звонимир бобан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvonimir-boban/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 06:07:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png звонимир бобан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvonimir-boban/ 32 32 Зошто фудбалерот што ја нападна Југославија не сака да биде претседател на УЕФА https://arhiva3.republika.mk/vesti/zoshto-fudbalerot-shto-ja-napadna-jugoslavija-ne-saka-da-bide-pretsedatel-na-uefa/ Fri, 13 Sep 2024 07:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=815852

Легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан изјави денеска дека не сака да биде претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Бобан рече дека за тоа е потребен „вистински човек од фудбалот“, а не „технократи кои мислат дека се поголеми од фудбалот“.

Поранешниот хрватски репрезентативец и играч на Милан на крајот на јануари поднесе оставка од функцијата фудбалски директор на УЕФА во знак на протест поради намерата на претседателот Александар Чеферин да го смени статутот, со што ќе му овозможи подолго да остане на функцијата.

https://republika.mk/sport/fudbal/koj-e-zvonimir-boban-kandidat-za-pretsedatel-na-hrvatska-golem-fudbaler-no-i-natsionalist-od-nego-pochna-raspadot-na-jugoslavija/

Чеферин го нарече Бобан „кловн“ на конгресот на УЕФА во февруари, а неговите сојузници тврдеа дека Бобан сака да го преземе раководството на УЕФА, што легендарниот хрватски фудбалер го негираше во изјава за италијанскиот весник Газета дело Спорт.

„Тоа не ме интересира. Но, навистина се потребни вистински фудбалски луѓе во УЕФА. Во таа смисла, и ова го кажувам со горчина, бидејќи пред тоа се борев за промени во УЕФА, како и во ФИФА, а ништо од тоа не од лична корист“, рече Бобан

The post Зошто фудбалерот што ја нападна Југославија не сака да биде претседател на УЕФА appeared first on Република.

]]>

Легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан изјави денеска дека не сака да биде претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА). Бобан рече дека за тоа е потребен „вистински човек од фудбалот“, а не „технократи кои мислат дека се поголеми од фудбалот“. Поранешниот хрватски репрезентативец и играч на Милан на крајот на јануари поднесе оставка од функцијата фудбалски директор на УЕФА во знак на протест поради намерата на претседателот Александар Чеферин да го смени статутот, со што ќе му овозможи подолго да остане на функцијата. https://republika.mk/sport/fudbal/koj-e-zvonimir-boban-kandidat-za-pretsedatel-na-hrvatska-golem-fudbaler-no-i-natsionalist-od-nego-pochna-raspadot-na-jugoslavija/ Чеферин го нарече Бобан „кловн“ на конгресот на УЕФА во февруари, а неговите сојузници тврдеа дека Бобан сака да го преземе раководството на УЕФА, што легендарниот хрватски фудбалер го негираше во изјава за италијанскиот весник Газета дело Спорт.
„Тоа не ме интересира. Но, навистина се потребни вистински фудбалски луѓе во УЕФА. Во таа смисла, и ова го кажувам со горчина, бидејќи пред тоа се борев за промени во УЕФА, како и во ФИФА, а ништо од тоа не од лична корист“, рече Бобан

The post Зошто фудбалерот што ја нападна Југославија не сака да биде претседател на УЕФА appeared first on Република.

]]>
Koj е Звонимир Бобан, кандидат за претседател на Хрватска: Голем фудбалер но и националист, од него почна распадот на Југославија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/koj-e-zvonimir-boban-kandidat-za-pretsedatel-na-hrvatska-golem-fudbaler-no-i-natsionalist-od-nego-pochna-raspadot-na-jugoslavija/ Wed, 31 Jul 2024 19:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=802074

Поминаа точно 34 години од можеби најпознатиот натпревар кој никогаш не се одигра тој 13 мај 1990 година, поради дивеењето на навивачите на Звезда Делии. Една од иконите на тој хаос на Максимир беше нападот на Звонимир Бобан поради напад на тогашен милицинер задолжен за безбедноста на мечот.

Милиционерот Рефик Ахметовиќ беше удрен од Звонимир Бобан  кој сега е кандидат за претседател на Хрватска.

