ѕвезда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvezda/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 10:16:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѕвезда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvezda/ 32 32 Почина Плејбој ѕвезда на 31-годишна возраст- чекала трансплантација https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-plejboj-zvezda-na-31-godishna-vozrast-chekala-transplantatsija/ Mon, 21 Oct 2024 18:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=829557

Моделот на Плејбој и поранешна ТВ ѕвезда Вероника Морашкина починала на 31-годишна возраст.

Руската ѕвезда починала од белодробна болест додека чекала трансплантација, соопштено е.

Локалните медиуми објавија дека таа починала во четвртокот на 18 октомври.

Според извештаите, Вероника развила тешка болест по страшната сообраќајна несреќа во 2020 година.

Имено, по несреќата Вероника останала прикована за кревет и со тешко повредена нога. Нејзиниот имунолошки систем, исто така, ослабел, и развила белодробна болест.

The post Почина Плејбој ѕвезда на 31-годишна возраст- чекала трансплантација appeared first on Република.

]]>

Моделот на Плејбој и поранешна ТВ ѕвезда Вероника Морашкина починала на 31-годишна возраст. Руската ѕвезда починала од белодробна болест додека чекала трансплантација, соопштено е. Локалните медиуми објавија дека таа починала во четвртокот на 18 октомври. Според извештаите, Вероника развила тешка болест по страшната сообраќајна несреќа во 2020 година. Имено, по несреќата Вероника останала прикована за кревет и со тешко повредена нога. Нејзиниот имунолошки систем, исто така, ослабел, и развила белодробна болест.

The post Почина Плејбој ѕвезда на 31-годишна возраст- чекала трансплантација appeared first on Република.

]]>
Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај за крај на концертната сезона на Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetskata-pijanistichka-zvezda-fazil-saj-za-kraj-na-kontsertnata-sezona-na-filharmonija/ Mon, 20 May 2024 07:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=779964

На 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и омега“, ќе настапи еден од најпознатите пијанисти денес, турскиот и светскиот уметник - Фазил Сај за затворањето на концертната сезона на Македонската филхармонија.

Овој извонреден пијанист, кој поседува навистина редок талент, а со кој повеќе од три децении директно допира до срцата на публиката и критиката, за македонската публика ќе го изведе маестралниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll,оп.37 од Лудвиг ван Бетовен, се вели во најавата на Филхамронија.

Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата оваа вечер е и уште едно дело на генијалниот Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп.84, создадена по истоимената трагедија на Гете.

Во вториот дел од концертот, ќе биде изведена атрактивната Симфониска свита „Шехерезада“, оп. 35 на Николај Римски-Корсаков, создадена по мотивите од познатата бајка „1001 ноќ“.

За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф-диригент и уметнички директор на Македонската филхармонија.

За турскиот и светски пијанист Фазил Сај (1970) критиката ќе каже дека концертите на овој пијанист се нешто поинакво. Тие се подиректни, поотворени, повозбудливи, накусо – стрелаат право во срцето. Токму тоа што го изјавил и композиторот Ариберт Рејман во 1986 година, кога при посетата на Анкара имал можност да го слушне тогаш 16-годишниот Сај. Тогаш, тој веднаш го замолил Дејвид Левин, американскиот пијанист што го придружувал на тоа патување, да дојде во Градскиот конзерваториум и му кажал: „Апсолутно мора да го слушнете, ова момче свири како ѓавол“. Фазил Сај своите први часови по пијано ги почнал кај Митхат Фенмен, кој студирал кај познатиот Алфред Корто во Париз. Чувствувајќи го талентот на неговиот ученик, Фенмен го замолил секој ден да импровизира на теми поврзани со неговиот секојдневен живот, пред да работи на зададените вежби на студиите по пијано. Токму ова, контактот со слободните креативни процеси, се смета за извор на огромниот импровизаторски талент на Фазил Сај, како и на неговиот естетски поглед и во творештвото, како композитор. Неговата извонредна техника бргу му овозможила со леснотија да ги совлада комплексните дела, од префинетоста на Бах, Хајдн и Моцарт, до виртуозната брилијантност на Лист, Мусоргски и Бетовен, што ќе му донесе победа на Меѓународниот натпревар „Young Concert Artist“ во Њујорк, во 1994 година. Оттогаш, тој настапува со сите реномирани американски и европски оркестри, со водечки диригенти, градејќи повеќеслоен репертоар, кој се движи од барок, до современите дела, вклучувајќи ги и сопствените.

