Звонимир Јанкуловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvonimir-jankulovski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Sep 2022 20:42:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Звонимир Јанкуловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvonimir-jankulovski/ 32 32 Јанкуловски: Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jankulovski-izbori-ne-smee-da-ima-zashto-ovaa-vlast-ima-neogranichen-kapacitet-za-losho-vladeenje/ Fri, 02 Sep 2022 20:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=546944

„Со францускиот предлог власта ја извлекла државава од балканскиот вител и ја поставила на патот на европеизацијата. Ако не ми го кажеше ова ‘северномакедонскиот’ министер за надворешни работи, сѐ уште ќе бев во заблуда дека длабоко сме забраздени во балканскиот вител на историјата и идентитетското обезличување. Арачиново дополнително ми потврди дека европските вредности секогаш биле и се дел од нашата култура.“ – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски на иронично-подбивен начин во својата колумна со наслов „Не може да умре власта, во која успеваат неспособните и корумпираните“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Покрај другото, Јанкуловски пишува: „Затоа треба да ѝ се верува на власта. Дури и тогаш кога здравиот разум ви кажува дека во оваа разногласие-бркотница од гласови за европската иднина на Македонија и улогата на францускиот предлог гледате сѐ подлабока поделеност во општеството, национално обезличување и безизлезност. Она што е за нас безизлезност, тоа е можност за оваа власт. Она што е за нас историско, културно и јазично обезличување, за власта е решение на историското македонско прашање.“

„Никако не успеваме да ја видиме таа визија за иднината, ние, на кои им ‘нема спас’. Тешко е да се разберат успешните постигања на Владата, кога медиумите и научните анализи за политиката и управувањето се преполни со извештаи за промашувања и неуспеси. Силните критики за скандали, неспособност и корумпираност на власта се секојдневие во ‘нивната’ држава, кои укажуваат на неуспехот на политиката на секое поле, но најмногу на надворешнополитички план.“

„Влада, која што е свртена кон иднината и чиј пат е поставен од други, не се тревожи премногу за мислењето на рајата. Не ја спречува да владее тоа што мнозинството ‘заблуден’ и ‘необразован’ народ не ѝ верува. Тоа што народот ја доживува власта како наметлива, неспособна, сервилна, расипничка и корумпирана не е доволно да ја натера да владее одговорно во партнерство со народот.“

„Оваа власт никогаш и не била на народот, од народот, за народот. Оваа власт е марионета на нашите стратегиски партнери. Затоа не потклекна пред петициите, писмата и коментарите на академскиот и интелектуалниот дел на македонското општество. Зарем ќе излезевме од балканскиот вител и ќе почнувавме безусловни , или ако дејствуваше како слуга на народот? Секако не. Никако не успеваме да ја разбереме државничката и историска димензија на нивното владеење. Не може да умре онаа власт, во која успеваат неспособните и корумпираните. Никако на избори.“

„Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење. Зарем власта треба да дозволи гласање, што ќе го смени курсот на нашата иднина? Не се важни неспособноста на Владата и политичката парализа, како и широкораспространетата недоверба на јавноста. Не смеат граѓаните да добијат шанса да ги обликуваат судбината своја и на државата. Тоа не е државен, туку партиски интерес. Ерес е да барате избори денес, кога власта може и повеќе и полошо.“

The post Јанкуловски: Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење appeared first on Република.

