Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, се наоѓа во посета на Молдавија.

Tаа во Кишињев се договорила со својот молдависки колега, Нику Попеску, да се постават заеднички пунктови на молдависко-романската граница за да се олесни протокот на бегалци кон Романија и кон Бугарија.

Софија може да му помогне на Кишињев – порача шефицата на бугарската дипломатија.

Таа кажа дека тоа се случило во време кога Молдавија има најголема потреба поради товарот на војната во Украина.

Генчовска во Кишињев коментираше дека Софија е свесна дека бранот бегалци ќе се зголемува, поради што разговарале за неколку конкретни предлози.

Попеску од своја страна, информира дека во Молдавија има 100.000 бегалци, од кои 40.000 се деца.

На средбата на министрите за надворешни работи на Бугарија и на Молдавија било поставено и прашањето за обезбедување дополнителни автобуски линии. Бугарската влада ќе го разгледа прашањето за нивното финансирање.

Попеску истакна дека била разгледана и можноста за европска интеграција на Република Молдавија. Министерката Генчовска истакна дека на неколку европски состаноци во формат на Европскиот совет е потврдена европската перспектива за Украина и европската интеграција на Молдавија и Грузија.

На крајот од еднодневната посета на Молдавија, покрај Кишињев, Генчовска ја посети и областа населена со локални Бугари, Бесарабија, чиј дел е во југозападна Украина.

Генчовска со владин авион ќе превезе во Бугарија и дел од бесарабските Бугари кои бегаат од војната во Украина кои ја преминаа молдавско-украинската граница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.