Албанскиот пртседател Илир Мета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог од страна на македонскиот Парламент, оценувајќи дека „тоа го отвора патот за почеток на преговори за членство во ЕУ и за Албанија“.  

Го поздравувам гласањето за предлогот на Макрон во Собранието на Македонија, кое го отвора патот за преговори за членство во ЕУ следната недела, за нашите две земји. Му честитам на албанскиот политички фактор, кој секогаш останува верен на европската ориентација, одлучувачки за мирот, безбедноста и меѓуетничкиот соживот, напиша Мета во објава на „Фејсбук“. 

И покрај тоа што со оваа одлука се отвора патот за преговори на двете земји, шефот на албанската држава нагласува дека „албанските носители на одлуки сега мора добро да ги запознаат одговорностите што ги имаат во водење на политиките“.  

Одлуката на Европскиот совет што ќе биде донесена за неколку дена треба да го просветли секој овдешен носител на одлуки за одговорностите што ги имаат во спроведувањето на политиките што ја прават Албанија поевропска, подемократска и понадежна, порачува Мета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.