Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, соопшти дека во Србија годинава се регистрирани 39 случаи на западнонилска треска.

Од Институтот додаваат дека поголемиот дел од заболените од западнонилска треска имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста – менингитис или енцефалитис – и се лекуваат во болница.

Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември.

Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), додека просечната возраст на сите пациенти е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја друга болест, најчесто дијабетес и хипертензија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.