зузана чапутова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zuzana-chaputova/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 15:54:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зузана чапутова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zuzana-chaputova/ 32 32 Претседателката во заминување и новиот претседател на Словачка: Атентатот врз премиерот Фицо е напад врз демократијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-vo-zaminuvane-i-noviot-pretsedatel-na-slovachka-atentatot-vrz-premierot-fitso-e-napad-vrz-demokratijata/ Thu, 16 May 2024 16:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=778925

Претседателката на Словачка во заминување, Зузана Чапутова и новоизбраниот претседател Петер Пелегрини, во Братислава изјавија дека атентатот врз премиерот Роберт Фицо извршен вчера, е напад врз демократијата и ги повикаа сите на политичката сцена да излезат од „маѓепсаниот круг на насилство“ и привремено да ја прекинат кампањата пред изборите за Европскиот парламент.

И двајцата делиме ист став, ние сме против секаков вид насилство. Вчерашниот напад е голема човечка трагедија, но истовремено и напад на демократскиот поредок. Сакаме да ги поканиме сите: Да излеземе од магичниот круг на насилство и меѓусебни обвинувања, тоа што се случи вчера, тоа е чин на поединец, но напнатата атмосфера на омраза е наша колективно дело“, рече Чапутова во заедничкото обраќање со Пелегрини, кој во јуни од неа ќе ја преземе должноста.

Пелергини и Чапутова се договорија да ги повикаат лидерите на сите политички партии да се смири ситуацијата и заедно да го отфрлат насилството.

Ние, политичарите, мораме да владееме со нашите емоции“, порача Чапутова.

Новоизбраниот претседател Пелегрини изјави дека е згрозен од тоа до што може да доведе омразата кон политичар.

Словачка до вчера ја красеше способноста демократски и во согласност со Уставот да ги решава сите политички кризи. За да не се повторат атентатите, сите мора да покажат голема одговорност. Денеска Словачка мора да тргне по патот на мирот и смирување на страстите. На омразата не смееме да одговориме со омраза“, рече Пелегрини.

Словачкиот премиер Фицо вчера беше застрелан во градот Хандлова во централна Словачка од 71-годишниот Јурај Цинтула, кој некогаш работел како чувар во трговски центар, па оттука и неговиот легален пиштол. Цинтула се занимава со поезија и наводно бил фрустриран од состојбата на словачкото општество и работата на Владата.

The post Претседателката во заминување и новиот претседател на Словачка: Атентатот врз премиерот Фицо е напад врз демократијата appeared first on Република.

]]>

Словачка ја стопира воената помош за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovachka-ja-stopira-voenata-pomosh-za-ukraina/ Thu, 05 Oct 2023 16:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=688298

Словачката претседателка, Зузана Чапутова, го отфрли планот на привремената влада за испраќање нова воена помош за Украина, велејќи дека владата нема такво овластување и оти партиите кои се противат на таквата поддршка преговараат за формирање влада по минатонеделните избори.

Претседателскиот кабинет соопшти дека актуелната техничка влада има само ограничени овластувања, бидејќи на 15 јуни ја загуби потребната доверба во парламентот, еден месец откако Чапутова положи заклетва.

Чапутова во понеделникот го повика Роберт Фицо да формира влада. Неговата партија Смер-Словачка социјалдемократија (СМЕР-СД) освои најмногу гласови на парламентарните избори, но не и мнозинство во парламентот.

Фицо вети дека ќе ја стопира воената поддршка на Словачка за Украина, а неговата победа би можела дополнително да го наруши кревкото единство во Европската Унија и НАТО.

Во соопштението за печатот се наведува дека Чапутова, која е цврст поддржувач на Украина од почетокот на војната и двапати го посети Киев, не го променила својот став за неопходноста од воена помош за Украина. Но, во него се наведува и дека „одобрувањето на пакетот воена помош од страна на владата во заминување ќе создаде ризичен преседан за промена на власта по какви било идни избори“.

