Звукот на Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvukot-na-skopje/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 07:35:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Звукот на Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvukot-na-skopje/ 32 32 Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“, се одржува на неколку локации https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochnuva-festivalot-zvukot-na-skopje-se-odrzhuva-na-nekolku-lokatsii/ Fri, 27 Sep 2024 07:35:38 +0000 https://republika.mk/?p=820050

Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ почнува вечер во Кулпарк, пред Културно- информативниот центар (КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.

Носечката манифестација на Културно-информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња, иформираат од КИЦ.

Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona).

Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови. Во галериите на КИЦ (Империјал I, Империјал II и Продажен салон) ќе бидат отворени изложбата на фотографии „Портрети од темната комора“ од Зденко Петровски, изложбата на графики и слики „Во разговор“ од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка) и изложбата на фотографии „Урбан пејзаж“ од Рафаел Ристовски.

„Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст, велат организаторите на фестивалот.

 

The post Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“, се одржува на неколку локации appeared first on Република.

]]>

Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ почнува вечер во Кулпарк, пред Културно- информативниот центар (КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.
Носечката манифестација на Културно-информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња, иформираат од КИЦ.
Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови. Во галериите на КИЦ (Империјал I, Империјал II и Продажен салон) ќе бидат отворени изложбата на фотографии „Портрети од темната комора“ од Зденко Петровски, изложбата на графики и слики „Во разговор“ од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка) и изложбата на фотографии „Урбан пејзаж“ од Рафаел Ристовски.
„Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст, велат организаторите на фестивалот.
 

The post Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“, се одржува на неколку локации appeared first on Република.

]]>
Зарина Првасевда и „Калевала“ на „Звукот на Скопје“ во Кулпарк https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zarina-prvasevda-i-kalevala-na-zvukot-na-skopje-vo-kulpark/ Sun, 22 Sep 2024 11:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=818712

Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ започнува на 27 септември во Кулпарк, пред Културно информативниот центар (КИЦ). Додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.

Носечката манифестација на КИЦ ’Звукот на Скопје’ (до пред неколку години позната како ‘Звуците на чаршијата’, и оваа година ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња, информираат од КИЦ.

Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови.

‘Звукот на Скопје’ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. Значи и свеж здив во долгото скопско лето и заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. ‘Звукот на Скопје’ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст“, додаваат организаторите на фестивалот.

 

The post Зарина Првасевда и „Калевала“ на „Звукот на Скопје“ во Кулпарк appeared first on Република.

]]>

Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ започнува на 27 септември во Кулпарк, пред Културно информативниот центар (КИЦ). Додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.
Носечката манифестација на КИЦ ’Звукот на Скопје’ (до пред неколку години позната како ‘Звуците на чаршијата’, и оваа година ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња, информираат од КИЦ.
Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona). Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови.
‘Звукот на Скопје’ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. Значи и свеж здив во долгото скопско лето и заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. ‘Звукот на Скопје’ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст“, додаваат организаторите на фестивалот.
 

The post Зарина Првасевда и „Калевала“ на „Звукот на Скопје“ во Кулпарк appeared first on Република.

]]>
КИЦ го најавува овогодинешното издание на „Звукот на Скопје“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kits-go-najavuva-ovogodineshnoto-izdanie-na-zvukot-na-skopje/ Fri, 20 Sep 2024 07:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=818014

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“, оваа година повторно ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња. Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот.

„Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст.

„Звукот на Скопје“ ќе се случи на 27 септември 2024, и тоа во Кулпарк (пред КИЦ), Салон 19:19 и галериите.

 

The post КИЦ го најавува овогодинешното издание на „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“, оваа година повторно ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња. Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст. „Звукот на Скопје“ ќе се случи на 27 септември 2024, и тоа во Кулпарк (пред КИЦ), Салон 19:19 и галериите.  

The post КИЦ го најавува овогодинешното издание на „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>
„Звукот на Скопје“ ги разигра скопјани и на дождот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zvukot-na-skopje-gi-razigra-skopjani-i-na-dozdot/ Sun, 18 Sep 2022 11:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=551909

Вториот ден од фестивалот „Звукот на Скопје“ донесе уште музика со „Баклава“ „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, Бла, Бла, Бла, Дориан и Добрила Дуо, „Перија“, „Брука бенд“, „Foolish green“, изложба на плакати од Игор Калц и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“.


Поради дождот дел од настапите, оние предвидени да се одржат на Ибни Пајко, се префрија во просториите на Културно информативниот центар –Скопје, а публиката таму ги исполни салите до последното место и уживаше со секој звук од проектот „Со љубов за Скопје“ на групата „Баклава“, традиционалната музика од Балканот на „Перија“, музичката авантура на Дориан и Добрила Дуо, како и во препознатливите визуелни елементи на колажите на Игор Калц и авантурите на малото куферче од претставата „Куферко, светскиот патник од Македонија“ во која уживаше најмладата публика.


На плоштадот Мајка Тереза, пак, дождот не ги спречи скопјани да дојдат во голем број и да ги следат настапите на бројните македонски бендови кои учествуваа на годинешното издание на „Звукот на Скопје“.

