Ѕвездан Георгиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvezdan-georgievski/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 11:16:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѕвездан Георгиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvezdan-georgievski/ 32 32 Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-boris-dezhulovik-rene-karabash-i-zvezdan-georgievski-vecherva-se-otvora-pro-za-balkan/ Sun, 15 Sep 2024 11:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=816504

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември.

На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

Борис Дежуловиќ ја започнал својата новинарска кариера во 1977 година, работејќи како уредник на списанието „Омладинска искра“. Работел како новинар во „Неделна Далмација“, а потоа бил репортер и коментатор за „Слободна Далмација“. Во 1988 година, заедно со Виктор Иванчиќ и Предраг Лучиќ, го основаат сатиричниот додаток во „Неделна Далмација“, „Ферал Трибјун“, кој подоцна станува независен сатирично – политички неделник. Тој го напушта „Ферал“ во 1999 година и станува колумнист за „Глобус“ и други публикации кои ги издава „Холдинг Европа прес“. Од 2015 година пишува за „Новости“, неделниот магазин на Српскиот национален совет. Дежуловиќ, исто така, бил соработник и редовен колумнист за многу балкански регионални медиуми, од љубљанскиот словенечки дневен весник „Дневник“ и порталот N1, а пишувал и за многу други регионални медиуми.

Од страна на Хрватското новинарско здружение два пати е прогласуван за новинар на годината (и тоа во 2004 и 2022 година), а во 2014 година ја добива Европската новинарска награда за најдобар коментатор.

Тој е автор на романите „Christkind“ „Јебо сад хилјаду динара“, „Песни од Лора“, книга со кратки раскази „Подглавникова бактерија“, и романот за деца и млади „Животот и сонот на лебарката Жастомир“. Коавтор е на неколку прозни збирки и монографии, автор на сценариото за документарниот филм „Градителскиот дневник“ (2007) од Јасмила Жбаниќ. Дежуловиќ подготвил избор од неговите колумни во неколку тома и ја уредувал Антологијата на современата хрватска глупост (Библиотека Ферал трибјун, 1999) со Предраг Лучиќ, а го уредувал и Либрето на нашето мало пристаниште Миленко Смоје.

Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е писателка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“.

Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија.

Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија.

Ѕвездан Георгиевски работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“… Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Ги објавил: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ ( роман, „Темплум“, 2016), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018), „Плачеш како кит“ (роман, „Бегемот“, 2023) и „Базирано врз речиси вистинити настани“ (записи, „Бегемот“ 2024). Автор е на сценарија за краткометражни и среднометражни документарни филмови за Скопје. Преведува од јазизите на некогашните југословенски републики. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Гости на отворањето ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ – една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија.

На вториот фестивалски ден, на 16 септември во 13.30 часот во Бугарскиот културно-информативен центар ќе се одржи традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

Вечерта во 20 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како форма на отпор“, на која ќе учествуваат гостите писатели, а ќе ја модерира Владимир Јанковски. Претходно, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи средба на деца со словенечката писателка на книги за деца и адолесценти, Мајда Корен. Писателката ќе одржи средба со деца и во ООУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје следниот ден.

На 17 септември, на гостите издавачи и литературни агенти ќе им биде претставен конкурсот на Министерство за култура за финансирање преводи на странски издавачи на Министерството за култура.

Посебна книжевна средба со Ван Хоф и Бернар е закажана во 17 часот во Француски институт во Скопје.

Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на српскиот писател Владимир Пиштало на затворањето на фестивалот на 17 септември. Со Пиштало, британскиот писател, филмски продуцент и актуелен претседавач на Европската филмска академија, Мајк Дауни, македонската поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор, Виолета Танчева – Златева и српскиот поет, есеист и литературен критичар, Ненад Шапоња, ќе разговараат Прокопиев и Лафазановски.

