Вечерва се одржа нов протест пред бугарското претседателство против обновувањето на испораките на природен гас од „Гаспром“, кои еднострано беа прекинати од рускиот монопол поради одбивањето на Бугарија да го исполни барањето за плаќање во руски рубљи, јави дописникот на МИА од Софија.

Организаторите на протестот, кој е насловен #ГАЗwithme, најавија дека очекуваат одговори од претседателот Румен Радев за испораката на гас и за укинување на монополот на руските енергетски компании „Гаспром“ и „Лукоил“ во Бугарија.

Демонстрантите соопштија дека испратиле седум прашања до официјалната влада на Бугарија и до политичарите за актуелните проблеми за земјата, а одговори добиле само од двете партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“.

Бугарскиот претседател Радев беше исвиркан и почна протест за поддршка на Украина со основни барања да не се обновуваат врските на Бугарија со „Гаспром“ и да се организираат фер предвремени парламентарни избори.

Бугарската демократија мора да се брани секој ден, но претседателот Радев се обидува да ја покори – им порача на демонстрантите блогерот и политички коментатор Асен Генов.

Според него, претседателот владее со Бугарија од ТВ, по примерот на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун и Русинот Владимир Путин.

Демонстрантите извикуваа „Радев, надвор!“.

Претседателот, според познатиот блогер, се јавувал на вршителот на должноста премиер на Бугарија и неговите министри и им наредувал што и како да прават.

Лидерот на граѓанското движење БОЕЦ Георги Георгиев, кој учествуваше на протестот, изјави дека почнува петиција за соборување на Румен Радев од функцијата претседател на Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.