Танцуваа и пееја со нив, ја славеа уметноста, се забавуваа.

Манифестацијата уште еднаш организираше прекрасно музичко патување, а гостите и учесниците испратија модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје.

The post „Звукот на Скопје“ ги разигра скопјани и на дождот appeared first on Република.

]]>

Вториот ден од фестивалот „Звукот на Скопје“ донесе уште музика со „Баклава“ „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, Бла, Бла, Бла, Дориан и Добрила Дуо, „Перија“, „Брука бенд“, „Foolish green“, изложба на плакати од Игор Калц и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“. Поради дождот дел од настапите, оние предвидени да се одржат на Ибни Пајко, се префрија во просториите на Културно информативниот центар –Скопје, а публиката таму ги исполни салите до последното место и уживаше со секој звук од проектот „Со љубов за Скопје“ на групата „Баклава“, традиционалната музика од Балканот на „Перија“, музичката авантура на Дориан и Добрила Дуо, како и во препознатливите визуелни елементи на колажите на Игор Калц и авантурите на малото куферче од претставата „Куферко, светскиот патник од Македонија“ во која уживаше најмладата публика. На плоштадот Мајка Тереза, пак, дождот не ги спречи скопјани да дојдат во голем број и да ги следат настапите на бројните македонски бендови кои учествуваа на годинешното издание на „Звукот на Скопје“. Танцуваа и пееја со нив, ја славеа уметноста, се забавуваа. Манифестацијата уште еднаш организираше прекрасно музичко патување, а гостите и учесниците испратија модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје.

The post „Звукот на Скопје“ ги разигра скопјани и на дождот appeared first on Република.

]]>
Констракта ја крена публиката на нозе: Политичари, музичари, амбасадори, актери, режисери, сликари на „Звукот на Скопје“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konstrakta-ja-krena-publikata-na-noze-politichari-muzichari-ambasadori-akteri-reziseri-slikari-na-zvukot-na-skopje/ Sat, 17 Sep 2022 13:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=551717

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ вчера ги раздвижи скопјани. Посетеноста на настаните беше огромна. Изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во КИЦ предизвика големо интересирање и покрај љувителите на уметноста донесе бројни претставници на дипломатскиот кор во земјава меѓу присутните.


Атмосферата ја збогати и настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“, во состав: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело, кои со камерното музицирање ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика.


На плоштадот „Мајка Тереза“, пак, Констракта имаше незаборавен настап на кој сведочеше многубројната публика. Меѓу присутните беа актерите Горазд Цветковски, Софија Куновска, фотографот Филип Кондовски, поранешната пратеничка Лилјана Поповска, режисерот Срѓан Јаниќијевиќ...и многу други личности од јавниот живот. Во еден глас ги пееја новите песни, но и преработки од Дино Дворник и хитови од „Земља грува“.

Помладата публика пак уживаше во настапите на бендот „Хајка“ и Дина Јашари и другари, кои неколкупати се враќаа на бис.


Манифестацијата ја организираа Културно информативниот центар – Скопје во соработка со „Пакомак“, а наместо влезница посетителите носеа по едно пластично шише или лименка.
Вечерва програмата продолжува со настапите на „Љубојна“, „Баклава“ Дориан и Добрила дуо, „Перија“, Тони Китановски и Черкези, Бла бла бла, Фулиш грин, за најмладите е предвидена изведба на детската претстава „Куферко светскиот патник“, поетско читање, изложба на плаката и уште многу други содржини.

The post Констракта ја крена публиката на нозе: Политичари, музичари, амбасадори, актери, режисери, сликари на „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ вчера ги раздвижи скопјани. Посетеноста на настаните беше огромна. Изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во КИЦ предизвика големо интересирање и покрај љувителите на уметноста донесе бројни претставници на дипломатскиот кор во земјава меѓу присутните. Атмосферата ја збогати и настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“, во состав: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело, кои со камерното музицирање ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика. На плоштадот „Мајка Тереза“, пак, Констракта имаше незаборавен настап на кој сведочеше многубројната публика. Меѓу присутните беа актерите Горазд Цветковски, Софија Куновска, фотографот Филип Кондовски, поранешната пратеничка Лилјана Поповска, режисерот Срѓан Јаниќијевиќ...и многу други личности од јавниот живот. Во еден глас ги пееја новите песни, но и преработки од Дино Дворник и хитови од „Земља грува“. Помладата публика пак уживаше во настапите на бендот „Хајка“ и Дина Јашари и другари, кои неколкупати се враќаа на бис. Манифестацијата ја организираа Културно информативниот центар – Скопје во соработка со „Пакомак“, а наместо влезница посетителите носеа по едно пластично шише или лименка. Вечерва програмата продолжува со настапите на „Љубојна“, „Баклава“ Дориан и Добрила дуо, „Перија“, Тони Китановски и Черкези, Бла бла бла, Фулиш грин, за најмладите е предвидена изведба на детската претстава „Куферко светскиот патник“, поетско читање, изложба на плаката и уште многу други содржини.

