Додека во Македонија никнуваат бугарски здруженија со имиња на спорни историски личности од фашистичкото минато на Бугарија, бугарската влада ја одобри помошта за бугарските заедници. Веста ја сподели заменик министерот за надворешни работи, кој ги наведе само дополнителните 800.000 лева, но не ја кажа вкупната сума.

Претходно веќе се споделуваше информацијата дека Комитетот за политики за Бугарите во странство годинава повторно ја зголемува финансиската помош и сега биле одобрени 400.000 евра за поддршка на организациите на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓаните на Македонија со бугарски идентитет. Ако во 2020-та биле одвоени дури 250.000 евра, за 2021 година биле поддржани 40 проекти, а сумата е зголемена на 300.000 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.