Бугарското Министерство за надворешни работи му врачи нота со која го прогласи за непожелен висок руски дипломат од претставништвото во Софија, кого бугарските власти го обвинија за шпионажа.

Нотата му е врачена на Филип Воскресенски, кој е втор човек во руската амбасада во Бугарија. Рускиот дипломат, кој ја врши функцијата прв секретар во амбасадата, има 72 часа да ја напушти територијата на државата.

Потегот на бугарското МНР е преземен откако вчера беше спроведена специјална операција во зградата на Државната агенција за национална безбедност за потрага по руски шпиони.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера изјави дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.

– Тоа што го истражуваме на многу места е голема руска дијаспора на агенти во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ги истражува. Некои од нив работеле специјално врз добрите односи со Македонија. Рускиот интерес бил фокусиран врз тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, рече Петков



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.