жртви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zrtvi/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 11:20:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жртви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zrtvi/ 32 32 Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekoja-godina-e-se-polosho-vrsnichkoto-nasilstvo-najmnogu-go-ima-vo-osnovnite-uchilishta-zhrtvi-se-povlecheni-detsa-koi-poteknuvat-od-posiromashni-semejstva-i-detsa-so-poprechenosti/ Tue, 19 Nov 2024 11:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=839579

Оваа година во канцеларијата на Народниот првобранител стасале тресетина претставки за врсничко насилство. Состојбата секоја година се влошува. Врсничкото насилство е позастапено во основните училишта, дури и во второ и трето одделение, а жртви најчесто се послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства...

Ова беше кажано од Канцеларијата на народниот првобранител кој го одбележува Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Беше најавена претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!" во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото" финансиран од Европската Унија.

Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, изјави дека оваа година имаат триесетина претставки за врсничко насилство, дека состојбата секоја година се влошува и оти најзастапено е кај ученици во основните училишта, дури, рече, и кај деца од второ и трето одделение, а помалку го има во средните училишта.

При посети на училиштата и во разговор со ученици, тимовите на НП констатирале дека врсничкото насилство често се користи како алатка за прикажување моќ или доминација на некои деца меѓу нивните соученици. Состојба во училиштата, рече таа, „во моментов алармира дека многу мора да се вложи во промена“.

Како жртви секогаш се јавуваат или послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Податоците покажуваат дека состојбата е иста, ако не и полоша за разлика од претходната година. Претставките што ги добиваме покажуваат дека, за жал, врсничкото насилство сѐ уште е присутно и тоа особено во училиштата, а го има и надвор, во парковите. Наместо другарување, користиме насилство. Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа.

Нагласи дека ставот на НП, кој го истакнуваат секоја година, е дека „мора да се укаже на штетните последици од врсничкото насилство и децата од мали нозе мора да ги воспитаме и едуцираме дека конфликтите се решаваат преку дијалог, а не со употреба на сила“.

Според неа, треба да се доекипираат и стручните служби за да препознаат насилство и како да преземат мерки за заштита, притоа посочувајќи дека довербата во нив е „на најниско ниво“, исто како што е слаба довербата и во класните раководители.

На прашањето што презема НП, согласно неговите надлежности, откако ќе добие претставка за врсничко насилство, таа одговори дека доколку е претставката доволно јасна и ги содржи потребните податоци со кои се потврдува насилство и повреда на правото на детето, НП доставува укажување до директорот на училиштето со насока како проблемот да се надмине.

Во случај кога со претставката не може целосно да се потврдат определени сознанија, тогаш се обраќаме до самото училиште за испитување на претставката, бараме докази, и многу често, речиси најчесто, го вклучуваме и Државниот просветен инспекторат кој согласно надлежностите има обврска да изврши вонреден надзор. И секогаш постапуваат по нашите барања, доставуваат докази и во зависност од утврдената состојба, понатаму преземаме мерки, додаде Бајрамовска-Мустафа.

The post Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености appeared first on Република.

]]>

Оваа година во канцеларијата на Народниот првобранител стасале тресетина претставки за врсничко насилство. Состојбата секоја година се влошува. Врсничкото насилство е позастапено во основните училишта, дури и во второ и трето одделение, а жртви најчесто се послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Ова беше кажано од Канцеларијата на народниот првобранител кој го одбележува Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Беше најавена претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!" во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото" финансиран од Европската Унија. Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, изјави дека оваа година имаат триесетина претставки за врсничко насилство, дека состојбата секоја година се влошува и оти најзастапено е кај ученици во основните училишта, дури, рече, и кај деца од второ и трето одделение, а помалку го има во средните училишта. При посети на училиштата и во разговор со ученици, тимовите на НП констатирале дека врсничкото насилство често се користи како алатка за прикажување моќ или доминација на некои деца меѓу нивните соученици. Состојба во училиштата, рече таа, „во моментов алармира дека многу мора да се вложи во промена“.
Како жртви секогаш се јавуваат или послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Податоците покажуваат дека состојбата е иста, ако не и полоша за разлика од претходната година. Претставките што ги добиваме покажуваат дека, за жал, врсничкото насилство сѐ уште е присутно и тоа особено во училиштата, а го има и надвор, во парковите. Наместо другарување, користиме насилство. Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа.
Нагласи дека ставот на НП, кој го истакнуваат секоја година, е дека „мора да се укаже на штетните последици од врсничкото насилство и децата од мали нозе мора да ги воспитаме и едуцираме дека конфликтите се решаваат преку дијалог, а не со употреба на сила“. Според неа, треба да се доекипираат и стручните служби за да препознаат насилство и како да преземат мерки за заштита, притоа посочувајќи дека довербата во нив е „на најниско ниво“, исто како што е слаба довербата и во класните раководители. На прашањето што презема НП, согласно неговите надлежности, откако ќе добие претставка за врсничко насилство, таа одговори дека доколку е претставката доволно јасна и ги содржи потребните податоци со кои се потврдува насилство и повреда на правото на детето, НП доставува укажување до директорот на училиштето со насока како проблемот да се надмине.
Во случај кога со претставката не може целосно да се потврдат определени сознанија, тогаш се обраќаме до самото училиште за испитување на претставката, бараме докази, и многу често, речиси најчесто, го вклучуваме и Државниот просветен инспекторат кој согласно надлежностите има обврска да изврши вонреден надзор. И секогаш постапуваат по нашите барања, доставуваат докази и во зависност од утврдената состојба, понатаму преземаме мерки, додаде Бајрамовска-Мустафа.
 
