Електронското издание на софиски „Дневник“ денеска излезе со текст насловен како „Спасувањето на бугарските Евреи-дискусијата за улогата на државата“ во кој се отсликува актуелниот миг во соседна Бугарија околу прашање, што е неминовно поврзано и со македонско-бугарските односи. Во текстот се пренесени двете позиции, што ги застапуваат поединци и организации и кои во целост ја претставуваат поделеноста на самото бугарско општество околу спасувањето на бугарските и депортацијата на Евреите од Пирот, Македонија и одринско.
За жал, во текстот недостасуваат заклучоците на бугарската влада за чествувањето на настанот, што таа ги усвоила на нејзината последна седница.
Нормално, Република Македонија не е изоставена во двете позиции, но клучно е прашањето со која од нив ќе треба да се разговара, зашто и двете се со дијаметрално спротивни вистини и тврдења (?!), па во интерес на јавност во целост ги пренесуваме.
ОТВОРЕНО ПИСМО од иницијативната група за достојно одбележување на 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи
Ние, група граѓани и претставници на граѓански организации, се обраќаме до вас со повик во официјалната програма за чествувањето на 80-годишнината од спасувањето на бугрските Евреи да биде вклучено и оддавањето почит пред спомен-плочите на спасителите, потавени во знак на нивно сеќавање до црквата „Света Софија“.
Тие плочи се верна копија на плочите поставени во Бугарската гора крај Ерусалим од филнтропски добротвори и од бугарски Евреи од сите краишта на светот како признание за нивното спасување во текот на 1943 година кон Бугрија и бугарскиот народ. Истите се поставени по иницијатива на Националниот комитет за заштита на историската вистина во Бугарија и со средства и благородна иницијатива на граѓани родољуби на престолнината.
На годишните поклоненија на 10 март, што пред тие спомен-плочи се организираат од граѓани и граѓански организации во знак на сеќавање на спасителите на бугарските Евреи, последниве години гледаме загрижувачко отсуство на официјални претставници на пртседателството, Народното собрание, Владата и престолнината.
Тоа отсуство создава непријатно чувство дека присуството на имињата на цар Борис III и на царица Јоана на тие плочи предизвикува загриженост кај бугарските власти, слично на таа, што ја манифестираат властите во Република Македонија од именувањето на бугарскиот клуб во Охрид со името на цар Борис III.
Ако бугарските власти со своето однесување во нашата сопствена држава се неспособни да покажат дека не робуваат на лажните историски мантри, наметнати од БКП и КПЈ за „монархофашизам“ кај нас и за „бугарска фашистичка окупација“ на Беломорска Тракија и Македонија, тогаш тие немаат морално право да реагираат против антибугарската кампања, што се води во Република Македонија токму врз основа на тие лажни историски клишеа.
Затоа, имено, се обраќаме до вас со овој повик за изразување официјална почит кон спасителите на бугарските Евреи. Тоа ќе биде не само чин на признание, туку и чин на заштита на историската вистина и на достоинството на Бугарија!
ПОВИК за признавање на одговорноста на бугарската држава за прогонот и депортацијата на Евреите во текот на Втората светска војна
На 10 март 2023 г. се навршуваат 80 години од настаните нарекувани Спасување на бугарските Евреи. Со текот на времето, овој датум натежна со пораки и молк. Зборови за доблест, благородност и храброст коегзистираат со агресивно негирање на соучеството во еден мрачен чин. Така, нашата држава и не посака да пронајде јазик со кој ќе ги одбележи двата неделиви и истовремено крајно спротивставени факти: сочуваните животи на Евреите од предвоените територии на Бугарија и депортацијата во Треблинка (4-29 март 1943г.) на оние од окупираните земји во текот на април 1941г.
Поостро од било кога досега, годинава се заблежува отсуство на мера, прифатена од Иницијативниот комитет за годинешното чествување под патронат на претседателот:
-Во однос на минатото, очигледен е регрес дури и кон крајно тенденциозната декларација на Народното собрание за истиот повод од 8 март 2013 г.
