Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на Европрајд.

Блинкен на Твитер порача дека „слободата на мирен собир и изразување е суштинска компонента на здрава демократија“.

Ја повикуваме Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд 2022 година. ЛГБТКИ+ правата се човекови права – истакна Блинкен.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европрајд треба да биде одложен или откажан, додека Владата на Србија соопшти оти во овој момент не постојат услови за безбедно одржување.

Европрајд требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.