Бранко Чокорило, еден од загинатите рудари во завчерашната несреќа во Србија, како да имал претчувство за трагедијата, велат неговите пријатели. Му се јавил на својот другар и на шега му рекол: „Ајде да испиеме по некоја, можеби утре ќе загинам“, ги прераскажуваат последните негови зборови.

Ни раскажуваше како пред неколку дена ѝ рекол на сопругата да му го подготви костумот за погреб, бидејќи нешто не му било како што треба. Ете, гледате што се случи. Трагедија! Беше добар човек, еден од омилените во селото, дополнуваат тие.

Семејството е завиено во црно. Велат дека се’ уште немаат добиено детални информации за несреќата.

Беше подготвен на ризик. Тоа му е и во опис на работното место. Последните денови како да претчувствуваше нешто, велат од семејството.

Во рудникот „Соко“ близу Сокобања загинаа осум рудари, а 18 се повредени. Според вицепремиерката на српската Влада и министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, сите работници се задушиле со метан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.