На 18 септември во Кинотека од 20 часот, во рамките на офф-програмата, ќе биде прикажан филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот, Мајк Дауни со кој ќе следува разговор пред проекцијата.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември. На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Борис Дежуловиќ ја започнал својата новинарска кариера во 1977 година, работејќи како уредник на списанието „Омладинска искра“. Работел како новинар во „Неделна Далмација“, а потоа бил репортер и коментатор за „Слободна Далмација“. Во 1988 година, заедно со Виктор Иванчиќ и Предраг Лучиќ, го основаат сатиричниот додаток во „Неделна Далмација“, „Ферал Трибјун“, кој подоцна станува независен сатирично – политички неделник. Тој го напушта „Ферал“ во 1999 година и станува колумнист за „Глобус“ и други публикации кои ги издава „Холдинг Европа прес“. Од 2015 година пишува за „Новости“, неделниот магазин на Српскиот национален совет. Дежуловиќ, исто така, бил соработник и редовен колумнист за многу балкански регионални медиуми, од љубљанскиот словенечки дневен весник „Дневник“ и порталот N1, а пишувал и за многу други регионални медиуми. Од страна на Хрватското новинарско здружение два пати е прогласуван за новинар на годината (и тоа во 2004 и 2022 година), а во 2014 година ја добива Европската новинарска награда за најдобар коментатор. Тој е автор на романите „Christkind“ „Јебо сад хилјаду динара“, „Песни од Лора“, книга со кратки раскази „Подглавникова бактерија“, и романот за деца и млади „Животот и сонот на лебарката Жастомир“. Коавтор е на неколку прозни збирки и монографии, автор на сценариото за документарниот филм „Градителскиот дневник“ (2007) од Јасмила Жбаниќ. Дежуловиќ подготвил избор од неговите колумни во неколку тома и ја уредувал Антологијата на современата хрватска глупост (Библиотека Ферал трибјун, 1999) со Предраг Лучиќ, а го уредувал и Либрето на нашето мало пристаниште Миленко Смоје. Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е писателка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“. Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија. Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија. Ѕвездан Георгиевски работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“… Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ги објавил: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ ( роман, „Темплум“, 2016), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018), „Плачеш како кит“ (роман, „Бегемот“, 2023) и „Базирано врз речиси вистинити настани“ (записи, „Бегемот“ 2024). Автор е на сценарија за краткометражни и среднометражни документарни филмови за Скопје. Преведува од јазизите на некогашните југословенски републики. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. Гости на отворањето ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ – една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија. На вториот фестивалски ден, на 16 септември во 13.30 часот во Бугарскиот културно-информативен центар ќе се одржи традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Вечерта во 20 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како форма на отпор“, на која ќе учествуваат гостите писатели, а ќе ја модерира Владимир Јанковски. Претходно, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи средба на деца со словенечката писателка на книги за деца и адолесценти, Мајда Корен. Писателката ќе одржи средба со деца и во ООУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје следниот ден. На 17 септември, на гостите издавачи и литературни агенти ќе им биде претставен конкурсот на Министерство за култура за финансирање преводи на странски издавачи на Министерството за култура. Посебна книжевна средба со Ван Хоф и Бернар е закажана во 17 часот во Француски институт во Скопје. Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на српскиот писател Владимир Пиштало на затворањето на фестивалот на 17 септември. Со Пиштало, британскиот писател, филмски продуцент и актуелен претседавач на Европската филмска академија, Мајк Дауни, македонската поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор, Виолета Танчева – Златева и српскиот поет, есеист и литературен критичар, Ненад Шапоња, ќе разговараат Прокопиев и Лафазановски. На 18 септември во Кинотека од 20 часот, во рамките на офф-програмата, ќе биде прикажан филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот, Мајк Дауни со кој ќе следува разговор пред проекцијата. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди, рече Ѕвездан Георгиевски на прославата на јубилејот 25 години „Роман на годината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nekoj-mi-kazha-deka-se-shto-trae-vo-makedonija-poveke-od-dve-detsenii-znachi-deka-vredi-reche-zvezdan-georgievski-na-proslavata-na-jubilejot-25-godini-roman-na-godinata/ Tue, 21 May 2024 08:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=780331

Кога како млад новинар ги следев јубилејните, 25. Струшки вечери на поезијата некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди. Тогаш сфатив дека за една манифестација, во случајот награда, во нашата држава, 25 години ако не е длабока старост тогаш се сигурно сериозни или барем средовечни години, рече синоќа Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“ која ја доделува наградата „Роман на годината“.

Синоќа во Драмски театар во Скопје се одржа свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“). Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари, ја донесе жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.

Романот на годината е како престарена рок-ѕвезда. За Мик Џегер може да кажете што сакате, ама не можете да му го урнете реномето. Во таа смисла мислам дека романот на годината го достигна тоа ниво да може комотно и комфорно да се „брчка“ во своето место во македонската култура. Сакам да мислам на оваа награда како на своевиден книжевен капитал што секој лауреат ќе го носи со себе и со гордост ќе го истакнува во своите биографии, рече Георгиевски.

Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година, од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“. Со оглед на годинешниот јубилеј, Георгиевски подели благодарници на помагателите на оваа најпрестижна книжевна награда кај нас, а гостите погледнаа и видео инсерти со дел од основачите на наградата и дел од лауреатите низ годините.

[caption id="attachment_780346" align="alignnone" width="2048"] Академик Влада Урошевиќ, претседател на жири-комисијата на наградата „Роман на годината“/Фото; Министерство за култура[/caption]

Свеченото врачување на наградата помина во знакот на големиот јубилеј, 25-годишнина од нејзиното постоење.

Четврт век живеам во и со романот на годината. Токму таа километража што ја изодевме со романот на годината ми создава измешани емоции, ми ги заматува мислите и сеќавања и не ми ги открива до крај перспективите на ова возбдуливо патување. Романот на годината помина низ многу трнливи фази. Мечот на тивкото изумирање не често му висеше на главата, не тоа денес се само стари добри времиња и периоди кои ќе ги прераскажуваме само со цел да си ја освежиме меморијата и да не си ги повторуваме грешките, рече Георгиевски, заблагодарувајќи им се на основачите на весникот „Утриснки весник“ без чиј сенс оваа награда немаше да постои.

Благодарам и на сите членови и уредници на култураната рубрика на весникот без чиј ентузијазам наградата ќе го немаше ова реноме што ги има денес. Благодарност и за сите членови на фондацијата „Славко Јаневски“ и на сите што поминале во изминатите години кои успеаја да го оджат квалитетот и континутетот на наградата и по згаснувањето на „Утрински весник“, кажа Георгиевски.

Ниту една награда, особено во творечките дејности не е ултимативна. Ниту една не дава гаранција дека е избран врвниот квалитет. Не е тоа ниту Пулицер, ниту Букер, не е тоа ниту Нобеловата награда за литература. Се разбира, не е тоа ниту наградата Роман на годината. Творештвото не е трка на 5000 метри па да се знае кој е подобар од другиот. Наградите, како впрочем и литературата, се одраз на општествениот контекст. Ниту тие не можат да го избегнат политичкиот, па ако сакате и идеолошкиот момент на времето. Најголем судија е времето. Времето ќе покаже дали нешто било квалитетно или не, кажа Георгиевски.

Георгиевски говореше и за Ниновата награда, за која рече дека на некој начин е постар брат на Роман на годината.

На некој нивни јубилеј тие објавија листа на романи што никогаш не ја добиле оваа награда, а кои многу подобро го издржале испитот на времето, за разлика од оние што во тој момент изгледале поважни или поквалитетни. Стојам цврсто и тврдо зад секој од 25-те романи кои досега се закитиле со ова признание, кажа Георгиевски.

Лауреатката Димковска во своето обраќање кажа наградата Роман на годината се повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и тоа ја прави најдемократска книжевна награда во Македонија.

[caption id="attachment_780347" align="alignnone" width="2048"] Лидија Димковка, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2023 година/Фото: инистерство за култура[/caption]

25 романи го носат печатот на наградата и кога денес ќе ги погледнеме насловите на книгите, сфаќаме дека речиси на ниту еден од наградените романи не му поминал рокот на траење и не паднал во заборав. 25 романи – колку прекрасна и важна полица во библиотеката на македонската книжевност, за сегашните и за идните генерации, за сите нас!Статистиката на книжевните дела – наградени или во најтесната конкуренција за наградата, е импозантна: 25 наградени романи и 67 романи во најтесниот круг, или 92 романи во кои може човек да влезе низ малата врата на приказната, а да излезе низ големата врата на искуството. Самата сум деветтата авторка добитничка на наградата,што укажува на тоа дека наградата „Роман на годината“ сè повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и со тоа е, се чини, најдемократската родова книжевна награда во Македонија. Ќе стане и најдемократската јазична награда кога за неа ќе можат да конкурираат не само авторите и авторките кои живеат во или надвор од Македонија, а пишуваат на македонски јазик, како што сум самата, туку и авторите и авторките кои живеат во Македонија, а пишуваат и на некој друг – малцински или миграциски јазик. Единствено квалитетот треба да биде поле за натпревар меѓу книжевните дела. Колку тажен би бил фактот да не знаеме дека наш современик, наша современичка напишал-а одличен роман, само затоа што го напишал-а на друг јазик, а го пишувал-а тука близу, покрај нас, во истата космичка микро и макроклима на општествен, културен, метафизички и симболичен простор, рече во своето обраќање Димковска.