-Поставена е задача „да се покаже значајната улога (во Спасувањето) на бугарската држава и на нејзините институции“ во духот на невистинитите тврдења дека таа никогаш, па дури и во текот на војната, не ги прифатила идеите на антисмитизмот,
-Подготовката за одбелжување на годишнината е целосно насочена кон чествување на Спасението, отстапувајќи од прифатениот од Владата во 2003 г. поширок назив Ден на спасението на бугарските Евреи и почитување на споменот на жртвите на Холокаустот и злосторствата против човештвото.
Сметаме дека официјалните позиции во однос на судбината на Евреите под бугарска власт во текот на Втората светска војна систематски страдаат од историски банкрот и морален дефицит:
-Нелегитимно присвојување на личен морален капитал од страна на целата нација. Преживувањето на Евреите во „стара Бугарија“ не е резултат на општонародно движење, туку на ефикасна и навремена ракција (8-10 март 1943г.) на мал број личности. Доблеста на овие луѓе се припишува како исконски квалитет на „народот“. Успешната акција се остварува меѓу спонтани пројави на емпатија кон прогонуваната еврејска заедница. Но, и меѓу пасивност, рамнодушност, бирократска репресивна настроеност, економски заинтересиран или идеолошки инспириран антисемитизам.
–Употреба на премногу поедноставен и искривен наратив во политичкиот, идеолошкиот и националистичкиот дневен ред за Спасувањето. По 1944г. наративот е искористен за лгитимирање на комунистичкиот режим, а по 1989г. за рехабилитација на авторитарната власт и лично на царот.
Последниве години е вплетен во односите со Македонија. Неизбежно и илузорно е сметан за чудотворен ресурс во обидите за освежување на избледената слика на државата пред светот. Се користи и за имиџот на политичари, институции и професионални еснафи. Во целина, едностраната државна комеморативна политика околу темата намерно ги потхранува патриотското и националистичкото расположение.
-„Спасувањето“ на Евреите во „стара Бугарија“ и депортирањето од „новите земји“ се претставени како целосно независни настани, управувани од автономни сили. Вистината е дека тие се дел од еден план од три фази. Во октомври 1942г. бугарските власти самостојно носат одлука, што понатаму нема да биде сменета, „кревањето“ да започне од „новите земји“. Во февруари 1943г. се додадени 8.000 Евреи од „старите предели“ и токму откажувањето од таа бројка е „Спасувањето“, прифатено како привремено одлагање на генералниот план. Тој е делумно реактивиран во мај со иселување на Евреите од Софија и од неколку други градови.
-Подготвената депортација на сите Евреи под бугарска власт е обврска од усвоеното во Ванзе (јануари 1942г.) „конечно решение“. Но, бугарската држава замислата ја реализира доброволно, вредно и исчекувачки, а не под германски диктат. Таа јавно ја објавува својата намера на 29 август 1942г. во Државниот весник, пред воопшто да бидат започнати разговорите со Рајхот околу ова прашање. Кога во септември Берлин им дава инструкции на своите дипломатски служби да направат соодветни контакти, тие во Софија чукаат на отворена врата: Министерството за надворешни работи гордо истакнува дека „само имало идеја за иселување на Евреите од Бугарија“ и е „посебно израдувано од околноста дека неговите напори за сестрано решавање на еврејското прашање во Бугарија го привлекле вниманието на германската влада. Предмет на преговорите, што уследиле, било на кој начин Германија да пружи логистичка „услуга“ за превоз на Евреите низ Европа со надоместок „по глава“ за Бугарија. Тие трошоци (вклучително и транспортните до Треблинка) начелно не наидуваат на приговори, во услови кога во замена, бугарската држава става рака врз имотот на депортираните и негова прераспределба.
-Тезата за ограничена власт и самостојност на Бугарија во „новите земји“ е без основа. Тие се определени како анексирани како од пратениците во Народното собрание, така и од сојузниците во примирјето од 28 октомври 1944г. Тие територии се целосно интегрирани во бугарскиот правен поредок, во административната, образовната и во црковната структура. Населението во нив од статистичкиот оддел е официјално придодадено и вброено кон тоа на државата. Соодветно, еврејското малцинство, според документите на Комесаријатот за еврејски прашања, расне од 48.000 на околу 61.000 лица, вклучувајќи ги и тие со странско државјанство. Дпортираните од „новите земји“ се третираат како иселени „надвор од Царството“.