 

The post Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај за крај на концертната сезона на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

На 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и омега“, ќе настапи еден од најпознатите пијанисти денес, турскиот и светскиот уметник - Фазил Сај за затворањето на концертната сезона на Македонската филхармонија.
Овој извонреден пијанист, кој поседува навистина редок талент, а со кој повеќе од три децении директно допира до срцата на публиката и критиката, за македонската публика ќе го изведе маестралниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll,оп.37 од Лудвиг ван Бетовен, се вели во најавата на Филхамронија.
Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата оваа вечер е и уште едно дело на генијалниот Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп.84, создадена по истоимената трагедија на Гете. Во вториот дел од концертот, ќе биде изведена атрактивната Симфониска свита „Шехерезада“, оп. 35 на Николај Римски-Корсаков, создадена по мотивите од познатата бајка „1001 ноќ“. За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф-диригент и уметнички директор на Македонската филхармонија. За турскиот и светски пијанист Фазил Сај (1970) критиката ќе каже дека концертите на овој пијанист се нешто поинакво. Тие се подиректни, поотворени, повозбудливи, накусо – стрелаат право во срцето. Токму тоа што го изјавил и композиторот Ариберт Рејман во 1986 година, кога при посетата на Анкара имал можност да го слушне тогаш 16-годишниот Сај. Тогаш, тој веднаш го замолил Дејвид Левин, американскиот пијанист што го придружувал на тоа патување, да дојде во Градскиот конзерваториум и му кажал: „Апсолутно мора да го слушнете, ова момче свири како ѓавол“. Фазил Сај своите први часови по пијано ги почнал кај Митхат Фенмен, кој студирал кај познатиот Алфред Корто во Париз. Чувствувајќи го талентот на неговиот ученик, Фенмен го замолил секој ден да импровизира на теми поврзани со неговиот секојдневен живот, пред да работи на зададените вежби на студиите по пијано. Токму ова, контактот со слободните креативни процеси, се смета за извор на огромниот импровизаторски талент на Фазил Сај, како и на неговиот естетски поглед и во творештвото, како композитор. Неговата извонредна техника бргу му овозможила со леснотија да ги совлада комплексните дела, од префинетоста на Бах, Хајдн и Моцарт, до виртуозната брилијантност на Лист, Мусоргски и Бетовен, што ќе му донесе победа на Меѓународниот натпревар „Young Concert Artist“ во Њујорк, во 1994 година. Оттогаш, тој настапува со сите реномирани американски и европски оркестри, со водечки диригенти, градејќи повеќеслоен репертоар, кој се движи од барок, до современите дела, вклучувајќи ги и сопствените.  

The post Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај за крај на концертната сезона на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/edna-od-najsvetlite-zvezdi-ke-ischezne-od-neboto-na-12-dekemvri/ Mon, 11 Dec 2023 20:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=721906

Ѕвездата Бетелгез, црвен суперџин и вообичаено 10-та најсветла ѕвезда на ноќното небо, накратко ќе исчезне на 12 декември. Ова небесно тело во соѕвездието Орион ќе го крие астероидот 319 Леона, кој гледано од Земјата ќе помине пред него, пишува „Лајв сајенс“.

Овој настан ќе трае само 12 секунди, но астрономите се надеваат дека ќе биде доволно да се направи мапа на површината на оваа џиновска ѕвезда, која има прилично чудно однесување.

Исклучително ретко се случува една од најсветлите ѕвезди на ноќното небо да биде блокирана од астероид.

Иако астероидот е мал, ќе успее да го сокрие најголемиот дел од ѕвездата, но само ограничен број луѓе ќе можат да го видат.

Настанот ќе биде видлив само во тесен опсег во Азија, јужна Европа, јужниот дел на САД и источно Мексико.

Кога станува збор за Балканот, добар дел ќе се најде во тој тесен појас, па овој неверојатен настан ќе може да се набљудува од Грција и Албанија.

Затемнувањето на Бетелгез ќе биде видливо во 2:17 часот на 12 декември, по средноевропско време.

The post Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември appeared first on Република.

]]>

Ѕвездата Бетелгез, црвен суперџин и вообичаено 10-та најсветла ѕвезда на ноќното небо, накратко ќе исчезне на 12 декември. Ова небесно тело во соѕвездието Орион ќе го крие астероидот 319 Леона, кој гледано од Земјата ќе помине пред него, пишува „Лајв сајенс“. Овој настан ќе трае само 12 секунди, но астрономите се надеваат дека ќе биде доволно да се направи мапа на површината на оваа џиновска ѕвезда, која има прилично чудно однесување. Исклучително ретко се случува една од најсветлите ѕвезди на ноќното небо да биде блокирана од астероид. Иако астероидот е мал, ќе успее да го сокрие најголемиот дел од ѕвездата, но само ограничен број луѓе ќе можат да го видат. Настанот ќе биде видлив само во тесен опсег во Азија, јужна Европа, јужниот дел на САД и источно Мексико. Кога станува збор за Балканот, добар дел ќе се најде во тој тесен појас, па овој неверојатен настан ќе може да се набљудува од Грција и Албанија. Затемнувањето на Бетелгез ќе биде видливо во 2:17 часот на 12 декември, по средноевропско време.

The post Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември appeared first on Република.