]]>

„Со францускиот предлог власта ја извлекла државава од балканскиот вител и ја поставила на патот на европеизацијата. Ако не ми го кажеше ова ‘северномакедонскиот’ министер за надворешни работи, сѐ уште ќе бев во заблуда дека длабоко сме забраздени во балканскиот вител на историјата и идентитетското обезличување. Арачиново дополнително ми потврди дека европските вредности секогаш биле и се дел од нашата култура.“ – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски на иронично-подбивен начин во својата колумна со наслов „Не може да умре власта, во која успеваат неспособните и корумпираните“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Покрај другото, Јанкуловски пишува: „Затоа треба да ѝ се верува на власта. Дури и тогаш кога здравиот разум ви кажува дека во оваа разногласие-бркотница од гласови за европската иднина на Македонија и улогата на францускиот предлог гледате сѐ подлабока поделеност во општеството, национално обезличување и безизлезност. Она што е за нас безизлезност, тоа е можност за оваа власт. Она што е за нас историско, културно и јазично обезличување, за власта е решение на историското македонско прашање.“ „Никако не успеваме да ја видиме таа визија за иднината, ние, на кои им ‘нема спас’. Тешко е да се разберат успешните постигања на Владата, кога медиумите и научните анализи за политиката и управувањето се преполни со извештаи за промашувања и неуспеси. Силните критики за скандали, неспособност и корумпираност на власта се секојдневие во ‘нивната’ држава, кои укажуваат на неуспехот на политиката на секое поле, но најмногу на надворешнополитички план.“ „Влада, која што е свртена кон иднината и чиј пат е поставен од други, не се тревожи премногу за мислењето на рајата. Не ја спречува да владее тоа што мнозинството ‘заблуден’ и ‘необразован’ народ не ѝ верува. Тоа што народот ја доживува власта како наметлива, неспособна, сервилна, расипничка и корумпирана не е доволно да ја натера да владее одговорно во партнерство со народот.“ „Оваа власт никогаш и не била на народот, од народот, за народот. Оваа власт е марионета на нашите стратегиски партнери. Затоа не потклекна пред петициите, писмата и коментарите на академскиот и интелектуалниот дел на македонското општество. Зарем ќе излезевме од балканскиот вител и ќе почнувавме безусловни , или ако дејствуваше како слуга на народот? Секако не. Никако не успеваме да ја разбереме државничката и историска димензија на нивното владеење. Не може да умре онаа власт, во која успеваат неспособните и корумпираните. Никако на избори.“ „Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење. Зарем власта треба да дозволи гласање, што ќе го смени курсот на нашата иднина? Не се важни неспособноста на Владата и политичката парализа, како и широкораспространетата недоверба на јавноста. Не смеат граѓаните да добијат шанса да ги обликуваат судбината своја и на државата. Тоа не е државен, туку партиски интерес. Ерес е да барате избори денес, кога власта може и повеќе и полошо.“

The post Јанкуловски: Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење appeared first on Република.

]]>
Јанкуловски: Од национална држава се претвори во беззаконска банда – Македонија стана урнатина без нација и без иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jankulovski-od-nacionalna-drzava-se-pretvori-vo-bezzakonska-banda-makedonija-stana-urnatina-bez-nacija-i-bez-idnina/ Sun, 21 Aug 2022 10:20:57 +0000 https://republika.mk/?p=542547

„Да читаа нашиве политичари во животот колку што крадеа ќе знаеја малку повеќе каде нѐ водат. Вака, не одведоа во безидентитетска бездна. Македонија од национална држава се претвори во беззаконска банда. Таа стана политичка урнатина без нација и без иднина“ – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Како политички неписмена багра нѐ одведе во безидентитетска бездна“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Покрај другото, Јанкуловски пишува:

