Звечан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvechan/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 16:24:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Звечан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zvechan/ 32 32 Косово со притвор за српски државјанин за учество во протестите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-so-pritvor-za-srpski-drzhavjanin-za-uchestvo-vo-protestite/ Sun, 12 May 2024 16:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=777369

Основниот суд во Приштина соопшти денеска дека на српски државјанин, идентификуван со инцијалите С.М., му одредил едномесечен притвор поради постоење сомневања дека ги сторил кривичните дела „Здружување со цел противуставна дејност“, „Загрозување на лица под меѓународна заштита“, „Учество во толпа што врши кривично дело и хулиганство“ и „Напад врз службено лице“, поврзани со нередите од мај минатата година во Звечан во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Судот наведува дека „постојат правни причини за определување притвор, имајќи ги предвид начинот и околностите во кои се сторени кривичните дела, особено општествената опасност на кривичните дела, последиците од кои многу припадници на КФОР, полициски службеници, новинари и други граѓани се повредени“, а причинети се и „бројни материјални штети од опожарување и физички оштетувања.

С.М. е осомничен дека со група други осомничени учествувал во протестите организирани на 29.05.2023 година пред зградата на општина Звечан, нападнале припадници на КФОР и припадници на косовската полиција, како и користеле пена за блокирање на вентилацијата на полициски автомобил во кој во тие моменти биле заробени полициски службеници, а целта на пријавениот била да го спречи снабдувањето со кислород на овие полицајци, сериозно загрозувајќи ги нивните животи, со што дејствијата на овој обвинет ги исполнуваат сите елементите на кривичните дела за кои е осомничен, се наведува во судското соопштение.

Според образложението за определување притвор, доказите доволно покажуваат дека обвинетиот, доколку му се дозволи да се брани на слобода, ќе се обиде да ги промени доказите за кривичното дело, влијаејќи врз други осомничени кои се на слобода, како и други потенцијални сведоци“.

Во конкретниот случај постои и ризик од бегство на обвинетиот, тој лесно може да избега, имајќи го предвид фактот дека е државјанин на Србија и доколку биде ослободен може да избега, така што во овој случај определување притвор е неопходно и повеќе од оправдано, се наведува во соопштението.

The post Косово со притвор за српски државјанин за учество во протестите appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Приштина соопшти денеска дека на српски државјанин, идентификуван со инцијалите С.М., му одредил едномесечен притвор поради постоење сомневања дека ги сторил кривичните дела „Здружување со цел противуставна дејност“, „Загрозување на лица под меѓународна заштита“, „Учество во толпа што врши кривично дело и хулиганство“ и „Напад врз службено лице“, поврзани со нередите од мај минатата година во Звечан во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Судот наведува дека „постојат правни причини за определување притвор, имајќи ги предвид начинот и околностите во кои се сторени кривичните дела, особено општествената опасност на кривичните дела, последиците од кои многу припадници на КФОР, полициски службеници, новинари и други граѓани се повредени“, а причинети се и „бројни материјални штети од опожарување и физички оштетувања.
С.М. е осомничен дека со група други осомничени учествувал во протестите организирани на 29.05.2023 година пред зградата на општина Звечан, нападнале припадници на КФОР и припадници на косовската полиција, како и користеле пена за блокирање на вентилацијата на полициски автомобил во кој во тие моменти биле заробени полициски службеници, а целта на пријавениот била да го спречи снабдувањето со кислород на овие полицајци, сериозно загрозувајќи ги нивните животи, со што дејствијата на овој обвинет ги исполнуваат сите елементите на кривичните дела за кои е осомничен, се наведува во судското соопштение.
Според образложението за определување притвор, доказите доволно покажуваат дека обвинетиот, доколку му се дозволи да се брани на слобода, ќе се обиде да ги промени доказите за кривичното дело, влијаејќи врз други осомничени кои се на слобода, како и други потенцијални сведоци“.
Во конкретниот случај постои и ризик од бегство на обвинетиот, тој лесно може да избега, имајќи го предвид фактот дека е државјанин на Србија и доколку биде ослободен може да избега, така што во овој случај определување притвор е неопходно и повеќе од оправдано, се наведува во соопштението.

