Иднината на сите е во ЕУ, изјави во Тирана премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и нагласи дека одржувањето на самитот во Берлинскиот процес е многу добар знак.
„Ова е многу добар знак, премиерот Рама ја приближи цела Европа во Тирана и во Западен Балкан, тоа е многу добар знак“, рече тој.
Самитот ги зближи и домаќинот Рама и неговиот косовски колега Албин Курти.
-Пред неколку дена се избегнуваа на стадион „Ер Албанија“, на натпреварот Албанија-Чешка, денеска ги „обедини“ Самитот на Берлинскиот процес, Рама и Курти се ракуваа на црвениот тепих . Односите меѓу двајцата лидери се очигледно напнати по последните случувања меѓу Косово и Србија и односот на шефот на албанската влада во врска со тоа, наведуваат медиумите.
Рама му ја подаде раката на Курти и двајцата им позираа на фотографите пред Курти да влезе во зградата.
По Курти, премиерот Рама го дочека и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со кого исто така имаат заладени односи поради случајот „Берели“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.