The post Словачка ја стопира воената помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Словачката претседателка, Зузана Чапутова, го отфрли планот на привремената влада за испраќање нова воена помош за Украина, велејќи дека владата нема такво овластување и оти партиите кои се противат на таквата поддршка преговараат за формирање влада по минатонеделните избори. Претседателскиот кабинет соопшти дека актуелната техничка влада има само ограничени овластувања, бидејќи на 15 јуни ја загуби потребната доверба во парламентот, еден месец откако Чапутова положи заклетва. Чапутова во понеделникот го повика Роберт Фицо да формира влада. Неговата партија Смер-Словачка социјалдемократија (СМЕР-СД) освои најмногу гласови на парламентарните избори, но не и мнозинство во парламентот. Фицо вети дека ќе ја стопира воената поддршка на Словачка за Украина, а неговата победа би можела дополнително да го наруши кревкото единство во Европската Унија и НАТО. Во соопштението за печатот се наведува дека Чапутова, која е цврст поддржувач на Украина од почетокот на војната и двапати го посети Киев, не го променила својот став за неопходноста од воена помош за Украина. Но, во него се наведува и дека „одобрувањето на пакетот воена помош од страна на владата во заминување ќе создаде ризичен преседан за промена на власта по какви било идни избори“.

The post Словачка ја стопира воената помош за Украина appeared first on Република.

]]>
Словачката претседателка Чапутова ќе му даде мандат на Фицо да формира влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovachkata-pretsedatelka-chaputova-ke-mu-dade-mandat-na-fitso-da-formira-vlada/ Mon, 02 Oct 2023 11:46:12 +0000 https://republika.mk/?p=687105

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова попладнево ќе се сретне со Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на изборите завчера и ќе му даде политички мандат да ги започне преговорите за формирање нова влада, соопштија од нејзиниот кабинет.

Фицо и неговата партија освоија речиси 23 отсто од гласовите по кампањата за укинување на воената помош за Украина. СМЕР го победи либералниот противник Прогресивна Словачка (ПС), која доби 18 отсто од гласовите.

Бидејќи нема мнозинство, се очекува Фицо да се обиде да формира коалициска влада со Хлас, партија која се отцепи од СМЕР во 2020 година, а на изборите освои речиси 15 отсто од гласовите, и најверојатно со проруската Словачка национална партија (СНС), која освои 5,6 отсто од гласовите.

The post Словачката претседателка Чапутова ќе му даде мандат на Фицо да формира влада appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова попладнево ќе се сретне со Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на изборите завчера и ќе му даде политички мандат да ги започне преговорите за формирање нова влада, соопштија од нејзиниот кабинет. Фицо и неговата партија освоија речиси 23 отсто од гласовите по кампањата за укинување на воената помош за Украина. СМЕР го победи либералниот противник Прогресивна Словачка (ПС), која доби 18 отсто од гласовите. Бидејќи нема мнозинство, се очекува Фицо да се обиде да формира коалициска влада со Хлас, партија која се отцепи од СМЕР во 2020 година, а на изборите освои речиси 15 отсто од гласовите, и најверојатно со проруската Словачка национална партија (СНС), која освои 5,6 отсто од гласовите.

The post Словачката претседателка Чапутова ќе му даде мандат на Фицо да формира влада appeared first on Република.

]]>
Чапутова: Сè додека Украина е во војна, не можеме да зборуваме за приклучување кон НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chaputova-se-dodeka-ukraina-e-vo-vojna-ne-mozheme-da-zboruvame-za-prikluchuvane-kon-nato/ Wed, 15 Mar 2023 11:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=619840

Словачката претседателка Зузана Чапутова смета дека е невозможно да се зборува за влез на Украина во НАТО се додека во таа земја има војна.

