Парламентот на Албанија одби да усвои резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница. Вкупно 51 парламентарец гласаа против резолуцијата, а само 15 „за“.
Албанија никогаш немала антиалбанец како (премиерот) Еди Рама. Ја згазивте крвта на 8.000 невини бошњачки мажи и деца. Гласавте да ги згазите животите на 100.000 косовски Албанци – оцени поранешниот премиер Сали Бериша.
Тој, исто така го обвини дека е роб на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека пратениците од владејачката партија гласале по негова наредба.
Пратеникот Тритан Шеху рече дека ова е горчлив и грд ден за албанскиот парламент, пренесува сараевскиот портал Кликс.
Ние сме единствениот парламент што нема формален документ со кој се осудува геноцидот. Ова е ден кој остава тежок белег на демократскиот свет. Пред неколку дена овие господа гласаа против резолуцијата со која се осудува рускиот геноцид во Украина. Денеска не ја прифатија резолуцијата за осуда на српскиот геноцид во Босна, утре нема да прифатат осуда на српскиот геноцид на Косово. Зошто? Тоа се врски, обврски, Вучиќ е над тоа – рече Шеху.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.