The post Констракта ја крена публиката на нозе: Политичари, музичари, амбасадори, актери, режисери, сликари на „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>
„Звукот на Скопје“ вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“ и на „Ибни Пајко“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zvukot-na-skopje-vecherva-na-ploshtadot-majka-tereza-i-na-ibni-pajko/ Sat, 17 Sep 2022 07:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=551630

Фестивалот „Звукот на Скопје“ продолжува вечер со концерт на модерна, моќна и енергична музика на плоштадот „Мајка Тереза“ и на „Ибни Пајко“.

На плоштадот „Мајка Тереза“ ќе настапат Брука бенд, Фулиш Грин, Бла Бла Бла, Тони Китановски и Черкези и Љубојна.

На „Ибни Пајко“ ќе се претстават Баклава, Дориан и Добрила Дуо и „Перија“, а ќе може да се погледне и изложбата на колажи на Игор Калц. Ќе има и поетско читање, а за  најмладите генерации и нивните родители ќе биде изведена детската престава „Куферко светскиот патник од Македонија” на Симона Ристевска.

The post „Звукот на Скопје“ вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“ и на „Ибни Пајко“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Звукот на Скопје“ продолжува вечер со концерт на модерна, моќна и енергична музика на плоштадот „Мајка Тереза“ и на „Ибни Пајко“. На плоштадот „Мајка Тереза“ ќе настапат Брука бенд, Фулиш Грин, Бла Бла Бла, Тони Китановски и Черкези и Љубојна. На „Ибни Пајко“ ќе се претстават Баклава, Дориан и Добрила Дуо и „Перија“, а ќе може да се погледне и изложбата на колажи на Игор Калц. Ќе има и поетско читање, а за  најмладите генерации и нивните родители ќе биде изведена детската престава „Куферко светскиот патник од Македонија” на Симона Ристевска.

The post „Звукот на Скопје“ вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“ и на „Ибни Пајко“ appeared first on Република.

]]>
„Звукот на Скопје“, вечерва и утре скопски летен фестивал на отворено https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zvukot-na-skopje-vecherva-i-utre-skopski-leten-festival-na-otvoreno/ Fri, 16 Sep 2022 07:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=551269

Една од најголемите манифестации на Културно информативниот центар- Скопје „Звуците на чаршијата“ вечерва и утре на скопјани им нуди дводневен концентриран скопски летен фестивал на отворено. На повеќе локации во Скопје ќе настапат актуелни и свежи локални и интернационални имиња.

Вечерва, петок (16 септември) на платото пред Филхармонија во 22 часот натапува Констракта и „Земља грува“, Дина Јашари и бендот „Хајка“, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“ ( Diaz Wojtas Duo), а во галеријата Империјал I, во КИЦ ќе биде отворена изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto), кои преку уметноста на создавање заедно патуваат во потрага по себе. Во 2019 година, уметниците учествувале на уметничка резиденција Де Ниро, во Битола, и ги донеле своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи. Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите...

Плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата и следниот ден ќе бидат локациите на кои ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања. „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“, „Брука бенд“ ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза“ ( пред Филхармонија), а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите „Баклава“, Дориан и Добрила, „Перија“. Во рамките на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц.

Фестивалот се организира во партнерство со компанијата „Пакомак“ и вечерва наместо влезница понесете едно пластично шише или лименка, а в сабота влезот е слободен.
Ова е фестивалската програма и сатница на „ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“

ПЕТОК, 16 септември

Плоштад Мајка Тереза:

- Хајка 19:30-20:30

- Дина Јашари & другари 20:30-22:00

- KONSTRAKTA & Zemlja Gruva 22:00-24:00

Низ чаршија:

- Вива Стрингс 18:00-19:00

- Diaz Wojtas Duo Стоковна мост 18:30-19:30

КИЦ (Империјал I):

- MACEDONIA, изложба на Daniel Chastinet & Wilson Neto 20:00

САБОТА, 17 септември

Плоштад Мајка Тереза:

- Брука бенд 19:00-19:40

- Foolish Green 20:00 - 20:40

- Бла бла бла 21:00 - 21:40

- Toни Китановски 22:00-22:40

- Љубојна 23:00-24:00

Ибни Пајко

- Изложба на колажи на Игор Калц 18:00-24:00

- Поетско читање 18:00-19:00

- „Куферко, светскиот патник од Македонија“19:00-20:00

- Баклава 20:30-21:15

- Добрила и Дориан Дуо 22:00-22:45

- Перија 23:00-24:00

The post „Звукот на Скопје“, вечерва и утре скопски летен фестивал на отворено appeared first on Република.