Што се однесува до приемот во Северноатлантската алијанса, ситуацијата на сите им е јасна - сè додека Украина е во војна, не можеме да зборуваме за приклучување кон блокот. Ова произлегува од членот 5 на Северноатлантскиот договор и другите предуслови што една земја мора да ги исполни за да стане членка на НАТО, изјави Чапутова.

Таа потсети дека била еден од европските претседатели кои минатата година најактивно го поддржале доделувањето на Украина на статусот на кандидатка за ЕУ, пренесува Тасс.

Украина има уште релативно долг пат до полноправно членство во ЕУ, додаде Чапутова.

The post Чапутова: Сè додека Украина е во војна, не можеме да зборуваме за приклучување кон НАТО appeared first on Република.

На средбата Ковачевски – Чапутова се зборувало за енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-sredbata-kovachevski-chaputova-se-zboruvalo-za-energetskata-kriza/ Wed, 07 Sep 2022 15:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=548410

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, се сретна со претседателката на Република Словачка, Зузана Чапутова и словачка делегација, придружувана од словачкиот амбасадор во земјава, Хенрих Маркуш.

Како што информира прес-службата на Владата, за време на состанокот биле потврдени пријателските и блиски релации помеѓу двете држави, а била изразена и заедничка определба за нивно натамошно унапредување.

-Потенцирана е отворената поддршка на Словачка на европските перспективи на Западен Балкан и во таа насока изразена е силна поддршка од Република Словачка за процесот на преговори и за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија, се вели во соопштението.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил за значајното пријателство со Словачка и придонесот во остварувањето на стратешките евроатлански цели, во реформските процеси, како и во важни моменти за граѓаните, како што е помошта во здравството за време на пандемијата.

Тој рече дека Владата, како и владите на државите во Европа и во светот, е посветена на справувањето со последиците од војната во Украина, при што Македонија се постави стопроцентно на линија на надворешната политика на ЕУ. Исто така, државата ги развива добрососедските односи и институциите се определени на ефикасна динамика во реализацијата на скрининг процесот, што е план и за преговарачкиот процес, а со што е реална и остварлива целта за членството во Европската Унија до 2030 година, се вели во соопштението од Владата.

Во разговорот била нагласена важноста од фокус на сите политички субјекти кон државните интереси.

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби ја истакнаа и важноста на поддршката од Вишеградската група и споделените искуства во процесот на интегрирањето на Македонија во НАТО, којашто е оценета како значајна и во процесот за ЕУ, додаваат од Владата.

На средбата била изразена заедничка подготвеност земјите да ги унапредат билатералните односи во областа на економијата и како партнери во НАТО, во справувањето со сите актуелни предизвици.

За време на состанокот, како што информираат посебно внимание било посветено на состојбите во енергетиката на светско ниво, што се рефлектираат врз државите, при што биле разгледани нови можности за енергетско поврзување, а заеднички била оценета потребата за тесна соработка на ЕУ и земјите од Западен Балкан, во потенцијалните решенија. 

The post На средбата Ковачевски – Чапутова се зборувало за енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, се сретна со претседателката на Република Словачка, Зузана Чапутова и словачка делегација, придружувана од словачкиот амбасадор во земјава, Хенрих Маркуш. Како што информира прес-службата на Владата, за време на состанокот биле потврдени пријателските и блиски релации помеѓу двете држави, а била изразена и заедничка определба за нивно натамошно унапредување.
-Потенцирана е отворената поддршка на Словачка на европските перспективи на Западен Балкан и во таа насока изразена е силна поддршка од Република Словачка за процесот на преговори и за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија, се вели во соопштението.
Премиерот Ковачевски се заблагодарил за значајното пријателство со Словачка и придонесот во остварувањето на стратешките евроатлански цели, во реформските процеси, како и во важни моменти за граѓаните, како што е помошта во здравството за време на пандемијата.
Тој рече дека Владата, како и владите на државите во Европа и во светот, е посветена на справувањето со последиците од војната во Украина, при што Македонија се постави стопроцентно на линија на надворешната политика на ЕУ. Исто така, државата ги развива добрососедските односи и институциите се определени на ефикасна динамика во реализацијата на скрининг процесот, што е план и за преговарачкиот процес, а со што е реална и остварлива целта за членството во Европската Унија до 2030 година, се вели во соопштението од Владата.
Во разговорот била нагласена важноста од фокус на сите политички субјекти кон државните интереси.
Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби ја истакнаа и важноста на поддршката од Вишеградската група и споделените искуства во процесот на интегрирањето на Македонија во НАТО, којашто е оценета како значајна и во процесот за ЕУ, додаваат од Владата.
На средбата била изразена заедничка подготвеност земјите да ги унапредат билатералните односи во областа на економијата и како партнери во НАТО, во справувањето со сите актуелни предизвици. За време на состанокот, како што информираат посебно внимание било посветено на состојбите во енергетиката на светско ниво, што се рефлектираат врз државите, при што биле разгледани нови можности за енергетско поврзување, а заеднички била оценета потребата за тесна соработка на ЕУ и земјите од Западен Балкан, во потенцијалните решенија. 

