Црногорскиот вицепремиер и лидер на ГП УРА Дритан Абазовиќ синоќа изрази надеж дека наскоро ќе биде формирана нова влада, а доколку тоа не се случи, не гледа проблем во одржување на нови избори. Тој е најсериознен избор за премиер.

Доколку тоа се случи Црна Гора пред Македонија ќе добие Албанец за премиер бидејќи според договорот на ДУИ со Заев последните три месеци од оваа влада Албанец треба да седне на премиерската фотелја.

На новинарско прашање зошто се доцни со предлагањето мандатар за состав на нова влада, Абазовиќ рече дека во ниту една земја не е лесен процесот на избор на мандатар и ги повика колегите да дадат идеи за решавање на политичка криза, јави РТЦГ.

– Лошо е што немаме влада, се надевам дека наскоро ќе имаме. А ако наскоро немаме, мандатот ќе им се врати на граѓаните, нема никаков проблем во тоа, рече Абазовиќ.

Тој оцени дека сегашните протести се мирни, додавајќи оти не гледа дека се премасовни и порача: „ако се, тогаш тоа е наш тренинг за демократија“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.