Tриесет и петгодишниот А.С. од Ниш, Србија е уапсен за кривично дело нанесување тешки телесни повреди со смртен исход, бидејќи крвнички го претепал шеесет и осумгодишниот Ферат Асановиќ, кој од здобиените повреди починал.

Како што пренесува српски „Телеграф“, трагедијата се случила на 3 мај, откако осомничениот и жртвата вечерта ја поминале заедно во кафуле во Ниш на улицата „Рентгенова“.

Ферат, кој свири на хармоника, цела вечер го забавуваше А.С. Му свиреше, му пееше, oвој му нарачуваше. Заедно пиеја и се дружеа, кога во еден момент Ферат рече доста, зошто веќе не може да пее. Околу полноќ заедно излегоа од кафаната, кога, како што е сомнежот, А.С. збеснал што Ферат го одбил, па брутално го претепал несреќниот човек. Случаен минувач околу 3.30 часот го забележал неговото тело и ја известил Брзата помош. Мажот во бессознание е пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде набргу починал, велат изворите на „Телеграф“.

Како што дознава порталот, Ферат живеел во населбата Сточни трг, но често престојувал во прифатилиште за стари и изнемоштени лица.

Кривичниот законик на Србија пропишува казна затвор од две до дванаесет години за нанесување тешка телесна повреда со смртен исход.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.