На свеченоста музички настап имаше џез бендот на Гоце Стевковски, а беше отворена и изложбата „25 години Роман на годината“ на која беа претставени сите дела – досегашни носители на ова признание.

Станува збор за лична донација на Манчо Митевски на Фондацијата, која се состои од сите нагредени дела со потписи и посвети на авторите. Манчо Митевски е еден од основачите на „Утрински весник“ и на наградата „Роман на годината“. Тој беше иницијатор за формирање на Фондацијата „Славко Јаневски“ со цел наградата да може да опстои и натаму.

https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-roman-na-godinata-dojde-vo-vistinskoto-vreme-kako-i-se-drugo-shto-doaga-vo-zhivotot/

 

The post Некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди, рече Ѕвездан Георгиевски на прославата на јубилејот 25 години „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Кога како млад новинар ги следев јубилејните, 25. Струшки вечери на поезијата некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди. Тогаш сфатив дека за една манифестација, во случајот награда, во нашата држава, 25 години ако не е длабока старост тогаш се сигурно сериозни или барем средовечни години, рече синоќа Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“ која ја доделува наградата „Роман на годината“. Синоќа во Драмски театар во Скопје се одржа свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“). Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари, ја донесе жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.
Романот на годината е како престарена рок-ѕвезда. За Мик Џегер може да кажете што сакате, ама не можете да му го урнете реномето. Во таа смисла мислам дека романот на годината го достигна тоа ниво да може комотно и комфорно да се „брчка“ во своето место во македонската култура. Сакам да мислам на оваа награда како на своевиден книжевен капитал што секој лауреат ќе го носи со себе и со гордост ќе го истакнува во своите биографии, рече Георгиевски.
Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година, од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“. Со оглед на годинешниот јубилеј, Георгиевски подели благодарници на помагателите на оваа најпрестижна книжевна награда кај нас, а гостите погледнаа и видео инсерти со дел од основачите на наградата и дел од лауреатите низ годините. [caption id="attachment_780346" align="alignnone" width="2048"] Академик Влада Урошевиќ, претседател на жири-комисијата на наградата „Роман на годината“/Фото; Министерство за култура[/caption] Свеченото врачување на наградата помина во знакот на големиот јубилеј, 25-годишнина од нејзиното постоење.
Четврт век живеам во и со романот на годината. Токму таа километража што ја изодевме со романот на годината ми создава измешани емоции, ми ги заматува мислите и сеќавања и не ми ги открива до крај перспективите на ова возбдуливо патување. Романот на годината помина низ многу трнливи фази. Мечот на тивкото изумирање не често му висеше на главата, не тоа денес се само стари добри времиња и периоди кои ќе ги прераскажуваме само со цел да си ја освежиме меморијата и да не си ги повторуваме грешките, рече Георгиевски, заблагодарувајќи им се на основачите на весникот „Утриснки весник“ без чиј сенс оваа награда немаше да постои.
Благодарам и на сите членови и уредници на култураната рубрика на весникот без чиј ентузијазам наградата ќе го немаше ова реноме што ги има денес. Благодарност и за сите членови на фондацијата „Славко Јаневски“ и на сите што поминале во изминатите години кои успеаја да го оджат квалитетот и континутетот на наградата и по згаснувањето на „Утрински весник“, кажа Георгиевски.
Ниту една награда, особено во творечките дејности не е ултимативна. Ниту една не дава гаранција дека е избран врвниот квалитет. Не е тоа ниту Пулицер, ниту Букер, не е тоа ниту Нобеловата награда за литература. Се разбира, не е тоа ниту наградата Роман на годината. Творештвото не е трка на 5000 метри па да се знае кој е подобар од другиот. Наградите, како впрочем и литературата, се одраз на општествениот контекст. Ниту тие не можат да го избегнат политичкиот, па ако сакате и идеолошкиот момент на времето. Најголем судија е времето. Времето ќе покаже дали нешто било квалитетно или не, кажа Георгиевски.
Георгиевски говореше и за Ниновата награда, за која рече дека на некој начин е постар брат на Роман на годината.
На некој нивни јубилеј тие објавија листа на романи што никогаш не ја добиле оваа награда, а кои многу подобро го издржале испитот на времето, за разлика од оние што во тој момент изгледале поважни или поквалитетни. Стојам цврсто и тврдо зад секој од 25-те романи кои досега се закитиле со ова признание, кажа Георгиевски.
Лауреатката Димковска во своето обраќање кажа наградата Роман на годината се повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и тоа ја прави најдемократска книжевна награда во Македонија. [caption id="attachment_780347" align="alignnone" width="2048"] Лидија Димковка, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2023 година/Фото: инистерство за култура[/caption]
25 романи го носат печатот на наградата и кога денес ќе ги погледнеме насловите на книгите, сфаќаме дека речиси на ниту еден од наградените романи не му поминал рокот на траење и не паднал во заборав. 25 романи – колку прекрасна и важна полица во библиотеката на македонската книжевност, за сегашните и за идните генерации, за сите нас!Статистиката на книжевните дела – наградени или во најтесната конкуренција за наградата, е импозантна: 25 наградени романи и 67 романи во најтесниот круг, или 92 романи во кои може човек да влезе низ малата врата на приказната, а да излезе низ големата врата на искуството. Самата сум деветтата авторка добитничка на наградата,што укажува на тоа дека наградата „Роман на годината“ сè повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и со тоа е, се чини, најдемократската родова книжевна награда во Македонија. Ќе стане и најдемократската јазична награда кога за неа ќе можат да конкурираат не само авторите и авторките кои живеат во или надвор од Македонија, а пишуваат на македонски јазик, како што сум самата, туку и авторите и авторките кои живеат во Македонија, а пишуваат и на некој друг – малцински или миграциски јазик. Единствено квалитетот треба да биде поле за натпревар меѓу книжевните дела. Колку тажен би бил фактот да не знаеме дека наш современик, наша современичка напишал-а одличен роман, само затоа што го напишал-а на друг јазик, а го пишувал-а тука близу, покрај нас, во истата космичка микро и макроклима на општествен, културен, метафизички и симболичен простор, рече во своето обраќање Димковска.
На свеченоста музички настап имаше џез бендот на Гоце Стевковски, а беше отворена и изложбата „25 години Роман на годината“ на која беа претставени сите дела – досегашни носители на ова признание. Станува збор за лична донација на Манчо Митевски на Фондацијата, која се состои од сите нагредени дела со потписи и посвети на авторите. Манчо Митевски е еден од основачите на „Утрински весник“ и на наградата „Роман на годината“. Тој беше иницијатор за формирање на Фондацијата „Славко Јаневски“ со цел наградата да може да опстои и натаму. https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-roman-na-godinata-dojde-vo-vistinskoto-vreme-kako-i-se-drugo-shto-doaga-vo-zhivotot/  