The post На средбата Ковачевски – Чапутова се зборувало за енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Очекуваме принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ochekuvame-principielna-poddrshka-kako-slovachkata-i-od-drugite-chlenki-na-eu/ Wed, 07 Sep 2022 10:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=548269

Претседателот Стерво Пендаровски денеска, по тет-а-тет средбата со претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, порача дека земјава за евроинтегративниот процес очекува принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ.

Пендаровски на заедничката прес-конференција по средбата се заблагодари за „постојаната и исклучително гласна“ поддршка на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател.

Посетата на Чапутова, оцени шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.

Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, не поддржуваше во сите ситуации. Искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како една од движечки сили на Вишеградската група, потенцира Пендаровски.

Според него, Македонија чекаше 17 години со статус на кандидат за да почне преговори и тоа е, за жал, како што рече, еден од ретките негативни преседани во процесот на европските интеграции.

ЕУ долги години со право се фали со тој процес, дека е веројатно најдобрата надворешна политика на целата Унија, но во тој дел, не само кон нас, туку и кон цел Западен Балкан не покажа високи или исклучителни резултати. Добро е што конечно, по серија направени компромиси од нашата страна и постоење неспорна политичка волја од страна на Брисел почнавме преговори. Сакам посебно да се заблагодарам на Словачката република која ни даваше поддршка во сите овие години додека чекавме да ги почнеме заслужените преговори. Поддршката беше на принципиелна основа, немаше политизирање на ниту едно прашање било да се работи за некој сегашен проблем или за некакво толкување на историјата. Словачка беше еден од нашите најдобри адвокати додека чекавме да ги разрешиме преостанатите пречки и да ги почнеме преговорите, а овој месец ќе почне и скринингот, напомена Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека со Чапутова размениле мислења и за зајакнување на регионалната соработка, како и за успешниот модел на Вишеградската група чие искуство, како што рече, може да биде корисен пример и за земјите од Западен Балкан.

Разговаравме и за безбедноста на континетот, за војната во Украина и последиците од кризата. Посебен фокус беше ставен на интензивирањето на економската соработка која го нема постигнато својот реален потенцијал, иако трговската размена бележи константен раст во последните пет-шест години. Изразив очекување дека ќе видиме поголеми инвестиции на словачките компании кај нас, особено сега, откако ги почнавме преговорите со ЕУ, потенцира Пендаровски.

Претседателот изрази и уверување дека во следниот период односите меѓу двете змеји ќе бидат кренати на уште повисоко ниво за што придонес ќе има и нашата амбасада во Братислава.

Во текот на овој месец очекувам нашиот ополномоштен амбасадор да ја преземе должноста во главниот град на Словачката Република, истакна Пендаровски.

