Со укинувањето на ковид сертификатите за трговските центри и враќањето на публиката на спортските трибини, Црна Гора денеска ги ублажи епидемиолошките мерки за спречување на ширење на коронавирусот.
Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ на прес-конференцијата зборуваше за ублажување на епидемиолошките мерки согласно актуелната состојба и најави дека последната одлука ќе важи до 18 март. Галиќ рече дека бројот на новозаразени лица е намален за околу 50 отсто во последните недели.
– Без разлика на овие податоци, секојдневното ниво на заболување е сè уште високо и затоа не треба да има опуштање, рече Галиќ.
Според него, податоците за последните седум дена покажуваат дека по бројот на новозаболени на милион жители, Црна Гора е зад најразвиените европски земји како Данска, Франција, Белгија, Гер
Тој наведе и дека по 21 декември, кога во Црна Гора стана доминатен омикрон варијантата, бројот на пријавени смртни случаи е 0,3 отсто во однос на вкупниот број на нови случаи, што е за 4 до 6 пати помалку отколку кога делтата била доминантна. .
Директорката на Клиничкиот центар Љиљана Радуловиќ изјави дека во црногорските болници од коронавирус се лекуваат 257 пациенти. И покрај општиот пад на бројот на заразени, бројот на лица опасни по живот во Клиничкиот центар на Црна Гора е зголемен за околу 15 отсто во споредба со пред три недели, рече таа, додавајќи дека на 10 јануари 36 пациенти биле изложени на ризик во невакцинираните сочинуваат околу 90 отсто, јавуваат подгоричките медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.