]]>

Една од најголемите манифестации на Културно информативниот центар- Скопје „Звуците на чаршијата“ вечерва и утре на скопјани им нуди дводневен концентриран скопски летен фестивал на отворено. На повеќе локации во Скопје ќе настапат актуелни и свежи локални и интернационални имиња. Вечерва, петок (16 септември) на платото пред Филхармонија во 22 часот натапува Констракта и „Земља грува“, Дина Јашари и бендот „Хајка“, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“ ( Diaz Wojtas Duo), а во галеријата Империјал I, во КИЦ ќе биде отворена изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto), кои преку уметноста на создавање заедно патуваат во потрага по себе. Во 2019 година, уметниците учествувале на уметничка резиденција Де Ниро, во Битола, и ги донеле своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи. Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите... Плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата и следниот ден ќе бидат локациите на кои ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања. „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“, „Брука бенд“ ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза“ ( пред Филхармонија), а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите „Баклава“, Дориан и Добрила, „Перија“. Во рамките на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц. Фестивалот се организира во партнерство со компанијата „Пакомак“ и вечерва наместо влезница понесете едно пластично шише или лименка, а в сабота влезот е слободен. Ова е фестивалската програма и сатница на „ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“ ПЕТОК, 16 септември

Плоштад Мајка Тереза:

- Хајка 19:30-20:30 - Дина Јашари & другари 20:30-22:00 - KONSTRAKTA & Zemlja Gruva 22:00-24:00

Низ чаршија:

- Вива Стрингс 18:00-19:00 - Diaz Wojtas Duo Стоковна мост 18:30-19:30

КИЦ (Империјал I):

- MACEDONIA, изложба на Daniel Chastinet & Wilson Neto 20:00 САБОТА, 17 септември

Плоштад Мајка Тереза:

- Брука бенд 19:00-19:40 - Foolish Green 20:00 - 20:40 - Бла бла бла 21:00 - 21:40 - Toни Китановски 22:00-22:40 - Љубојна 23:00-24:00

Ибни Пајко

- Изложба на колажи на Игор Калц 18:00-24:00 - Поетско читање 18:00-19:00 - „Куферко, светскиот патник од Македонија“19:00-20:00 - Баклава 20:30-21:15 - Добрила и Дориан Дуо 22:00-22:45 - Перија 23:00-24:00

The post „Звукот на Скопје“, вечерва и утре скопски летен фестивал на отворено appeared first on Република.

]]>
„Звукот на Скопје“ : „Љубојна“, „Баклава“, „Перија“ Дориан и Добрила дуо, Тони Китановски со модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zvukot-na-skopje-ljubojna-baklava-perija-dorian-i-dobrila-duo-toni-kitanovski-so-moderna-mokjna-i-energichna-muzichka-razglednica-za-skopje/ Tue, 13 Sep 2022 07:11:03 +0000 https://republika.mk/?p=550214

Програмата на „Звукот на Скопје“ во сабота (17 септември) продолжува со несмалено темпо и содржини. Бендовите кои ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза“ (пред Филхармонија) и на Ибни Пајко испраќаат модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје.
Плоштадот Мајка Тереза (пред зградата на Филхармонија) в сабота е локацијата на која настапуваат: Брука бенд (Brooka bаnd) Foolish Green, Bla, Bla, Bla…Тони Китановски и Черкези и „Љубојна“.
„Brooka band“ е скопски реге/рага/рап бенд формиран 2014 година чии членови се: Жарко и Дарко Масларковски, Александар Савовски и Лупчо Симоновски, а во полниот состав на бендот се и вокали, тапани, гитара, бас гитара, клавијатури, труба, алт саксофон, тенор саксофон, тромбон, перкусии и ди џеј. Во 2018 година го издадоа албумот „До Преѓе“ кој има над 400.000 преслушувања на јутуб и едно ЕП во 2020, како и неколку синглови.
Групата „Foolish Green“ на локалната сцена се појавува во 2010 година како јасна идеја на Ненад Стефаноски за создавање музика со широка разновидност на влијанија од психоделичните поп и рокенрол жанрови. Членовите Ненад Стефаноски - вокал и гитара, Драган Стојковски - бас гитара, Петар Лукиќ — пијано и клавијатури, Александар Ванчовски — тапани и перкусии и Ади Имери — гитара и вокал преку користењето алтернативни методи за снимање и за создавање хармонични гласови над музичките структури, од „Foolish Green“ создадоа еден од највозбудливите и најинтересни состави на актуелната македонска музичка сцена.
Тони Китановски и Черкези уште еднаш пред скопската публика ќе се претстават со автентичен израз и ќе покажат дека спојувањето на љубопитните музички духови на Китановски и дувачкиот оркестар на Черкез Рашид произведе многу оригинални ефекти и остави печат на меѓународната сцена изминативе петнаесетина години. Фузијата на џезот со ромската музичка традиција стана движечка сила на нивните музички потфати. Првите години на составот беа обележани со звукот на три генерации музичари од семејството Рашид, а Тони го истакнуваше автентичен индивидуален израз на секој музичар при креирањето на оригинални композиции и аранжмани за овој оркестар.
„Љубојна“ или „љубов“ и „бој“, еден од најпознатливите и најрепрезентативни бендови во регионот, најавтентично го пренесува пулсот на музичкиот бит во не само она, што се нарекува урбан, туку и светски отворен звук. „Љубојна“ не е само популарен бренд. Таа е идеја која направи супер саунд од една заборавена музика и стана јадро околу кое гравитираат многу музичари и од кое црпи младата публика. Вера Милошевска заедно со Оливер Јосифовски веќе 15 години ја освежува музиката одново и одново, одржувајќи го звукот модерен, моќен, кадифен, елегантен и енергичен.

