ГЕРБ го прифаќа предлогот на „Демократска Бугарија” за ротирачко претседателство со 48. бугарско Народно собрание, заедно со „Промените продолжуваат”. Одлуката вечерва ја соопшти лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по итниот состанок на Извршниот комитет на партијата, а неговата изјава директно ја пренесуваа бугарските медиуми.

-Бугарскиот народ не го заслужува ова што денеска се случи во парламентот, коментираше Борисов, кој кажа дека неговата партија не се инатела, и тоа го дополни со примерот од многу народни приказни и поговорки за овните на мост.

„Финансиска, политичка, миграциска, енергетска и секоја друга што ќе ја припишете кон кризава е факт, а политичарите продолжуваат да се грижат за тоа кој е претседател на Народното собрание на Бугарија”, рече Борисов.

Според него, „Да, Бугарија” и Христо Иванов дале разумен предлог и тој им се заблагодари за тоа.

Според него, важно е 48. Народно собрание на Бугарија веднаш да профункционира

Тој повика утре на претседателскиот совет да ја изразат поддршката за неговата партија, бидејќи овој предлог може да ја одблокира работата на Народното собрание, коментираше Борисов, обраќајќи им се на народните избраници од неговата партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.