-Лицемерна е позицијата на сожалување дека Бугарија сакала, но „не била во можност“ да ги спаси Евреите во „новите земји“, зашто немале бугарско државјанство. Од една страна, желба не била пројавена во ниту еден момент. Од друга, тамошните Евреи со југословенско и грчко државјанство се лишени од опцијата да добијат бугарско заради антисемитското законодавство, донесено уште во 1940г. т.е. пред присоединувањето на државата кон Тројниот пакт. Кога еврејските заедници од Македонија молат да го добијат, нивните петиции остануваат без одговор. Истовремено, Евреите од тие територии, со пасоши на држави со неутрален статус или неокупирани од Тројниот пакт (италијански, шпански, унгарски, турски) не се депортирани.
–„Спасувањето на бугарските Евреи“ не е уникатен настан во Европа. И други сојузници на Рајхот, како Италија, Унгарија и Финска, не ги дпортираат своите Евреи. Во првите две држави тоа се случува едвај откако тие ќе бидат делумно или цлосно окупирани од Германија во 1943 и 1944 г. Уште повеќе, Италија не ги испраќа во логорите на смртта Евреите од контролораните од неа Албанија и делови од Грција и Југославија.
-Тврдењето дека бугарската држава има активен придонес за „Спасувањето“ е целосно спротивно на вистината. Од крајот на 1940г. целата државна машинерија и пропаганда се впрегнати во тотална антисемитска политика. Најпосле, неосновани се и зачестените обиди да се заменува „спасувачката“ замисла со активности на тогашните институции како министрствата за војна или за надворешни работи.
-Прашање на елементарна пристојност и тактичност е истакнувањето на спасувањето да доаѓа од спасениот, а не од спасителот. Тука се случува обратното: Бугари се самовеличат и ја повикуваат еврејската заедница на сведоштво за вечна благодарност.
Спротивно на постоечкото кај нас сфаќање, преживувањето на поголемиот дел од Евреите под бугарска власт ниту го менува, ниту го омаловажува фактот дека бугарската држава била соучесник во Холокаустот.
-Државниот антисемитизам во Бугарија за време на Втората светска војна ги предодредува Евреите на граѓанска и економска смрт. А, 11.343 Евреи од Беломорјето, Македонија и Пирот од бугарските власти се испратени во физичко уништување.
-Упорното заобиколување на овие ралности не е ништо друго освен државен негационизам. За жал, тоа ја впишува Бугарија во „работната дефиниција во однос на негирањето и изопачувањето на Холокаустот“ на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот. Според неа, за изопачување се сметаат „свесните обиди да се оправдаат или омаловажат неговите последици или неговите основни елементи, вклучувајќи ги и соработниците и сојузниците на нацистичка Германија“. Тоа се случува иако нашата држава ја прифатила посочената определба, кога во 2018 г. стана полноправна членка на Алијансата.
-Убедени сме дека денес нашето општество има пристап до доволно информации за судбината на Евреите под бугарска власт во текот на Втората светска војна и дека е време одново да погледне на тој важен момент од нашата историја.
ЗАТОА ПОВИКУВАМЕ
-Комеморацијата за настаните да излезе од шемата на шаблонизираните и митологизирани мотиви, од постојаните наддавања во припишувањето на заслуги и од незапирливото бегство од одговорност, што ја одразува и незалечливата мрачна страна на тоа што се случило
-Бугарската држава јавно, искрено и безусловно да ја признае својата одговорност, извинувајќи се за прогонот и депортацијата на Евреите во текот на Втората светска војна. Нешто што го сториле не само Германија, туку и држави како Франција или Романија, кои минале низ слично противречно минато.
Тој морален гест на ниту еден начин не би фрлил колективна вина врз целото воено поколение, а уште помалку врз наредните. Напротив, тој би бил знак за зрелост и цивилизираност, кои рално придонеле за спасувањето на многу човечки животи
Подготви: Предраг Димитровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.