The post Пендаровски: Очекуваме принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стерво Пендаровски денеска, по тет-а-тет средбата со претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, порача дека земјава за евроинтегративниот процес очекува принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ. Пендаровски на заедничката прес-конференција по средбата се заблагодари за „постојаната и исклучително гласна“ поддршка на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател. Посетата на Чапутова, оцени шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.
Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, не поддржуваше во сите ситуации. Искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како една од движечки сили на Вишеградската група, потенцира Пендаровски.
Според него, Македонија чекаше 17 години со статус на кандидат за да почне преговори и тоа е, за жал, како што рече, еден од ретките негативни преседани во процесот на европските интеграции.
ЕУ долги години со право се фали со тој процес, дека е веројатно најдобрата надворешна политика на целата Унија, но во тој дел, не само кон нас, туку и кон цел Западен Балкан не покажа високи или исклучителни резултати. Добро е што конечно, по серија направени компромиси од нашата страна и постоење неспорна политичка волја од страна на Брисел почнавме преговори. Сакам посебно да се заблагодарам на Словачката република која ни даваше поддршка во сите овие години додека чекавме да ги почнеме заслужените преговори. Поддршката беше на принципиелна основа, немаше политизирање на ниту едно прашање било да се работи за некој сегашен проблем или за некакво толкување на историјата. Словачка беше еден од нашите најдобри адвокати додека чекавме да ги разрешиме преостанатите пречки и да ги почнеме преговорите, а овој месец ќе почне и скринингот, напомена Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање.
Тој информира дека со Чапутова размениле мислења и за зајакнување на регионалната соработка, како и за успешниот модел на Вишеградската група чие искуство, како што рече, може да биде корисен пример и за земјите од Западен Балкан.
Разговаравме и за безбедноста на континетот, за војната во Украина и последиците од кризата. Посебен фокус беше ставен на интензивирањето на економската соработка која го нема постигнато својот реален потенцијал, иако трговската размена бележи константен раст во последните пет-шест години. Изразив очекување дека ќе видиме поголеми инвестиции на словачките компании кај нас, особено сега, откако ги почнавме преговорите со ЕУ, потенцира Пендаровски.
Претседателот изрази и уверување дека во следниот период односите меѓу двете змеји ќе бидат кренати на уште повисоко ниво за што придонес ќе има и нашата амбасада во Братислава.
Во текот на овој месец очекувам нашиот ополномоштен амбасадор да ја преземе должноста во главниот град на Словачката Република, истакна Пендаровски.

The post Пендаровски: Очекуваме принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chaputova-ochekuvam-deka-mnogu-skoro-kje-bideme-zaedno-i-vo-eu/ Wed, 07 Sep 2022 10:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=548248

Ги поздравувам сите чекори на вашата земја за приближување кон ЕУ. Словачка, која помина низ тој процес, ќе продолжи со континуираната, несмалена поддршка. Потребни се големи напори и политичка храброст. Подобрувањето во јавните институции и услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува, порача претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова по денешната средба со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски.

На заедничката прес-конференција со Пендаровски, Чапутова истакна дека во овој момент енергетската криза е најголемиот проблем поради што треба да се наоѓаат најдобрите и најефикасни решенија за негово надминување. Притоа, напомена дека Словачка нема да остпаи од амбициите за „зелена транзиција“.

Чапутова и Пендаровски, како што соопштија, разговарале за интензивирање на економската соработка, како и за унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои и науката и културата.

Пред неколку месеци, за среќа, преговорите беа почнати, а очекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ. Словачка постојано ги поддржува вашите напори за пристапување и подготвени сме да ги споделиме сите наши искуства во тој дел. Ние го минавме тој пат, но подобрувањето во јавните институции, услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува. Многу работи не врзуваат, имаме одлични билатерални односи и заедничка историја, рече Чапутова.

Таа посебно ја поздрави позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот конфликт.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за „постојаната и гласна“ поддршката на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател. Оваа посета, истакна шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.

Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, нè поддржуваше во сите ситуации. искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како еден од движечки сили на Вишеградската група, потенцира Пендаровски.

