Српската премиерка, Ана Брнабиќ тврди дека во државата нема недостиг од лекови.

Таа во Вршац при посетата на „Хемофарм“ изјави дека властите се во постојана комуникација со Републичкиот фонд за здравствено осигурување и производителите на лекови во Србија, со цел да се осигураат дека нема недостиг од лекови.

Го прашав директорот на Хемофарм дали имаат дополнителни суровини и тој ми рече дека нивните магацини се полни. Немаме никакви проблеми со лековите, рече Брнабиќ.

Генералниот директор на компанијата „Хемофарм“ Роналд Зелингер изјави дека недостигот на лекови се јавува поради недостигот на активни супстанции за лекови и дека е така во целиот свет.

Тоа не можеме да го избегнеме, но секако дека се справуваме со тој проблем. Обезбедивме полни магацини на активни состојки кои би ни го снабдиле тој проблем доколку има недостиг, посочи тој.

Зелингер додаде дека „Хемофарм“ се труди да обезбеди континуирана испорака, јави Бета.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.