„За Скопје со љубов“ е проект на групата „Баклава“ со авторски песни посветени на градот Скопје, кој ќе го проследиме на плоштадот Ибни Пајко. Авторката Елена Христова ја црпи инспирацијата која од убавините на Скопје и од приказните кои градот ги раскажува. Ова е вид музичка разгледница за Скопје која со љубов на оргинален и автентичен начин ја сведочи и афирмира културата и убавината на нашиот град која наскоро ќе се најде и на носач на звук. Се работи за 15 нови авторски песни, приказни, фотографии и кратки видеа кои Елена Христова, како пејачка, музичарка, композиторка, истражувачка и документаристка ќе ги изведе пред локалната публика.
Во музичкиот дел од програмата предвидена да се изведе на плоштадот Ибни Пајко ќе настапат и Дориан и Добрила Дуо и „Перија“.
Добрила и Дориан ја започнуваат својата соработка уште во 2009 година во Чалгија саунд систем – бенд кој до денес ја негува традиционалната чалгиска музика (албумот Чалгија саунд систем, 2010 година Profundus), но и ја осовременуваат во нивниот втор авторски албум наречен Тихувај (Профундус 2019). Нивната заедничка музичка авантура во форма на дуо започнува во 2020 година создавајќи го проектот Добрила и Дориан Дуо и првиот заеднички албум наречен Апокриф (SJF Records 2021), кој уште при самото негово појавување е оценет како ремек-дело.

„Перија“ е музички состав кој може да се класифицира како dark folk или world music. Нивната музика е експеримент составен од музичките влијанија на членовите (Катерина Димитровска, Огнен Златанов, Леа Милиновиќ и Деа-Делина Плевнеш), кои варираат околу традиционалната музика на балканот, макамите од Блискиот Исток, пост-панкот, атоналната музика, итн. Текстовите на песните се на различни јазици од балканот, нивната идеја е едноставна: заедништво, неподеленост, неомраза...а темите на кои се нафаќаат се често деликатни општествени теми.
На плоштадот Ибни Пајко ќе може да се погледне и изложбата на колажи „Егзотика/Еротика“ на Игор Калц, кој на духовит и ироничен начин си поигрува со препознатливи визуелни елементи, креирајќи нова реалност. Калц преку случаен избор на симболи и значења (елементи на еротско, митско, мистично, фантастично, надреално...) создава неочекувана реалност во која лежи магијата и убавината на колажната техника.
Поетското читање на вљубениците на пишаниот збор ќе им понуди пријатна средба со стихови, бидејќи поетите создаваат пред се за да го усовршат светот и ја поместуваат стварност до крајни граници.
Најмладите и нивните родители ќе имаат можност да ја проследат детската престава „Куферко светскиот патник од Македонија” на Симона Ристевска, која на сликовит начин создава визија за Куферко - мало, љубопитно, срамежливо но, и темпераментно куферче, кое секогаш успева да биде во центарот на вниманието.

 

The post „Звукот на Скопје“ : „Љубојна“, „Баклава“, „Перија“ Дориан и Добрила дуо, Тони Китановски со модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје appeared first on Република.

