Звјездан Ружиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvjezdan-ruzhik/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jun 2024 17:04:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Звјездан Ружиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvjezdan-ruzhik/ 32 32 Хрватскиот пијанист Звјездан Ружиќ со концерт во Куршумли ан вечерва го отвора јубилејното 45. издание на „Скопско лето“ за кое градот не даде пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/hrvatskiot-pijanist-zvjezdan-ruzhik-so-kontsert-vo-kurshumli-an-vecherva-go-otvora-jubilejnoto-45-izdanie-na-skopsko-leto-za-koe-gradot-ne-dade-pari/ Fri, 21 Jun 2024 17:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=789604

Со концерт на хрватскиот пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан, вечерва во 20, 30 часот ќе биде отворено јубилејното 45. издание на фестивалот „Скопско лето“. Звјездан во Скопје ќе настапи со проектот „Пијанотрон“ кој е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои свири со нозете.

Јубилејното издание Дирекцијата за култура и уметност на Скопје оваа година се организира со мининална поддршка од институциите. Ако во минатото Министерството за култура и Град Скопје за одржување на оваа препознатлива манифестација одделувале по 2 милиони денари секоја од нив, оваа година Скопско лето смета само на поддршката од Министерството за култура, бидејќи Градот Скопје не дал пари.

И покрај тоа што сме соочени со намален буџет од само 800.000 денари од Министерството за култура и без поддршка од Град Скопје, Скопско лето сепак ќе се одржи со богата и квалитетна програма – истакна Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје која по 45. пат ја организира манифестацијата.

Звјездан има соработувано со „2Cellos“, „Harlem Gospel Choir“, Јосипа Лисац, Масимо Савиќ, Нели Андреева, Лука Паљетка.

Накратко – Звјездан е човек – оркестар! Иако Звјездан е академски џез пијанист, тој го опишува „Пианотрон“ како филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката. Со неговата музика, Звјездан има настапувано низ целиот свет, од Америка, низ Европа, одржа две големи турнеи во Кина, а со „2Cellos“ одржа голема турнеја во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд, велат организаторите.

Авторските албуми на Ружиќ беа наградени со пет престижни награди за дискографија „Порин“, познато како хрватско Греми, а Хрватскиот музички сојуз шест пати му ја додели наградата „Статус“ за најдобар џез пијанист во Хрватска.

Звјездан е официјален уметник за „Yamaha Pianos“ за целиот свет, а во Скопје пристигнува директно од Лондон, каде што моментално живее и ја гради својата меѓународна кариера. На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот пијанотрон ќе ја почестат публиката во Скопје со вечер за паметење, се вели во најавата за концертот.

The post Хрватскиот пијанист Звјездан Ружиќ со концерт во Куршумли ан вечерва го отвора јубилејното 45. издание на „Скопско лето“ за кое градот не даде пари appeared first on Република.

]]>

Со концерт на хрватскиот пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан, вечерва во 20, 30 часот ќе биде отворено јубилејното 45. издание на фестивалот „Скопско лето“. Звјездан во Скопје ќе настапи со проектот „Пијанотрон“ кој е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои свири со нозете. Јубилејното издание Дирекцијата за култура и уметност на Скопје оваа година се организира со мининална поддршка од институциите. Ако во минатото Министерството за култура и Град Скопје за одржување на оваа препознатлива манифестација одделувале по 2 милиони денари секоја од нив, оваа година Скопско лето смета само на поддршката од Министерството за култура, бидејќи Градот Скопје не дал пари.