The post Косово со притвор за српски државјанин за учество во протестите appeared first on Република.

]]>
Специјалците на Курти упаднаа во српски хотел и бања https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spetsijaltsite-na-kurti-upadnaa-vo-srpski-hotel-i-bana/ Tue, 19 Dec 2023 16:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=724617

Членовите на т.н Косовската полиција упадна во хотелско-спа комплекс „Рајска бања“ во градот Бањска во општина Звечан и ги протера работниците, јавува Косово онлајн.

Инаку, хотелот „Рајска бања“ беше отворен во 2019 година, а лентата ја пресекоа директорот на Канцеларијата за КиМ Марко Ѓуриќ и претседателот на општина Звечан, Иван Тодосијевиќ.

Претседателот на општина Звечан, Иван Тодосијевиќ, по тој повод изјави дека „Рајска бања“ е втор голем инфраструктурен објект во таа општина, чија изградба ја финансираше Владата на Србија преку Канцеларијата за КиМ

The post Специјалците на Курти упаднаа во српски хотел и бања appeared first on Република.

]]>

Членовите на т.н Косовската полиција упадна во хотелско-спа комплекс „Рајска бања“ во градот Бањска во општина Звечан и ги протера работниците, јавува Косово онлајн. Инаку, хотелот „Рајска бања“ беше отворен во 2019 година, а лентата ја пресекоа директорот на Канцеларијата за КиМ Марко Ѓуриќ и претседателот на општина Звечан, Иван Тодосијевиќ. Претседателот на општина Звечан, Иван Тодосијевиќ, по тој повод изјави дека „Рајска бања“ е втор голем инфраструктурен објект во таа општина, чија изградба ја финансираше Владата на Србија преку Канцеларијата за КиМ

The post Специјалците на Курти упаднаа во српски хотел и бања appeared first on Република.

]]>
Курти сака војна по секоја цена: Над сто полицајци со полна воена опрема влегоа на северот на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-saka-vojna-po-sekoja-tsena-nad-sto-politsajtsi-so-polna-voena-oprema-vlegoa-na-severot-na-kosovo/ Fri, 23 Jun 2023 20:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=654559

 Премиерот на Косово, Албин Курти, одговори на изјавите на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, за ситуацијата во државата.

„Ширењето паника и лажни тврдења само ги подгрева тензиите и им помага на оние кои сакаат ескалација“, објави Курти на Твитер.

Според него, вежбите на косовските безбедносни сили во јужниот дел на Косовска Митровица се одржуваат како дел од редовните активности, за што КФОР е целосно информиран.

„Дезинформациите се опасни и неприфатливи“, напиша Курти. Тој додаде дека е приведен човек од северниот дел од Косовска МИтропвица поради напад врз КФОР во Звечан на 29 мај.

Борел преку Твитер упати порака дека е многу вознемирен од ситуацијата во северниот дел од косово.

https://republika.mk/vesti/balkan/novi-tenzii-vo-zvechan-uapseni-dvajtsa-srbi/

„По вчерашната кризна средба, имаме вонсудски апсења на косовски Срби, марширање на косовските безбедносни сили во јужна Митровица и тешка реторика од Србија. Ескалацијата продолжува и станува опасна. Нема да ја толерираме“, напиша Борел.

The post Курти сака војна по секоја цена: Над сто полицајци со полна воена опрема влегоа на северот на Косово appeared first on Република.

