На Србија утрово и е понудено понижувачко решение за Србија на состанокот свикан од Европската унија со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Приштина Албин Курти, изјави за Блиц извор запознаен со преговорите.

Со предложеното решение треба да се дерогира од Бриселскиот договор, кој Србија, според изворот на „Блиц“, не можела да го прифати.

Според сите проценки, нè очекуваат тешки и неизвесни денови, особено на северот на Косово – вели изворот на „Блиц“.

Како што пишуваат српските медиуми, Вучиќ најверојатно вечерва ќе им се обрати на граѓаните.

Јосеп Борел, високиот комесар за надворешна политика на ЕУ и Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, прво се сретнаа со Курти, а потоа со Вучиќ.

Фокусот на состаноците е да се најде излез од актуелната криза и да се избегне каква било ескалација и тензии на теренот, со акцент на прашањето за регистарските таблички, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

По одделни средби треба да следи заедничка средба, се вели во соопштението за медиумите од Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.