Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утре ќе ја посетат Црна Гора, каде што ќе учествуваат на сесијата на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Црна Гора.

Борел и Вархеји ќе имаат средба со претставници на црногорската Влада, на која ќе се разговара за процесот на стабилизација и асоцијација во контекст на минатогодишниот извештај на ЕУ за Црна Гора, соопшти Владата.

Советот ќе ги разгледа и билатералните односи меѓу ЕУ и Црна Гора вклучени во Спогодбата за стабилизација и асоцијација и ќе размени мислења за актуелните настани во Црна Гора и Западен Балкан, се наведува во соопштението на црногорската Влада.

Предвидена е и заедничка прес-конференција на Борел и Вархеји заедно со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.