]]>

 Премиерот на Косово, Албин Курти, одговори на изјавите на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, за ситуацијата во државата. „Ширењето паника и лажни тврдења само ги подгрева тензиите и им помага на оние кои сакаат ескалација“, објави Курти на Твитер. Според него, вежбите на косовските безбедносни сили во јужниот дел на Косовска Митровица се одржуваат како дел од редовните активности, за што КФОР е целосно информиран.
„Дезинформациите се опасни и неприфатливи“, напиша Курти. Тој додаде дека е приведен човек од северниот дел од Косовска МИтропвица поради напад врз КФОР во Звечан на 29 мај.
Борел преку Твитер упати порака дека е многу вознемирен од ситуацијата во северниот дел од косово. https://republika.mk/vesti/balkan/novi-tenzii-vo-zvechan-uapseni-dvajtsa-srbi/
„По вчерашната кризна средба, имаме вонсудски апсења на косовски Срби, марширање на косовските безбедносни сили во јужна Митровица и тешка реторика од Србија. Ескалацијата продолжува и станува опасна. Нема да ја толерираме“, напиша Борел.

The post Курти сака војна по секоја цена: Над сто полицајци со полна воена опрема влегоа на северот на Косово appeared first on Република.

]]>
Нови тензии во Звечан, уапсени двајца Срби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novi-tenzii-vo-zvechan-uapseni-dvajtsa-srbi/ Fri, 23 Jun 2023 19:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=654543

Косовската полиција во Звечан  ааапси Срби, дознава Косово онлајн.Главната улица во Звечан е блокирана од двете страни.

Речиси истовремено со информациите за акцијата на косовската полиција во Звечан, мештаните известија дека хеликоптерот Кфора слетал во Житковац, во оваа општина

The post Нови тензии во Звечан, уапсени двајца Срби appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција во Звечан  ааапси Срби, дознава Косово онлајн.Главната улица во Звечан е блокирана од двете страни. Речиси истовремено со информациите за акцијата на косовската полиција во Звечан, мештаните известија дека хеликоптерот Кфора слетал во Житковац, во оваа општина

The post Нови тензии во Звечан, уапсени двајца Срби appeared first on Република.

]]>
Немирна ноќ на северно Косово: Ранети тројца Срби, снајперите во општините на нишан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nemirna-nok-na-severot-na-kosovo-raneti-trojtsa-srbi-snajperite-vo-opshtinite-na-nishan/ Tue, 30 May 2023 06:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=645968

Специјалните сили на косовската полиција синоќа поставија опрема за разбивање демонстрации и бодликава жица.Најтензично ноќеска беше во Звечан, каде со истрели од огнено оружје раниле тројца Срби, од кои еден е тешко повреден, а лекарите се борат за неговиот живот. Фрлен е солзавец и 30 шок бомби, а од прозорецот на зградата на Општината ѕиркаат снајперисти.

Србите  имаат две барања: Да си заминат нелегитимните градоначалници и да се повлечат членовите на РОСУ од север и од општинските згради.

Синоќа пак знамето на Република Србија, кое се наоѓа до споменикот на Милош Обилиќ во Грачаница било запалено од непознати сторители.

The post Немирна ноќ на северно Косово: Ранети тројца Срби, снајперите во општините на нишан appeared first on Република.

]]>

Специјалните сили на косовската полиција синоќа поставија опрема за разбивање демонстрации и бодликава жица.Најтензично ноќеска беше во Звечан, каде со истрели од огнено оружје раниле тројца Срби, од кои еден е тешко повреден, а лекарите се борат за неговиот живот. Фрлен е солзавец и 30 шок бомби, а од прозорецот на зградата на Општината ѕиркаат снајперисти. Србите  имаат две барања: Да си заминат нелегитимните градоначалници и да се повлечат членовите на РОСУ од север и од општинските згради. Синоќа пак знамето на Република Србија, кое се наоѓа до споменикот на Милош Обилиќ во Грачаница било запалено од непознати сторители.

The post Немирна ноќ на северно Косово: Ранети тројца Срби, снајперите во општините на нишан appeared first on Република.