- Можев да го убијам. Ме нападна на работа. Куже го спаси затоа што го одвлече од мене. Сакавме да ја смириме ситуацијата, а Бобан ги повика на терен Бад Блу Бојс. Беше режирано. Имав наполнет пиштол и колегите ме повикаа да пукам, но јас не сакав. Да продолжеше натпреварот, ќе имаше и смртни случаи. Кога малку се стегнавме со БББ-овите кои втрчаа на теренот од север и ги прашаа што ги натера да дивеат, го слушнавме следново: „Имавме договор да ја убиеме Пикси!“ Сите го кажаа истото, како им наредиле да го убијат Драган Стојковиќ. Но, штом дојде до промена на власта, се сменија и полициските одделенија, па никој не инсистираше да се открие наредбата за ликвидација на Пикси.

Бобан сега има 55 години и беше во врвот на УЕФА по големата кариера во дресот на Милан.

Со гордост се сеќава на тоа што се случи пред четврт век.

Се сеќавам со гордост што бев дел од таа приказна, заедно со Момците и хрватскиот народ. Тогаш ја ризикував кариерата, но некои други, безимени фанови, си го ризикуваа животот. Повторно би го удрил тој милиционер, но не сакав да бидам никаков херој, само реагирав на неправдата која трае со години. Војуваа херои, ние бевме само бунтовници.

The post Koj е Звонимир Бобан, кандидат за претседател на Хрватска: Голем фудбалер но и националист, од него почна распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>

Поминаа точно 34 години од можеби најпознатиот натпревар кој никогаш не се одигра тој 13 мај 1990 година, поради дивеењето на навивачите на Звезда Делии. Една од иконите на тој хаос на Максимир беше нападот на Звонимир Бобан поради напад на тогашен милицинер задолжен за безбедноста на мечот. Милиционерот Рефик Ахметовиќ беше удрен од Звонимир Бобан  кој сега е кандидат за претседател на Хрватска.
- Можев да го убијам. Ме нападна на работа. Куже го спаси затоа што го одвлече од мене. Сакавме да ја смириме ситуацијата, а Бобан ги повика на терен Бад Блу Бојс. Беше режирано. Имав наполнет пиштол и колегите ме повикаа да пукам, но јас не сакав. Да продолжеше натпреварот, ќе имаше и смртни случаи. Кога малку се стегнавме со БББ-овите кои втрчаа на теренот од север и ги прашаа што ги натера да дивеат, го слушнавме следново: „Имавме договор да ја убиеме Пикси!“ Сите го кажаа истото, како им наредиле да го убијат Драган Стојковиќ. Но, штом дојде до промена на власта, се сменија и полициските одделенија, па никој не инсистираше да се открие наредбата за ликвидација на Пикси.
Бобан сега има 55 години и беше во врвот на УЕФА по големата кариера во дресот на Милан. Со гордост се сеќава на тоа што се случи пред четврт век.
Се сеќавам со гордост што бев дел од таа приказна, заедно со Момците и хрватскиот народ. Тогаш ја ризикував кариерата, но некои други, безимени фанови, си го ризикуваа животот. Повторно би го удрил тој милиционер, но не сакав да бидам никаков херој, само реагирав на неправдата која трае со години. Војуваа херои, ние бевме само бунтовници.

The post Koj е Звонимир Бобан, кандидат за претседател на Хрватска: Голем фудбалер но и националист, од него почна распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>
Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-fudbaler-zvonimir-boban-kandidat-na-hdz-za-pretstojnite-pretsedatelski-izbori-vo-hrvatska/ Tue, 30 Jul 2024 09:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=801584

Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан е потенцијален кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска, откриваат хрватските медиуми. Неделникот Национал објави информација дека во рамките на партијата се засилува иницијативата ХДЗ да го предложи харизматичниот поранешен фудбалер за претседателски кандидат што ќе му се спротивстави на Зоран Милановиќ.

Како што наведува Национал, станува збор за иницијатива покрената од група луѓе во партијата, а еден нивни претставник пред неколку дена ја презентирал на лице исклучително блиско до Андреј Пленковиќ, актуелниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ. Во врска со оваа иницијатива, според неделникот, минатата недела се одржала тајна средба на Макарската ривиера.