]]>
Многу планови и соништа, но трагедијата уништи сè: Наместо свадба, семејството на ѕвездата на Гранд подготвува погреб https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/mnogu-planovi-i-sonishta-no-tragedijata-unishti-se-namesto-svadba-semejstvoto-na-zvezdata-na-grand-podgotvuva-pogreb/ Thu, 09 Mar 2023 08:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=617569

Немања Вуковиќ (22), кој трагично загина во понеделникот на автопатот Шид-Белград, кај Добановачка јамка, планирал да се ожени со девојката со која бил во врска повеќе години.

За жал, сообраќајната несреќа во која го загубил животот кога на него налетал автобус додека од непозната причина трчал од едната кон другата страна на патот, ги запре неговите планови.

Двајцата живееле заедно во неговиот стан и сонувале за големо семејство.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zagina-22-godishen-pejach-na-zvezite-na-grand-so-kolata-udril-vo-zashtitnata-ograda-trgnal-da-go-pomine-patot-i-go-pokosil-avtobus/

Според блиски пријатели, се работело за голема љубов, а Немања наскоро планирал да ја побара за жена својата сакана.

Беа неразделни. Тие живееле заедно кај него. Сакаше да ја запроси и секако да го прослави тоа со пријателите и колегите. За жал, сè исчезна кога го загуби животот. Родителите на двете семејства се очајни. Не можам да ви ја опишам тагата што ја чувствуваат. Наместо свадба, тие му подготвуваат погреб на синот. Немања има и двајца браќа, кои се неутешни. Да не зборувам за девојката. Таа не престанува да плаче. Лекарите и даваат седативи и не знам како ќе го преживее погребот. Тие беа неразделни. Тие често ги посетувале Немања и неговата девојка во Белград, но ги посетувале и во Босна и Херцеговина. Во семејството владее голема тага. Во родната куќа на Немања се собираат роднини и соседи. Тешко се справуваат со голема и ненадоместлива загуба, вели изворот, кој не сака јавно да се експонира поради почит кон семејството, вели еден од нив.

Според него, родителите и девојката на повредената ѕвезда немаат сила да добиваат сочувство. Непосредно пред страшната несреќа, Немања возел со својот автомобил од правец на Белград, излетал од патот и удрил во заштитна ограда.

Потоа излегол од возилото и како пешак преминал на автопатските ленти наменети за спротивниот правец. Тоа го чинело живот бидејќи починал од повредите набргу откако бил удрен од автобусот.

Смртта ја констатирал лекарот од Итна помош, кој набрзо со екипа пристигнал на местото на несреќата.

Погребот е во четврток на гробиштата во неговата родна Фоча.

The post Многу планови и соништа, но трагедијата уништи сè: Наместо свадба, семејството на ѕвездата на Гранд подготвува погреб appeared first on Република.

]]>

Немања Вуковиќ (22), кој трагично загина во понеделникот на автопатот Шид-Белград, кај Добановачка јамка, планирал да се ожени со девојката со која бил во врска повеќе години. За жал, сообраќајната несреќа во која го загубил животот кога на него налетал автобус додека од непозната причина трчал од едната кон другата страна на патот, ги запре неговите планови. Двајцата живееле заедно во неговиот стан и сонувале за големо семејство. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zagina-22-godishen-pejach-na-zvezite-na-grand-so-kolata-udril-vo-zashtitnata-ograda-trgnal-da-go-pomine-patot-i-go-pokosil-avtobus/ Според блиски пријатели, се работело за голема љубов, а Немања наскоро планирал да ја побара за жена својата сакана.
Беа неразделни. Тие живееле заедно кај него. Сакаше да ја запроси и секако да го прослави тоа со пријателите и колегите. За жал, сè исчезна кога го загуби животот. Родителите на двете семејства се очајни. Не можам да ви ја опишам тагата што ја чувствуваат. Наместо свадба, тие му подготвуваат погреб на синот. Немања има и двајца браќа, кои се неутешни. Да не зборувам за девојката. Таа не престанува да плаче. Лекарите и даваат седативи и не знам како ќе го преживее погребот. Тие беа неразделни. Тие често ги посетувале Немања и неговата девојка во Белград, но ги посетувале и во Босна и Херцеговина. Во семејството владее голема тага. Во родната куќа на Немања се собираат роднини и соседи. Тешко се справуваат со голема и ненадоместлива загуба, вели изворот, кој не сака јавно да се експонира поради почит кон семејството, вели еден од нив.
Според него, родителите и девојката на повредената ѕвезда немаат сила да добиваат сочувство. Непосредно пред страшната несреќа, Немања возел со својот автомобил од правец на Белград, излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа излегол од возилото и како пешак преминал на автопатските ленти наменети за спротивниот правец. Тоа го чинело живот бидејќи починал од повредите набргу откако бил удрен од автобусот. Смртта ја констатирал лекарот од Итна помош, кој набрзо со екипа пристигнал на местото на несреќата. Погребот е во четврток на гробиштата во неговата родна Фоча.

The post Многу планови и соништа, но трагедијата уништи сè: Наместо свадба, семејството на ѕвездата на Гранд подготвува погреб appeared first on Република.

]]>