Потпреседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека е ликвидиран Фатон Хајризи, Албанец кој со огнено оружје застрела полицаец во Србија.

Припадници на полицијата го убиле убиецот на полицаец во околината на Лозница, изјави Дачиќ кој излегол на местото на настанот.

Ноќта од среда кон четврток, во Лозница беше убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а ранет неговиот колега Вјекослав Илиќ. Нападот се случил при рутинска контрола на таксито во кое се наоѓал Хајризи. Крсмановиќ и Илиќ околу еден часот по полноќ запреле такси со српски регистарски таблички на контролниот пункт, што им изгледало сомнително. Во возилото имало двајца мажи, возачот и сопатникот.

Инцидентот се случил кога полицајците при рутинска контрола сакале да ги легитимираат лицата, па полицаецот побарал од Хајризи да ја покаже чантата. Тој одбил, а потоа пукал во полицајците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.