Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, соопшти дека му дава мандат за формирање влада на лидерот на Граѓанското движење (ГП) УРА, Дритан Абазовиќ.

Ѓукановиќ и Абазовиќ се сретнале претходно денеска, дознава „Вијести“, кога претседателот на Црна Гора го информирал вицепремиерот дека ги завршил консултациите и дека има намера да го даде мандатот.

Абазовиќ беше дел од досегашната власта во Црна Гора под водство на Здравко Кривокапиќ/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.