]]>

Програмата на „Звукот на Скопје“ во сабота (17 септември) продолжува со несмалено темпо и содржини. Бендовите кои ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза“ (пред Филхармонија) и на Ибни Пајко испраќаат модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје. Плоштадот Мајка Тереза (пред зградата на Филхармонија) в сабота е локацијата на која настапуваат: Брука бенд (Brooka bаnd) Foolish Green, Bla, Bla, Bla…Тони Китановски и Черкези и „Љубојна“. „Brooka band“ е скопски реге/рага/рап бенд формиран 2014 година чии членови се: Жарко и Дарко Масларковски, Александар Савовски и Лупчо Симоновски, а во полниот состав на бендот се и вокали, тапани, гитара, бас гитара, клавијатури, труба, алт саксофон, тенор саксофон, тромбон, перкусии и ди џеј. Во 2018 година го издадоа албумот „До Преѓе“ кој има над 400.000 преслушувања на јутуб и едно ЕП во 2020, како и неколку синглови. Групата „Foolish Green“ на локалната сцена се појавува во 2010 година како јасна идеја на Ненад Стефаноски за создавање музика со широка разновидност на влијанија од психоделичните поп и рокенрол жанрови. Членовите Ненад Стефаноски - вокал и гитара, Драган Стојковски - бас гитара, Петар Лукиќ — пијано и клавијатури, Александар Ванчовски — тапани и перкусии и Ади Имери — гитара и вокал преку користењето алтернативни методи за снимање и за создавање хармонични гласови над музичките структури, од „Foolish Green“ создадоа еден од највозбудливите и најинтересни состави на актуелната македонска музичка сцена. Тони Китановски и Черкези уште еднаш пред скопската публика ќе се претстават со автентичен израз и ќе покажат дека спојувањето на љубопитните музички духови на Китановски и дувачкиот оркестар на Черкез Рашид произведе многу оригинални ефекти и остави печат на меѓународната сцена изминативе петнаесетина години. Фузијата на џезот со ромската музичка традиција стана движечка сила на нивните музички потфати. Првите години на составот беа обележани со звукот на три генерации музичари од семејството Рашид, а Тони го истакнуваше автентичен индивидуален израз на секој музичар при креирањето на оригинални композиции и аранжмани за овој оркестар. „Љубојна“ или „љубов“ и „бој“, еден од најпознатливите и најрепрезентативни бендови во регионот, најавтентично го пренесува пулсот на музичкиот бит во не само она, што се нарекува урбан, туку и светски отворен звук. „Љубојна“ не е само популарен бренд. Таа е идеја која направи супер саунд од една заборавена музика и стана јадро околу кое гравитираат многу музичари и од кое црпи младата публика. Вера Милошевска заедно со Оливер Јосифовски веќе 15 години ја освежува музиката одново и одново, одржувајќи го звукот модерен, моќен, кадифен, елегантен и енергичен. „За Скопје со љубов“ е проект на групата „Баклава“ со авторски песни посветени на градот Скопје, кој ќе го проследиме на плоштадот Ибни Пајко. Авторката Елена Христова ја црпи инспирацијата која од убавините на Скопје и од приказните кои градот ги раскажува. Ова е вид музичка разгледница за Скопје која со љубов на оргинален и автентичен начин ја сведочи и афирмира културата и убавината на нашиот град која наскоро ќе се најде и на носач на звук. Се работи за 15 нови авторски песни, приказни, фотографии и кратки видеа кои Елена Христова, како пејачка, музичарка, композиторка, истражувачка и документаристка ќе ги изведе пред локалната публика. Во музичкиот дел од програмата предвидена да се изведе на плоштадот Ибни Пајко ќе настапат и Дориан и Добрила Дуо и „Перија“. Добрила и Дориан ја започнуваат својата соработка уште во 2009 година во Чалгија саунд систем – бенд кој до денес ја негува традиционалната чалгиска музика (албумот Чалгија саунд систем, 2010 година Profundus), но и ја осовременуваат во нивниот втор авторски албум наречен Тихувај (Профундус 2019). Нивната заедничка музичка авантура во форма на дуо започнува во 2020 година создавајќи го проектот Добрила и Дориан Дуо и првиот заеднички албум наречен Апокриф (SJF Records 2021), кој уште при самото негово појавување е оценет како ремек-дело. „Перија“ е музички состав кој може да се класифицира како dark folk или world music. Нивната музика е експеримент составен од музичките влијанија на членовите (Катерина Димитровска, Огнен Златанов, Леа Милиновиќ и Деа-Делина Плевнеш), кои варираат околу традиционалната музика на балканот, макамите од Блискиот Исток, пост-панкот, атоналната музика, итн. Текстовите на песните се на различни јазици од балканот, нивната идеја е едноставна: заедништво, неподеленост, неомраза...а темите на кои се нафаќаат се често деликатни општествени теми. На плоштадот Ибни Пајко ќе може да се погледне и изложбата на колажи „Егзотика/Еротика“ на Игор Калц, кој на духовит и ироничен начин си поигрува со препознатливи визуелни елементи, креирајќи нова реалност. Калц преку случаен избор на симболи и значења (елементи на еротско, митско, мистично, фантастично, надреално...) создава неочекувана реалност во која лежи магијата и убавината на колажната техника. Поетското читање на вљубениците на пишаниот збор ќе им понуди пријатна средба со стихови, бидејќи поетите создаваат пред се за да го усовршат светот и ја поместуваат стварност до крајни граници. Најмладите и нивните родители ќе имаат можност да ја проследат детската престава „Куферко светскиот патник од Македонија” на Симона Ристевска, која на сликовит начин создава визија за Куферко - мало, љубопитно, срамежливо но, и темпераментно куферче, кое секогаш успева да биде во центарот на вниманието.  

The post „Звукот на Скопје“ : „Љубојна“, „Баклава“, „Перија“ Дориан и Добрила дуо, Тони Китановски со модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје appeared first on Република.

]]>
Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poinakvo-muzichko-patuvanje-vikendov-so-zvukot-na-skopje/ Mon, 12 Sep 2022 07:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=549882

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ почнува в петок ( 16 септември) и на градот му носи свежина и нова енергија преку содржините што ги нуди. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, театарска претстава за деца, поезија...Скопјани викендов ќе имаат забава за паметење.

Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за најдобра песна на Евровизија и предизвика големо интересирање во регионалната, но и европската јавност и медиуми со впечатливиот сценски настап, ангажираноста и пораките кои ги испрати преку својата изведба.

Нејзината оригиналност и писменост, која е „во судир“ со сета поп, фолк и турбофолк музика распространета во Србија и во екс-југословенскиот регион ја издигнува над постоечките жанрови и нуди поинаков универзум. Според критичарите нејзината музика се смета за „претставување на светот, земјата, климата, уметноста и културата на кои таа и многу луѓе припаѓаат“.

