Бојко Борисов треба да биде кандидат за премиер во моментов, изјави заменик-претседателот на бугарската партија, ГЕРБ, Даниел Митов, за време на Националната конференција на партијата.
Тој истакна дека победникот на изборите го објавува премиерот, јави БТА.
Митов ја повика потпретседателката Илијана Јотова да се извини за нејзините зборови за легитимноста на новиот парламент, или претседателот да го повлече указот за свикување на првата седница на 51-то Народно собрание и да поднесе жалба до Уставниот суд и потоа се свикува составот на парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.