Српската државна телевизија РТС  отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во  Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС од Белград.

Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“ РТС , според БГНЕС, сугерира  дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на
Македонците”.

„Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот, кој веднаш беше препечатен од весникопт „Политика“.

Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен  непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС. На самиот почеток репортерот на РТС го цитира поранешниот премиер Зоран Заев, кој го прашал Бојко Борисов „како тоа сите на светот настанале од мајмунот, само ние Македонците од Бугарите“.

Таква забелешка, според БГНЕС, никогаш не била упатена на Борисов и била за локална публика. Извештајот завршува со потсетување дека„РСМ во 2019 година направи отстапки пред Албанците и така албанскиот јазик стана службен јазик во државата“.

„Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со
пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците
дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој
го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ., коментира БГНЕС.

 




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.