– Ми се чини дека Бобан е добар кандидат. Тој е бескрајно популарен поради фудбалот и борбата против полицијата, но не е само икона од ваков вид затоа што тој е доктор на историски науки и човек кој има меѓународно искуство. Претходно искажуваше независни ставови и можеше да привлече дел од оние гласачи кои не се за ХДЗ или кои се незадоволни од Зоран Милановиќ – вели поранешниот дипломат Божо Ковачевиќ во својата анализа за претстојните претседателски избори во Хрватска.

Легендарниот капитен на Динамо и поранешен главен оперативец на УЕФА, Звонимир Бобан, за порталот Индекс.хр откри каков  е неговиот став за потенцијалната кандидатура за прв човек на државата.

– Ако веста е точна, им благодарам на луѓето за иницијативата, сите живееме за некаква почит и признание. Како и да е, тоа никогаш нема да се случи… Нека им е со среќа на кандидатите – изјави Звонимир Бобан.

Доколку сепак, влезе во претседателската трка и биде избран за претседател на Хрватска, Бобан нема да биде единствен фудбалер на чело на држава. Од фудбалскиот терен во политиката влезе и славниот Џорџ Веа. Во октомври 2017 година Веа беше избран за претседател на Либерија, а во јануари 2018 ја презеде претседателската функција која ја извршуваше до јануари 2024 година.

The post Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан е потенцијален кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска, откриваат хрватските медиуми. Неделникот Национал објави информација дека во рамките на партијата се засилува иницијативата ХДЗ да го предложи харизматичниот поранешен фудбалер за претседателски кандидат што ќе му се спротивстави на Зоран Милановиќ. Како што наведува Национал, станува збор за иницијатива покрената од група луѓе во партијата, а еден нивни претставник пред неколку дена ја презентирал на лице исклучително блиско до Андреј Пленковиќ, актуелниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ. Во врска со оваа иницијатива, според неделникот, минатата недела се одржала тајна средба на Макарската ривиера. – Ми се чини дека Бобан е добар кандидат. Тој е бескрајно популарен поради фудбалот и борбата против полицијата, но не е само икона од ваков вид затоа што тој е доктор на историски науки и човек кој има меѓународно искуство. Претходно искажуваше независни ставови и можеше да привлече дел од оние гласачи кои не се за ХДЗ или кои се незадоволни од Зоран Милановиќ – вели поранешниот дипломат Божо Ковачевиќ во својата анализа за претстојните претседателски избори во Хрватска.
Легендарниот капитен на Динамо и поранешен главен оперативец на УЕФА, Звонимир Бобан, за порталот Индекс.хр откри каков  е неговиот став за потенцијалната кандидатура за прв човек на државата. – Ако веста е точна, им благодарам на луѓето за иницијативата, сите живееме за некаква почит и признание. Како и да е, тоа никогаш нема да се случи… Нека им е со среќа на кандидатите – изјави Звонимир Бобан. Доколку сепак, влезе во претседателската трка и биде избран за претседател на Хрватска, Бобан нема да биде единствен фудбалер на чело на држава. Од фудбалскиот терен во политиката влезе и славниот Џорџ Веа. Во октомври 2017 година Веа беше избран за претседател на Либерија, а во јануари 2018 ја презеде претседателската функција која ја извршуваше до јануари 2024 година.

The post Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска appeared first on Република.

]]>
УЕФА ја потврди разделбата со Звонимир Бобан https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/uefa-ja-potvrdi-razdelbata-so-zvonimir-boban/ Thu, 25 Jan 2024 16:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=736878

Европската фудбалска федерација (УЕФА) официјално објави дека легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан (55) ја напушта високата должност која три години ја извршуваше во раководното тело на европскиот фудбал.

„УЕФА објавува спогодбена разделба и заминување на Звонимир Бобан од организацијата. Бобан ни се приклучи во 2021 година. Како шеф на фудбалот иницираше неколку значајни проекти во техничкиот развој. УЕФА изразува чест од соработката со Звонимир Бобан и испраќа благодарност за неговиот посветен ангажман“, се наведува во соопштението.