]]>
Нови немири на Северот на Косово: Вперени цевки и бодликава жица за Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novi-nemiri-na-severot-na-kosovo-vpereni-tsevki-i-bodlikava-zhitsa-za-srbite/ Mon, 29 May 2023 08:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=645644

Припадниците на КФОР утрово се во Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица и Звечан со опрема за разбивање на демонстрациите.  Насобраните Срби во Звечан бараат специјалната полиција да се повлече. Тие викаат „одeте си, одете се  „ова е Србија“.

Косовската полиција утрово фрли солзавец кон вработените во општина Звечан кои во неколку наврати се обидоа да влезат во зградата.

Како што јави Радио-телевизија Србија, вработените во неколку наврати се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата.

Вработените во таа општина претходно беа пропуштени од војниците на КФОР, кои од утрово се распоредени пред општинската зграда, вооружени и со опрема да ги разбијат демонстрациите.

Претставниците на Српската листа, Горан Ракиќ, Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ пристигнале пред  зградата и разговараат со претставници на косовската полиција, јавува РТС.

Според косовскиот портал Kоха.нет, Ракиќ и Симиќ поставиле две барања за заминување на демонстрантите од зградата на општина Звечан, каде што се собраа да протестираат.

Нивните барања се отстранување на косовската полиција од областа и оставка на новиот градоначалник избран на изборите на 23 април.

Овие барања беа изнесени на нивниот состанок одржан со командантот на КФОР кој е таму.

Во петокот, по обидите на граѓаните од северот на Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец, чад и шок бомби.

Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и ги внесе албанските градоначалници, кои победија на неодамна одржаните избори, на кои излегоа вкупно 3,4 отсто од гласачите.

Изборите, кои беа бојкотирани од српските политички претставници на Косово, беа организирани од Приштина на крајот на април, откако Србите ги напуштија косовските институции во ноември минатата година

The post Нови немири на Северот на Косово: Вперени цевки и бодликава жица за Србите appeared first on Република.

]]>

Припадниците на КФОР утрово се во Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица и Звечан со опрема за разбивање на демонстрациите.  Насобраните Срби во Звечан бараат специјалната полиција да се повлече. Тие викаат „одeте си, одете се  „ова е Србија“. Косовската полиција утрово фрли солзавец кон вработените во општина Звечан кои во неколку наврати се обидоа да влезат во зградата. Како што јави Радио-телевизија Србија, вработените во неколку наврати се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата. Вработените во таа општина претходно беа пропуштени од војниците на КФОР, кои од утрово се распоредени пред општинската зграда, вооружени и со опрема да ги разбијат демонстрациите. Претставниците на Српската листа, Горан Ракиќ, Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ пристигнале пред  зградата и разговараат со претставници на косовската полиција, јавува РТС. Според косовскиот портал Kоха.нет, Ракиќ и Симиќ поставиле две барања за заминување на демонстрантите од зградата на општина Звечан, каде што се собраа да протестираат. Нивните барања се отстранување на косовската полиција од областа и оставка на новиот градоначалник избран на изборите на 23 април. Овие барања беа изнесени на нивниот состанок одржан со командантот на КФОР кој е таму. Во петокот, по обидите на граѓаните од северот на Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец, чад и шок бомби. Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и ги внесе албанските градоначалници, кои победија на неодамна одржаните избори, на кои излегоа вкупно 3,4 отсто од гласачите. Изборите, кои беа бојкотирани од српските политички претставници на Косово, беа организирани од Приштина на крајот на април, откако Србите ги напуштија косовските институции во ноември минатата година

The post Нови немири на Северот на Косово: Вперени цевки и бодликава жица за Србите appeared first on Република.

]]>
Косовските градоначалници со полиција влегоа во српските општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-gradonachalnitsi-so-politsija-vlegoa-vo-srpskite-opshtini/ Fri, 26 May 2023 16:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=645032

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток – Измир Зеќири, на Звечан – Илир Пеци и на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми попладнево влегоа во своите кабинети и стапија на должност.