The post Некој ми кажа дека сè што трае во Македонија повеќе од две децении значи дека вреди, рече Ѕвездан Георгиевски на прославата на јубилејот 25 години „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Излезе од печат книгата „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izleze-od-pechat-knigata-bazirano-vrz-rechisi-vistiniti-nastani-od-zvezdan-georgievski/ Fri, 29 Mar 2024 12:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=760126

Во издание на „Бегемот“ излезе од печат книгата „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски. Авторот во книгата дава увид во својата писателска работилница, своевиден пренос во живо од неговиот писателски work in progress: дилеми, амбиции, стравови, па и неуспеси...

Како што инфрмираат од „Бегемот“, тој ги претставува, ги сецира, а некогаш дури и ги изложува на потсмев своите идеи за романи што никогаш не се реализирани до крај. Радоста со која се раскажува за „неуспешното“ раскажување, како резултат донесува брилијанти прозни фрагменти. Без разлика дали ќе ги наречеме скици, раскази, поглавја или почетоци од романи, во хаосот од идејни концепти, тие функционираат и независно, но и како целина.

Во најновиот ракопис Ѕвездан Георгиевски ги истражува границите на романот како жанр на еден навидум парадоксален начин – однапред откажувајќи се од можноста да напише, односно да заврши еден роман. Ракописот е составен од шеснаесет почетоци, своевидни скици или идеи за роман, кои меѓусебно се поврзани само со тоа што се наоѓаат во истиот бележник за идеи на авторот, појаснуваат од „Бегемот“.