Претходно денеска Бобан потврди дека ја напушта УЕФА, во која изминатите години беше најблискиот соработник на претседателот Александар Чеферин, а како причина го наведе несогласувањето со иницијативата за промена на Статутот на организацијата со кој би му се овозможил уште еден, трет по ред, мандат на актуелниот претседател.

Поранешниот југословенски и хрватски репрезентативец пред ангажманот во УЕФА беше заменик генерален секретар на ФИФА од мај 2016 до јуни 2019 година.

The post УЕФА ја потврди разделбата со Звонимир Бобан appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска федерација (УЕФА) официјално објави дека легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан (55) ја напушта високата должност која три години ја извршуваше во раководното тело на европскиот фудбал.
„УЕФА објавува спогодбена разделба и заминување на Звонимир Бобан од организацијата. Бобан ни се приклучи во 2021 година. Како шеф на фудбалот иницираше неколку значајни проекти во техничкиот развој. УЕФА изразува чест од соработката со Звонимир Бобан и испраќа благодарност за неговиот посветен ангажман“, се наведува во соопштението.
Претходно денеска Бобан потврди дека ја напушта УЕФА, во која изминатите години беше најблискиот соработник на претседателот Александар Чеферин, а како причина го наведе несогласувањето со иницијативата за промена на Статутот на организацијата со кој би му се овозможил уште еден, трет по ред, мандат на актуелниот претседател. Поранешниот југословенски и хрватски репрезентативец пред ангажманот во УЕФА беше заменик генерален секретар на ФИФА од мај 2016 до јуни 2019 година.

The post УЕФА ја потврди разделбата со Звонимир Бобан appeared first on Република.

]]>
Бобан: Бевме цимери со Просинечки, навечер знаеше многу да ме малтретира https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/boban-bevme-cimeri-so-prosinechki-navecher-znaeshe-mnogu-da-me-maltretira/ Wed, 01 Jun 2022 12:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=509764

Звонимир Бобан раскажува како е да се дели соба со Просинечки, кој е од иста генерација: „Почна да пуши на 13 години, па делеше соба...“

Звонимир Бобан и Роберт Просинечки припаѓаат на иста фудбалска генерација. Двајца играчи кои се истакнуваа уште од мали нозе и кои испишаа историја во југословенскиот и хрватскиот фудбал.

Двајцата беа дел од младинската репрезентација на Југославија која стана светски шампион во 1987 година, а потоа имаа значителни клупски кариери. Првиот во Милан, кој одбележа ера во Калчото, а вториот по освојувањето на Купот на шампионите со Црвена звезда, беше дел и од шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.

Сепак, Бобан има неколку тешки спомени со Просинечки, со кој долго време делеше соба. Тој открива дека неговиот цимер и соиграч, многу често не ги почитувал правилата.

Многу се сеќавам на Роберт Просинечки, пред сè, затоа што тој секогаш ме „малтретираше“. Почна да пуши Марлборо кога имаше 13 години, така што не беше лесно да се дели соба со него. Се будеше во три или четири наутро и палеше цигара. Ќе кажев: „Роби, не смееш да го правиш тоа. Како можеш да пушиш во ова време?. Тој, пак, само ќе ми одговореше: „Ај, не ме замарај, Звоне“ - раскажува Бобан.

The post Бобан: Бевме цимери со Просинечки, навечер знаеше многу да ме малтретира appeared first on Република.

]]>

Звонимир Бобан раскажува како е да се дели соба со Просинечки, кој е од иста генерација: „Почна да пуши на 13 години, па делеше соба...“ Звонимир Бобан и Роберт Просинечки припаѓаат на иста фудбалска генерација. Двајца играчи кои се истакнуваа уште од мали нозе и кои испишаа историја во југословенскиот и хрватскиот фудбал. Двајцата беа дел од младинската репрезентација на Југославија која стана светски шампион во 1987 година, а потоа имаа значителни клупски кариери. Првиот во Милан, кој одбележа ера во Калчото, а вториот по освојувањето на Купот на шампионите со Црвена звезда, беше дел и од шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. Сепак, Бобан има неколку тешки спомени со Просинечки, со кој долго време делеше соба. Тој открива дека неговиот цимер и соиграч, многу често не ги почитувал правилата.