На настапот на Констракта, му претходи младиот панк бенд „Хајка“ од Скопје. Станува збор за бенд од помладата генерација, инспирирани од минатото и бит-генерацијата. Досега имаат издадено едно EP и еден албум, а во поддготовка е и вториот албум „Мека Машина“. Младите музичари имаа забележителни настапи на „Здраво Млади“ и „Земјотрес“ и токму тие ќе го отворат „Звукот на Скопје“ на 16 септември, а по нив следува настапот на Дина Јашари & другари, која е најголемото освежување на новата македонска музичка сцена.

Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Минатата година го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот.

Низ чаршијата, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да го проследат настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“. Овој класичен камерен состав го сочинуваат: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело.

Од своето оформување целта на „Вива Стрингс“ квартетот е заедничко музицирање, изнаоѓање на алтернативен простор за сопствена афирмација, за сопствен израз, презентирање и етаблирање на сите негови членови. „Вива Стрингс“ се редовен претставник на камерното музицирање и недвосмислено ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика. Неговите членови се дел од Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци.

„Diaz Wojtas Duo“ ќе настапат пред Стоковната куќа „Мост“, а за љубителите на ликовната уметност, Културно информативниот центар-Скопје, кој е организатор на манифестацијата „Звукот на Сопје“, в петок овозможи да се погледне изложбата „MACEDONIA“ од бразилските уметници Даниел Kастинет (Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во просториите на КИЦ (Империјал I). Двајцата автори во 2019 година учествувале на уметничката резиденција Де Ниро во Битола и оттаму ги пренесуваат своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи.

Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите...Зборуваат за нивните чувства, соништа, нивните села, нивниот светоглед.

The post Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ почнува в петок ( 16 септември) и на градот му носи свежина и нова енергија преку содржините што ги нуди. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, театарска претстава за деца, поезија...Скопјани викендов ќе имаат забава за паметење. Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за најдобра песна на Евровизија и предизвика големо интересирање во регионалната, но и европската јавност и медиуми со впечатливиот сценски настап, ангажираноста и пораките кои ги испрати преку својата изведба. Нејзината оригиналност и писменост, која е „во судир“ со сета поп, фолк и турбофолк музика распространета во Србија и во екс-југословенскиот регион ја издигнува над постоечките жанрови и нуди поинаков универзум. Според критичарите нејзината музика се смета за „претставување на светот, земјата, климата, уметноста и културата на кои таа и многу луѓе припаѓаат“. На настапот на Констракта, му претходи младиот панк бенд „Хајка“ од Скопје. Станува збор за бенд од помладата генерација, инспирирани од минатото и бит-генерацијата. Досега имаат издадено едно EP и еден албум, а во поддготовка е и вториот албум „Мека Машина“. Младите музичари имаа забележителни настапи на „Здраво Млади“ и „Земјотрес“ и токму тие ќе го отворат „Звукот на Скопје“ на 16 септември, а по нив следува настапот на Дина Јашари & другари, која е најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Минатата година го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот. Низ чаршијата, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да го проследат настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“. Овој класичен камерен состав го сочинуваат: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело. Од своето оформување целта на „Вива Стрингс“ квартетот е заедничко музицирање, изнаоѓање на алтернативен простор за сопствена афирмација, за сопствен израз, презентирање и етаблирање на сите негови членови. „Вива Стрингс“ се редовен претставник на камерното музицирање и недвосмислено ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика. Неговите членови се дел од Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци. „Diaz Wojtas Duo“ ќе настапат пред Стоковната куќа „Мост“, а за љубителите на ликовната уметност, Културно информативниот центар-Скопје, кој е организатор на манифестацијата „Звукот на Сопје“, в петок овозможи да се погледне изложбата „MACEDONIA“ од бразилските уметници Даниел Kастинет (Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во просториите на КИЦ (Империјал I). Двајцата автори во 2019 година учествувале на уметничката резиденција Де Ниро во Битола и оттаму ги пренесуваат своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи. Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите...Зборуваат за нивните чувства, соништа, нивните села, нивниот светоглед.

The post Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>
Со концерт на Констракта на платото пред Филхармонија почнува Фестивалот „Звукот на Скопје“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/so-koncert-na-konstrakta-na-platoto-pred-filharmonija-pochnuva-festivalot-zvukot-na-skopje/ Wed, 07 Sep 2022 11:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=548312

На 16 и 17 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи најновото издание на фестивалот „Звукот на Скопје“, кое во петок (16 септември) на платото пред Филхармонија го организира концертот на Констракта и земља грува.

Следуваат настапите на Дина Јашари и бендот „Хајка“, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“ ( Diaz Wojtas Duo), а во галериите на КИЦ ќе може да се погледне изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto).

На Плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата и следниот ден ќе бидат локациите на кои ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања.

„Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“, „Брука бенд“ ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза“ ( пред Филхармонија), а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите „Баклава“, Дориан и Добрила, „Перија“. Во рамките на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц, истакна Антонио Димитров, директор на КИЦ, кој го најави најновото издание на Фестивалот.