Што се случува со националната политика? Ако воопшто имаме таква. Што се случува со националната држава на македонскиот народ од деведесеттите? Зарем сѐ уште некој верува дека постои. Секој ден во Македонија настаните дополнително ја надминуваат имагинацијата на апсурдните романсиери и комичари, навестувајќи забрзаното распаѓање на политичкиот систем и националната држава, ставајќи ги под прашање владеењето на правото, демократскиот систем, па дури и пазарната економија. Конвулзиите во националната политика не се ограничени на сегашната власт. Исцрпеност, безнадежност, намалена ефективност на политиката се теми што се провлекуваат со години. Затоа не сум изненаден зошто енергичните авторитарни „решенија“ во моментов се толку популарни кај нас. Затоа Македонија од национална држава се претвори во беззаконска банда што генерира нихилистичка реакција од оние што велат дека биле најмногу тероризирани и разгалени. Резултатот? За сè поголем број луѓе нашата држава е политичка национална руина што не може да понуди веродостојна, остварлива иднина. Национална држава без нација.
Со години Западот го постави национализмот како главен непријател на системот, што ги афектира неговите две најважни креации: нацијата и националната држава. Така, национализмот полека го претворија во реликвија на историјата; феномен што треба да се елиминира бидејќи не дозволува понатамошен незадржлив развој на економските сили. Како резултат на тоа ќе се појави ново општество, чија совршена хомогеност ќе се заснова на универзален принцип наместо на национален. Овој „нов храбар свет“ ќе биде обликуван од нова општествена формација – хомогена универзална држава што ќе ја замени обединетата национална држава. И таа нова држава, која е во процес на настанување, која никако да настане, ја погреба националната држава во Македонија. Неолибералите, кои денес изгледаат целосно посветени на борбата против какви било манифестации на национализам, очигледно веќе не знаат што прават. Комплетно забегаа. Нивната победа ќе се смета за еднаква на уништување на сите основи на нашиот општествен живот.

Целата колумна на линкот

The post Јанкуловски: Од национална држава се претвори во беззаконска банда – Македонија стана урнатина без нација и без иднина appeared first on Република.

]]>

„Да читаа нашиве политичари во животот колку што крадеа ќе знаеја малку повеќе каде нѐ водат. Вака, не одведоа во безидентитетска бездна. Македонија од национална држава се претвори во беззаконска банда. Таа стана политичка урнатина без нација и без иднина“ – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Како политички неписмена багра нѐ одведе во безидентитетска бездна“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Покрај другото, Јанкуловски пишува: Што се случува со националната политика? Ако воопшто имаме таква. Што се случува со националната држава на македонскиот народ од деведесеттите? Зарем сѐ уште некој верува дека постои. Секој ден во Македонија настаните дополнително ја надминуваат имагинацијата на апсурдните романсиери и комичари, навестувајќи забрзаното распаѓање на политичкиот систем и националната држава, ставајќи ги под прашање владеењето на правото, демократскиот систем, па дури и пазарната економија. Конвулзиите во националната политика не се ограничени на сегашната власт. Исцрпеност, безнадежност, намалена ефективност на политиката се теми што се провлекуваат со години. Затоа не сум изненаден зошто енергичните авторитарни „решенија“ во моментов се толку популарни кај нас. Затоа Македонија од национална држава се претвори во беззаконска банда што генерира нихилистичка реакција од оние што велат дека биле најмногу тероризирани и разгалени. Резултатот? За сè поголем број луѓе нашата држава е политичка национална руина што не може да понуди веродостојна, остварлива иднина. Национална држава без нација. Со години Западот го постави национализмот како главен непријател на системот, што ги афектира неговите две најважни креации: нацијата и националната држава. Така, национализмот полека го претворија во реликвија на историјата; феномен што треба да се елиминира бидејќи не дозволува понатамошен незадржлив развој на економските сили. Како резултат на тоа ќе се појави ново општество, чија совршена хомогеност ќе се заснова на универзален принцип наместо на национален. Овој „нов храбар свет“ ќе биде обликуван од нова општествена формација – хомогена универзална држава што ќе ја замени обединетата национална држава. И таа нова држава, која е во процес на настанување, која никако да настане, ја погреба националната држава во Македонија. Неолибералите, кои денес изгледаат целосно посветени на борбата против какви било манифестации на национализам, очигледно веќе не знаат што прават. Комплетно забегаа. Нивната победа ќе се смета за еднаква на уништување на сите основи на нашиот општествен живот. Целата колумна на линкот

The post Јанкуловски: Од национална држава се претвори во беззаконска банда – Македонија стана урнатина без нација и без иднина appeared first on Република.

]]>