Додаваат дека авторот, на прв поглед, се задоволува само со каталогизација на наративните потенцијали, без да чувствува обврска да ги систематизира и да воведе ригиден ред во хаосот. Но, повнимателното читање ни покажува дека токму наводната ослободеност од обврската да се доведат приказните до крај доведува до необична, шармантна, непретенциозна и заводлива лежерност во раскажувачкиот тон.

Ѕвездан Георгиевски е роден 1961 година во Јесенице, Република Словенија. Работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“. Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Ги објавил книгите: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ (роман, „Темплум“, 2016, второ издание „Темплум“, 2018), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018) и „Плачеш како кит“ (Бегемот, 2023). Преведува од англиски и од јазиците на некогашните југословенски републики. Досега превел десетина книги. Уредил повеќе зборници, алманаси и списанија. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Книгата „Базирано врз речиси вистинити настани“ е издадена со подршка на Министерството за култура.

The post Излезе од печат книгата „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бегемот“ излезе од печат книгата „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски. Авторот во книгата дава увид во својата писателска работилница, своевиден пренос во живо од неговиот писателски work in progress: дилеми, амбиции, стравови, па и неуспеси... Како што инфрмираат од „Бегемот“, тој ги претставува, ги сецира, а некогаш дури и ги изложува на потсмев своите идеи за романи што никогаш не се реализирани до крај. Радоста со која се раскажува за „неуспешното“ раскажување, како резултат донесува брилијанти прозни фрагменти. Без разлика дали ќе ги наречеме скици, раскази, поглавја или почетоци од романи, во хаосот од идејни концепти, тие функционираат и независно, но и како целина.
Во најновиот ракопис Ѕвездан Георгиевски ги истражува границите на романот како жанр на еден навидум парадоксален начин – однапред откажувајќи се од можноста да напише, односно да заврши еден роман. Ракописот е составен од шеснаесет почетоци, своевидни скици или идеи за роман, кои меѓусебно се поврзани само со тоа што се наоѓаат во истиот бележник за идеи на авторот, појаснуваат од „Бегемот“.
Додаваат дека авторот, на прв поглед, се задоволува само со каталогизација на наративните потенцијали, без да чувствува обврска да ги систематизира и да воведе ригиден ред во хаосот. Но, повнимателното читање ни покажува дека токму наводната ослободеност од обврската да се доведат приказните до крај доведува до необична, шармантна, непретенциозна и заводлива лежерност во раскажувачкиот тон. Ѕвездан Георгиевски е роден 1961 година во Јесенице, Република Словенија. Работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“. Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ги објавил книгите: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ (роман, „Темплум“, 2016, второ издание „Темплум“, 2018), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018) и „Плачеш како кит“ (Бегемот, 2023). Преведува од англиски и од јазиците на некогашните југословенски републики. Досега превел десетина книги. Уредил повеќе зборници, алманаси и списанија. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. Книгата „Базирано врз речиси вистинити настани“ е издадена со подршка на Министерството за култура.

The post Излезе од печат книгата „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски appeared first on Република.

]]>
Промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ и разговор со авторот Ѕвездан Георгиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-publikatsijata-kulturnoto-dejstvuvane-na-grad-skopje-i-opshtina-tsentar-i-razgovor-so-avtorot-zvezdan-georgievski/ Fri, 03 Feb 2023 08:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=603424

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, 3 февруари (петок), со почеток во 10. 30 часот, во КСП Центар Јадро, организира промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски.

Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го водат авторот, Ѕвездан Георгиевски, и уредникот на публикацијата, Никола Гелевски.

Публикацијата ги анализира културните политики на Градот Скопје и Општина Центар, земајќи ги како типични примери на двата различни, ама најчесто применувани принципа на финансирањето на вонинституционалната култура од јавни, односно буџетски пари во нашата држава за 2021 и 2022 година.

The post Промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ и разговор со авторот Ѕвездан Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, 3 февруари (петок), со почеток во 10. 30 часот, во КСП Центар Јадро, организира промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски. Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го водат авторот, Ѕвездан Георгиевски, и уредникот на публикацијата, Никола Гелевски. Публикацијата ги анализира културните политики на Градот Скопје и Општина Центар, земајќи ги како типични примери на двата различни, ама најчесто применувани принципа на финансирањето на вонинституционалната култура од јавни, односно буџетски пари во нашата држава за 2021 и 2022 година.

The post Промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ и разговор со авторот Ѕвездан Георгиевски appeared first on Република.

]]>