[caption id="attachment_548325" align="alignnone" width="750"] Антонио Димитров[/caption]

„Звуците на чаршијата“ е фестивал кој се реализира 16 години наназад и чија функција беше заживување на чаршијата како културна локација. Сметаме дека фестивалот по 16 години како да ја исполни својата улога и чаршијата денеска е едно живо културно и туристичко јадро и сега малку по малку ќе се префлриме на некои други локации во градот кои би ги заживеале во културен контекст.

На првата вечер на плоштадот „Мајка Тереза“ ќе се развива еко-концептот заедно со компанијата „Пакомак“.

Убаво е чувството кога две традиции ќе се спојат во една, „Звуците на чаршијата“, сега „Звукот на Скопје“, се одржува веќе 16 години, а нашиот концерт „Sound of green“ се реализира по десетти пат годинава и одлучивме заедно и партнерски да работиме со КИЦ. Идејата е да има добра забава, но и едукација на младите за екологија и за селекција на отпад. Влезницата за тој концерт ќе биде едно пластично шише или една лименка. Бендовите, добрата музика и забавата ветуваат дека ќе привлечеме публика и да испратиме еколошка порака од целиот фестивал, рече Ико Брдароски од „Пакомак“.

[caption id="attachment_548326" align="alignnone" width="750"] Ико Брдароски[/caption]

За Вера Милошевска од „Љубојна“ ова е прекрасен настан бидејќи тие како бенд биле дел од првите издание на „Звуците на чаршијата“, сега „Звукот на Скопје“.

Чаршијата има пошироко значење и ми се допаѓа дека чаршија всушност не е белег за локација, туку е белег на тоа каде е собиралиштето на луѓето, а „Љубојна“ е секогаш тука да ги обедини луѓето, епохите, времињата, стиловите, жанровите, рече Вера поканувајќи ја публиката.

[caption id="attachment_548327" align="alignnone" width="750"] Вера Милошевска[/caption]

На прес конференцијата присуствуваа и членовите на бендот „Хајка“ Скопје кои повикаа на дружење и забава следниот викенд.

 

The post Со концерт на Констракта на платото пред Филхармонија почнува Фестивалот „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>

На 16 и 17 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи најновото издание на фестивалот „Звукот на Скопје“, кое во петок (16 септември) на платото пред Филхармонија го организира концертот на Констракта и земља грува. Следуваат настапите на Дина Јашари и бендот „Хајка“, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“ ( Diaz Wojtas Duo), а во галериите на КИЦ ќе може да се погледне изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto). На Плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата и следниот ден ќе бидат локациите на кои ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања.
„Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“, „Брука бенд“ ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза“ ( пред Филхармонија), а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите „Баклава“, Дориан и Добрила, „Перија“. Во рамките на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц, истакна Антонио Димитров, директор на КИЦ, кој го најави најновото издание на Фестивалот.
[caption id="attachment_548325" align="alignnone" width="750"] Антонио Димитров[/caption] „Звуците на чаршијата“ е фестивал кој се реализира 16 години наназад и чија функција беше заживување на чаршијата како културна локација. Сметаме дека фестивалот по 16 години како да ја исполни својата улога и чаршијата денеска е едно живо културно и туристичко јадро и сега малку по малку ќе се префлриме на некои други локации во градот кои би ги заживеале во културен контекст. На првата вечер на плоштадот „Мајка Тереза“ ќе се развива еко-концептот заедно со компанијата „Пакомак“.
Убаво е чувството кога две традиции ќе се спојат во една, „Звуците на чаршијата“, сега „Звукот на Скопје“, се одржува веќе 16 години, а нашиот концерт „Sound of green“ се реализира по десетти пат годинава и одлучивме заедно и партнерски да работиме со КИЦ. Идејата е да има добра забава, но и едукација на младите за екологија и за селекција на отпад. Влезницата за тој концерт ќе биде едно пластично шише или една лименка. Бендовите, добрата музика и забавата ветуваат дека ќе привлечеме публика и да испратиме еколошка порака од целиот фестивал, рече Ико Брдароски од „Пакомак“.
[caption id="attachment_548326" align="alignnone" width="750"] Ико Брдароски[/caption] За Вера Милошевска од „Љубојна“ ова е прекрасен настан бидејќи тие како бенд биле дел од првите издание на „Звуците на чаршијата“, сега „Звукот на Скопје“.
Чаршијата има пошироко значење и ми се допаѓа дека чаршија всушност не е белег за локација, туку е белег на тоа каде е собиралиштето на луѓето, а „Љубојна“ е секогаш тука да ги обедини луѓето, епохите, времињата, стиловите, жанровите, рече Вера поканувајќи ја публиката.
[caption id="attachment_548327" align="alignnone" width="750"] Вера Милошевска[/caption] На прес конференцијата присуствуваа и членовите на бендот „Хајка“ Скопје кои повикаа на дружење и забава следниот викенд.  

The post Со концерт на Констракта на платото пред Филхармонија почнува Фестивалот „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>