Зубин Поток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zubin-potok/ За подобро да се разбереме Fri, 26 May 2023 17:02:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зубин Поток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zubin-potok/ 32 32 Косовските градоначалници со полиција влегоа во српските општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-gradonachalnitsi-so-politsija-vlegoa-vo-srpskite-opshtini/ Fri, 26 May 2023 16:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=645032

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток – Измир Зеќири, на Звечан – Илир Пеци и на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми попладнево влегоа во своите кабинети и стапија на должност.

Ситуацијата во моментов е релативно мирна, но тензична со масовно присуство на косовската полиција и нејзини возила, и не се исклучуваат уште инциденти

Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, за да ги спречат градоначалниците од албанска националност да влезат во општините и да стапат на должност, како што беше претходно најавено и планирано. Тие победија на априлските избори, кои беа масовно бојкотирани од Србите.

Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови потоа пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, и со солзавец и шок бомби ги растераа Србите, вработени во тие општини, кои се собраа пред влезовите на општинските згради. Во Звечан наводно се слушнале и истрели, а запалено е и полициско возило.

Акцијата ја потврди и косовската полиција.

- Согласно службената должност, денеска косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини, се вели во официјалното соопштение на косовската полиција.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, кусо по почетокот на инцидентите потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди итно да тргнат на административна линија со Косово и Метохија, соопшти министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

Претставници на болницата во Косовска Митровица потврдија дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани биле повредени десетина лица.

Владата на Косово неколку часа претходно ги известила земјите од Квинтата за намерата со помош на полицијата да влезе во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. За споменатата акција, според Албаниан пост, не добиле согласност од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Но, и покрај тоа, косовските институции решија да продолжат со планот, пишува albanianpost.com.

https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-vrie-spetsijaltsi-upadnaa-vo-zvechane-kaj-srbite/

Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, ја осуди постапката на косовските власти и повика на итен прекин.

- САД ја осудуваат акцијата на косовските власти да пристапат до општинските згради на северот на Косово. Таа насилна мерка мора веднаш да престане, напиша на Твитер Ховениер.

И претседавачот со ОБСЕ и македонски министер за надворешни работи, Бујар Османи по денешните случувања во северно Косово повика на смирување на тензиите и деескалација на состојбата.

- Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста. ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка, напиша Османи на Твитер.

Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на новинарски прашања за настаните во северно Косово.

Сè уште не е ништо соопштено за евентуална прес-конференција на која Курти ќе одговара на новинарски прашања за оваа тема

The post Косовските градоначалници со полиција влегоа во српските општини appeared first on Република.

]]>

Во тензична ситуација градоначалниците на општините Зубин Поток – Измир Зеќири, на Звечан – Илир Пеци и на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми попладнево влегоа во своите кабинети и стапија на должност. Ситуацијата во моментов е релативно мирна, но тензична со масовно присуство на косовската полиција и нејзини возила, и не се исклучуваат уште инциденти Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, за да ги спречат градоначалниците од албанска националност да влезат во општините и да стапат на должност, како што беше претходно најавено и планирано. Тие победија на априлските избори, кои беа масовно бојкотирани од Србите. Десетици припадници на косовската специјална полиција со џипови потоа пристигнаа до зградите на локалната самоуправа во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, и со солзавец и шок бомби ги растераа Србите, вработени во тие општини, кои се собраа пред влезовите на општинските згради. Во Звечан наводно се слушнале и истрели, а запалено е и полициско возило. Акцијата ја потврди и косовската полиција. - Согласно службената должност, денеска косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини, се вели во официјалното соопштение на косовската полиција. Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, кусо по почетокот на инцидентите потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди итно да тргнат на административна линија со Косово и Метохија, соопшти министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Претставници на болницата во Косовска Митровица потврдија дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани биле повредени десетина лица. Владата на Косово неколку часа претходно ги известила земјите од Квинтата за намерата со помош на полицијата да влезе во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. За споменатата акција, според Албаниан пост, не добиле согласност од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Но, и покрај тоа, косовските институции решија да продолжат со планот, пишува albanianpost.com. https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-vrie-spetsijaltsi-upadnaa-vo-zvechane-kaj-srbite/ Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, ја осуди постапката на косовските власти и повика на итен прекин. - САД ја осудуваат акцијата на косовските власти да пристапат до општинските згради на северот на Косово. Таа насилна мерка мора веднаш да престане, напиша на Твитер Ховениер. И претседавачот со ОБСЕ и македонски министер за надворешни работи, Бујар Османи по денешните случувања во северно Косово повика на смирување на тензиите и деескалација на состојбата. - Како претседавач со ОБСЕ повикувам на деескалација и смирување на тензиите. Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста. ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка, напиша Османи на Твитер. Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на новинарски прашања за настаните во северно Косово. Сè уште не е ништо соопштено за евентуална прес-конференција на која Курти ќе одговара на новинарски прашања за оваа тема

The post Косовските градоначалници со полиција влегоа во српските општини appeared first on Република.

]]>
На северот на Косово утрово мирно, слушнете ги синоќешните рафали https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-severot-na-kosovo-utrovo-mirno-slushnete-gi-sinokjeshnite-rafali/ Mon, 26 Dec 2022 08:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=589933

Утрово на Северот на Косово е мирно откако синоќа албански екстремисти пукале во летонскиот контингент на КФОР.  Утрово во Зубин Поток е мирно.Поради инцидентот претседателот Вучиќ имаше средба со премиерката Брнабиќ и воениот врв.

Слушнете ги застрашувачките рафали

 

Poslušajte kako odjekuju...

The post На северот на Косово утрово мирно, слушнете ги синоќешните рафали appeared first on Република.

]]>

Утрово на Северот на Косово е мирно откако синоќа албански екстремисти пукале во летонскиот контингент на КФОР.  Утрово во Зубин Поток е мирно.Поради инцидентот претседателот Вучиќ имаше средба со премиерката Брнабиќ и воениот врв. Слушнете ги застрашувачките рафали  
Poslušajte kako odjekuju...

The post На северот на Косово утрово мирно, слушнете ги синоќешните рафали appeared first on Република.

]]>