Чапутова и претседателот Пендаровски по заедничката прес-конференција ќе заминат во црквата „Св. Спас“ и ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

За словачката претседателка напладне ќе биде организиран пречек на платото пред Владата каде ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, неговите заменици и други владини претставници. Чапутова и Ковачевски потоа ќе имаат билатерална средба.

Претседателката на Словачка која престојува во дводневна официјална посета на земјава, утрово беше пречекана со највисоки државни и воени почести, по што следуваше тет-а-тет средбата со домаќинот, претседателот Пендаровски, а се одржа и пленарен состанок на делегациите од двете земји.

The post Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Ги поздравувам сите чекори на вашата земја за приближување кон ЕУ. Словачка, која помина низ тој процес, ќе продолжи со континуираната, несмалена поддршка. Потребни се големи напори и политичка храброст. Подобрувањето во јавните институции и услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува, порача претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова по денешната средба со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски. На заедничката прес-конференција со Пендаровски, Чапутова истакна дека во овој момент енергетската криза е најголемиот проблем поради што треба да се наоѓаат најдобрите и најефикасни решенија за негово надминување. Притоа, напомена дека Словачка нема да остпаи од амбициите за „зелена транзиција“. Чапутова и Пендаровски, како што соопштија, разговарале за интензивирање на економската соработка, како и за унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои и науката и културата.
Пред неколку месеци, за среќа, преговорите беа почнати, а очекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ. Словачка постојано ги поддржува вашите напори за пристапување и подготвени сме да ги споделиме сите наши искуства во тој дел. Ние го минавме тој пат, но подобрувањето во јавните институции, услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува. Многу работи не врзуваат, имаме одлични билатерални односи и заедничка историја, рече Чапутова.
Таа посебно ја поздрави позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот конфликт. Претседателот Пендаровски се заблагодари за „постојаната и гласна“ поддршката на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател. Оваа посета, истакна шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.
Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкукалции, нè поддржуваше во сите ситуации. искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како еден од движечки сили на Вишеградската група, потенцира Пендаровски.
Чапутова и претседателот Пендаровски по заедничката прес-конференција ќе заминат во црквата „Св. Спас“ и ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. За словачката претседателка напладне ќе биде организиран пречек на платото пред Владата каде ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, неговите заменици и други владини претставници. Чапутова и Ковачевски потоа ќе имаат билатерална средба. Претседателката на Словачка која престојува во дводневна официјална посета на земјава, утрово беше пречекана со највисоки државни и воени почести, по што следуваше тет-а-тет средбата со домаќинот, претседателот Пендаровски, а се одржа и пленарен состанок на делегациите од двете земји.

The post Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ја виде убавата претседателка на Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ja-vide-ubavata-pretsedatelka-na-slovachka/ Wed, 07 Sep 2022 09:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=548228

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која престојува во официјална посета на Република Македонија.

Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

https://www.youtube.com/watch?v=txAnEZ7FXBU

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за искрената словачка поддршка за македонските евроинтеграции и посочи дека нашиот пристапен процес започнува во критичен момент за европската безбедносна архитектура. Тој изрази очекување од земјите-членки на Унијата за подинамичен пристап и проактивност кон проширувањето на Европската Унија.

The post Пендаровски ја виде убавата претседателка на Словачка appeared first on Република.

]]>

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која престојува во официјална посета на Република Македонија.

Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. https://www.youtube.com/watch?v=txAnEZ7FXBU Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа. Претседателот Пендаровски се заблагодари за искрената словачка поддршка за македонските евроинтеграции и посочи дека нашиот пристапен процес започнува во критичен момент за европската безбедносна архитектура. Тој изрази очекување од земјите-членки на Унијата за подинамичен пристап и проактивност кон проширувањето на Европската Унија.  

The post Пендаровски ја виде убавата претседателка на Словачка appeared first on Република.

]]>