Само што почна денеска битката за Белград е одложена за 1 март. Конститутивната седница на Ссобранието на главниот град на Србија е одложена поради тоа што немаше кворум. Избраните одборници од опозицијата дојдоа во салата со транспаренти на кои пишуваше дека во Белград е извршена изборна кражба.
Одложувањето на конститутивното собрание го најави претседавачот на привремената власт на Белград, Александар Шапиќ, Рокот за конституирање истекува на 3 март.
Собранието на град Белград се смета за конституирано со избор на негов претседател и секретар. За избор на претседател е потребно мнозинство од 56 гласови, но според резултатите од гласањето на 17 декември никој го нема.
Градското собрание има 110 советници, а Српската напредна странка и Социјалистичката партија на Србија имаат вкупно 54, односно им недостигаат двајца за да продолжат да владеат. Опозициската листа „Србија против насилството“ има 43 советници, а коалицијата „Нада“, која ја сочинуваат Нова демократска партија на Србија и Движењето за обнова на Кралството Србија – седум. Листата „Ние глас од народот“ на Бранимир Несторовиќ освои шест мандати.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера изјави дека има мнозинство за конституирање на градското собрание на Белград, како и дека тоа е легално и делумно легитимно. Тој рече и дека ќе почека до 2 и 3 март да види дали тоа мнозинство ќе биде легитимно, а ако не е тогаш ќе има нови избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.