Ситуацијата во моментов е релативно мирна, но тензична со масовно присуство на косовската полиција и нејзини возила, и не се исклучуваат уште инциденти

Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, за да ги спречат градоначалниците од албанска националност да влезат во општините и да стапат на должност, како што беше претходно најавено и планирано. Тие победија на априлските избори, кои беа масовно бојкотирани од Србите.

Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови потоа пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, и со солзавец и шок бомби ги растераа Србите, вработени во тие општини, кои се собраа пред влезовите на општинските згради. Во Звечан наводно се слушнале и истрели, а запалено е и полициско возило.

Акцијата ја потврди и косовската полиција.

- Согласно службената должност, денеска косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини, се вели во официјалното соопштение на косовската полиција.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, кусо по почетокот на инцидентите потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди итно да тргнат на административна линија со Косово и Метохија, соопшти министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

Претставници на болницата во Косовска Митровица потврдија дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани биле повредени десетина лица.

Владата на Косово неколку часа претходно ги известила земјите од Квинтата за намерата со помош на полицијата да влезе во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. За споменатата акција, според Албаниан пост, не добиле согласност од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Но, и покрај тоа, косовските институции решија да продолжат со планот, пишува albanianpost.com.

https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-vrie-spetsijaltsi-upadnaa-vo-zvechane-kaj-srbite/

Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, ја осуди постапката на косовските власти и повика на итен прекин.

- САД ја осудуваат акцијата на косовските власти да пристапат до општинските згради на северот на Косово. Таа насилна мерка мора веднаш да престане, напиша на Твитер Ховениер.

И претседавачот со ОБСЕ и македонски министер за надворешни работи, Бујар Османи по денешните случувања во северно Косово повика на смирување на тензиите и деескалација на состојбата.

- Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста. ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка, напиша Османи на Твитер.

Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на новинарски прашања за настаните во северно Косово.

Сè уште не е ништо соопштено за евентуална прес-конференција на која Курти ќе одговара на новинарски прашања за оваа тема

The post Косовските градоначалници со полиција влегоа во српските општини appeared first on Република.

]]>

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток – Измир Зеќири, на Звечан – Илир Пеци и на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми попладнево влегоа во своите кабинети и стапија на должност. Ситуацијата во моментов е релативно мирна, но тензична со масовно присуство на косовската полиција и нејзини возила, и не се исклучуваат уште инциденти Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, за да ги спречат градоначалниците од албанска националност да влезат во општините и да стапат на должност, како што беше претходно најавено и планирано. Тие победија на априлските избори, кои беа масовно бојкотирани од Србите. Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови потоа пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, и со солзавец и шок бомби ги растераа Србите, вработени во тие општини, кои се собраа пред влезовите на општинските згради. Во Звечан наводно се слушнале и истрели, а запалено е и полициско возило. Акцијата ја потврди и косовската полиција. - Согласно службената должност, денеска косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини, се вели во официјалното соопштение на косовската полиција. Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, кусо по почетокот на инцидентите потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди итно да тргнат на административна линија со Косово и Метохија, соопшти министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Претставници на болницата во Косовска Митровица потврдија дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани биле повредени десетина лица. Владата на Косово неколку часа претходно ги известила земјите од Квинтата за намерата со помош на полицијата да влезе во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. За споменатата акција, според Албаниан пост, не добиле согласност од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Но, и покрај тоа, косовските институции решија да продолжат со планот, пишува albanianpost.com. https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-vrie-spetsijaltsi-upadnaa-vo-zvechane-kaj-srbite/ Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, ја осуди постапката на косовските власти и повика на итен прекин. - САД ја осудуваат акцијата на косовските власти да пристапат до општинските згради на северот на Косово. Таа насилна мерка мора веднаш да престане, напиша на Твитер Ховениер. И претседавачот со ОБСЕ и македонски министер за надворешни работи, Бујар Османи по денешните случувања во северно Косово повика на смирување на тензиите и деескалација на состојбата. - Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста. ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка, напиша Османи на Твитер. Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на новинарски прашања за настаните во северно Косово. Сè уште не е ништо соопштено за евентуална прес-конференција на која Курти ќе одговара на новинарски прашања за оваа тема

The post Косовските градоначалници со полиција влегоа во српските општини appeared first on Република.

