Ја претепал сопругата или некој го мести? Што се случува во домот на српскиот политичар Чедомир Јовановиќ е енигма која го окупира вниманието на српската трач-јавност. Иако српскиот таблоид Курир.рс тврди дека Јовановиќ потврдил дека се скарал со сопругата Јелена, за истиот таблоид таа излезе со дијаметрално спротивна приказна.
Глупости, бевме во Сараево да прославиме 22 години љубов, не знам дали бил Чеда, викаат се јавил некој Чеда да резервира роденден во игротека. Ова е местенка, ова нема врска со разумот. Бевме во Сараево, прекрасно си поминавме, синот ни е во Англија, нашите три девојчиња се на училиште, јас правам ручек, добивам пораки дека сме се степале. Ова се срања, изјавила видно вознемирена сопругата на Јовановиќ за Курир.рс.
Таа смета дека ова е местенка што на нејзиниот сопруг, лидер на ЛДП му ја подготвиле „Русите“.
Јелена вели дека никој не ја тепал, ниту дека тепала никого.
Подготвувам ручек за три девојчиња кои се на училиште, никој не ме тепал, ниту сум претепала некого. Србија ми се гади. Не можам да го поднесам ова. Објавија секакви работи за мене. Да се соблечам гол на сред улица и да кажам дека никој не ме тепал? Како да докажам дека некои работи не се случиле? Моите деца и нивните пријатели ќе го прочитаат ова и ќе мислат дека се каравме. Ова е лудо, ова нема смисла. На кого да пријавам? Што треба да пријавам? Судот ќе донесе одлука за седум години. Јас правам грашок, тоа не го прави тепана жена. Ова не ми треба во животот, живеам мирен живот, се вратив од моето патување, се е во ред и се е супер. Кој кого претепа? За што зборуваат?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.