделуваме и убедувањето дека надвор од Западен Балкан, имаме потреба да го преиспитаме европскиот политички простор, тоа е целта на оваа европска политичка заедница, предложена утринава. за да може да се изгради мир и стабилност на соработката за најгеополитичките прашања на нашата Европа.

Запрашан да ја појасни неговата идеја за европска политичка заедница и дали земјите од Западен Балкан се повикани да се приклучат кон неа, Макрон одговори дека оваа „идеја доаѓа од фактот дека  има географска реалност. Европа е континент кој се наметнува преку едноставно читање на светската карта и дека за вистински да „ се закотви демократијата и стабилноста во Европа, треба да се најде вистинската политичка и геополитичка форма на конвергенција и стабилност“ на континентот.

-Се досега на ова прашање одговоривме со проширување, од степенот на интегрираност на интимноста на зближувањето, барањето на стандардите на нашата Европска Унија, значи дека оваа перспектива за држави како Украина или неколку други не е остварлива на хоризонтот од неколку години.

Според Макрон може да се има  забрзана процедура,  за да се прифати статусот на кандидат за членство на Украина, „но сите знаеме дека со оглед на нашите стандарди да се биде членка, ќе бидат потребни години, веројатно децении за да Украина навистина се приклучи на Европската унија“. ,

Тој продолжи со своето објаснување, дека не сака да го преземеме ризикот да предизвика очај кај „оние соседи и ја имаат и оваа географска близина и кои се приврзани за истата база на вредности на кои инсистира “. Бидејќи, според него  Украина денес добро се бори за тие вредности, таа ги презема сите ризици за тоа.

-Нас ни треба да се изгради нова политичка форма, не само правна. Ние имаме правна форма, Советот на Европа со Европскиот суд за човекови права, кој дава права, што згора на тоа се загрозени, потресени од излегувањето на Русија.

Макрон е на мислење дека  треба да се најде нова политичка форма која ќе овозможи „да се стигне до Европа на држави кои ги споделуваат нејзините вредности, кои се во оваа географија и заедно да се изгради политичка координација, форми на солидарност во однос на безбедноста и кои не се исто како НАТО.“ Тука се и елементите на солидарна соработка за да се дефинираат соработките и енергијата, бидејќи ја гледа интеграцијата и солидарноста што постои во Европа за овие енергетски прашања кои се многу структурирани, за да може заедно да се напредува по прашањата на инфраструктура за поврзување, „која е во срцето на агендата што ја имаме за земјите од Балканот и меѓу Западен Балкан и нашата Европа. Но тоа е вистина многу пошироко за циркулацијата на луѓе, а особено на младите луѓе. “

-Оваа агенда не значи дека земјите кои можеби имаат интерес со нас за овие прашања, се подготвени да влезат во ЕУ. Затоа она што мораме да го направиме, ми се чини, е преку работа на консултации и развој, сега, да ја изградиме оваа европска политичка заедница за да одговориме на ова прашање, бидејќи нашата политичка стабилност и нашата безбедност се во прашање, објаснуваше Макрон.

Покрај тоа што има земји кои веќе ја започнаа пристапната процедура и кои ќе влезат, Макрон мисли  дека по ова прашање треба се да оди до крајот на патот.

– Прашањето се поставува за оние и оние кои сè уште не го започнале овој пат, за земји како Босна и Херцеговина, кои се многу подалеку или други во Западен Балкан, за Украина. А исто така и за другите земји кои се вовлечени во прашањата за пристапување во Европската Унија, понекогаш со децении, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.