]]>
Koсово врие, специjaлци упаднаа во Звечане кај Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-vrie-spetsijaltsi-upadnaa-vo-zvechane-kaj-srbite/ Fri, 26 May 2023 13:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=644957

– Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, а Срби, вработени во тие општини, се собраа пред влезовите во зградите, пренесе Бета.

 

Во Звечан се слушнале истрели, а запленето е полициско возило, јавува РТС. Ситуацијата ескалирала по дискусија меѓу граѓани и припадници на косовската полиција во Звечан, а се слушале и пукотници.

 

– Во неколку наврати се фрлаа солзавец и шок-бомби. После тоа граѓаните побегнаа.

Потоа повторно се обидоа да се вратат пред зградата на општината, а полицијата со пушки се движеше кон општината, се слушна шок бомба, пренесува Радио Контакт Плус.

Дописникот на РТС јави и дека било опожарено полициско возило. Според Н1, припадници на косовската полиција влегле во зградата на општина Звечан, откако употребиле солзавец и шок бомби.

На приодот кон Митровица од правец на Приштина, нема видливо зголемено присуство на полиција.

 

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди да се движат во правец кон границата со Косово.

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека наредбата била издадена нешто пред 14 часот и оти Армијата започнала со активности од тој момент.

 

– Наредено е итно движење кон административната линија со Косово, изјави Вучевиќ во живо за белградски медиуми.

Тој предупреди дека настаните на северот на Косово, каде приштинската влада ги презема зградите на локалните самоуправи, „не се игра, туку дека тоа ја загрозува безбедноста на сите во регионот“.

https://www.youtube.com/watch?v=KmsiGOo84ww&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fvideo-rafali-shok-bombi-solzavec-dramatichno-na-severot-na-kosovo-srpskata-vo-ska-stavena-vo-borbena-gotovno&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

 

The post Koсово врие, специjaлци упаднаа во Звечане кај Србите appeared first on Република.

]]>

– Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, а Срби, вработени во тие општини, се собраа пред влезовите во зградите, пренесе Бета.
  Во Звечан се слушнале истрели, а запленето е полициско возило, јавува РТС. Ситуацијата ескалирала по дискусија меѓу граѓани и припадници на косовската полиција во Звечан, а се слушале и пукотници.   – Во неколку наврати се фрлаа солзавец и шок-бомби. После тоа граѓаните побегнаа. Потоа повторно се обидоа да се вратат пред зградата на општината, а полицијата со пушки се движеше кон општината, се слушна шок бомба, пренесува Радио Контакт Плус. Дописникот на РТС јави и дека било опожарено полициско возило. Според Н1, припадници на косовската полиција влегле во зградата на општина Звечан, откако употребиле солзавец и шок бомби. На приодот кон Митровица од правец на Приштина, нема видливо зголемено присуство на полиција.   Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди да се движат во правец кон границата со Косово. Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека наредбата била издадена нешто пред 14 часот и оти Армијата започнала со активности од тој момент.   – Наредено е итно движење кон административната линија со Косово, изјави Вучевиќ во живо за белградски медиуми. Тој предупреди дека настаните на северот на Косово, каде приштинската влада ги презема зградите на локалните самоуправи, „не се игра, туку дека тоа ја загрозува безбедноста на сите во регионот“. https://www.youtube.com/watch?v=KmsiGOo84ww&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fvideo-rafali-shok-bombi-solzavec-dramatichno-na-severot-na-kosovo-srpskata-vo-ska-stavena-vo-borbena-gotovno&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title  

The post Koсово врие, специjaлци упаднаа во Звечане кај Србите appeared first on Република.

]]>