The post Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености appeared first on Република.

]]>
Најмалку 25 загинати и речиси 50 повредени во експлозија на железничка станица во Пакистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-25-zaginati-i-rechisi-50-povredeni-vo-eksplozija-na-zheleznichka-stanitsa-vo-pakistan/ Sat, 09 Nov 2024 11:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=835819

Најмалку 25 лица загинаа, а речиси 50 се повредени во денешната експлозија на бомба на железничка станица во Пакистан, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните власти, локалната полиција и локалните медиуми.

Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи во моментот на експлозијата на станицата имало стотици луѓе.

Нападот се случил на железничката станица во југозападниот град Квета, административен центар на провинцијата Белуџистан, токму во моментот кога експресниот воз тргнувал за Пешавар, главниот град на Хајбер-Пахтунхва.

Според истражителите нападот најверојатно бил самоубиствен напад, јави ДПА.

Генералниот полициски инспектор на Белуџистан, Васим Баиг, изјави дека цел на нападот биле ученици и војници од локалната пешадиска школа кои биле во станицата, пренесуваат британските медкуми. Според досегашните сознанија 14 од жртвите се воени лица.

Одговорноста за нападот ја презеде Ослободителната војска на Белуџистан, група од етнички белуџи која се бори за независност на покраината.

Минатата недела истата група уби двајца кинески инженери во Карачи и 20 рудари во два одвоени напади, јави ДПА.

The post Најмалку 25 загинати и речиси 50 повредени во експлозија на железничка станица во Пакистан appeared first on Република.

]]>

Најмалку 25 лица загинаа, а речиси 50 се повредени во денешната експлозија на бомба на железничка станица во Пакистан, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните власти, локалната полиција и локалните медиуми. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи во моментот на експлозијата на станицата имало стотици луѓе. Нападот се случил на железничката станица во југозападниот град Квета, административен центар на провинцијата Белуџистан, токму во моментот кога експресниот воз тргнувал за Пешавар, главниот град на Хајбер-Пахтунхва. Според истражителите нападот најверојатно бил самоубиствен напад, јави ДПА. Генералниот полициски инспектор на Белуџистан, Васим Баиг, изјави дека цел на нападот биле ученици и војници од локалната пешадиска школа кои биле во станицата, пренесуваат британските медкуми. Според досегашните сознанија 14 од жртвите се воени лица. Одговорноста за нападот ја презеде Ослободителната војска на Белуџистан, група од етнички белуџи која се бори за независност на покраината. Минатата недела истата група уби двајца кинески инженери во Карачи и 20 рудари во два одвоени напади, јави ДПА.

The post Најмалку 25 загинати и речиси 50 повредени во експлозија на железничка станица во Пакистан appeared first on Република.

]]>
Идентификувани сите жртви на трагедијата во Нови Сад, следува распит на надлежните https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/identifikuvani-site-zhrtvi-na-tragedijata-vo-novi-sad-sleduva-raspit-na-nadlezhnite/ Sat, 02 Nov 2024 10:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=833428

По повод трагичниот настан што се случи на 1 ноември во Нови Сад кога се урна дел од зградата на Железничката станица, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја извести јавноста дека во меѓувреме ќе биде извршена идентификација на другиот починат, од кои двајца биле машки и пет женски, биле извршени половина.

Во прашање се, како што се наведува, Н.К. (17), Ѓ.Ф. (53), М.А. (16), Ф.В. (10), С.Ф. (6) и Г.Р. (58), К.М. (76) како и повредените од кои две се од женски пол – Т.М. (24) и А.Р. (23) и едно машко лице – В.Ц. (18).

Во текот на досегашните дејствија и мерки, јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Нови Сад, во соработка со Полициското одделение во Нови Сад, изврши увид на лице место и нареди потребни вештачења. Паралелно со вештачењата што треба да се спроведат во најкраток можен рок, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад е целосно ангажирано во прибирањето на сите известувања и информации, при што е наредено за таа цел во текот на денот, ќе бидат сослушани најмалку дваесет лица, меѓу другите одговорни лица од Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, како и надлежниот министер, одговорните лица од АД „Железница Србија“, одговорните лица на Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Нови Сад, како и други лица, а со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштија оттаму.

The post Идентификувани сите жртви на трагедијата во Нови Сад, следува распит на надлежните appeared first on Република.

Меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад се и сестричките Тина (9) и Сара (5), загина и нивниот дедо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/megu-zhrtvite-vo-nesrekata-vo-novi-sad-se-i-sestrichkite-tina-9-i-sara-5-zagina-i-nivniot-dedo/ Sat, 02 Nov 2024 08:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=833379

Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера со дедо им биле на железничката станица во Нови Сад во моментот кога се срушила настрешницата починале во болница, објавуваат медиумите во Србија. Веста ја потврдиле членови на семејството.

- Двете починаа, ги нема, изјавил нивниот друг дедо, Бранко Матиќ од Лозница, кој вчера нестрпливо чекал да дојдат на слава.

Матиќ вчера изјавил дека не знае каде се девојчињата, но подоцна стигнала вест дека се во болница, со тешки повреди, додека нивниот друг дедо, со кого патувале, загинал.

Во несреќата која се случи вчера на железничката станица во Нови Сад, кога се сруши настрешницата, загинале 16 луѓе, а некои се тешко повредени, пренесоа во саботата регионалните медиуми во Војводина.

Поради тешката несреќа во Србија денеска е Ден на жалост, а во Нови Сад три дена.

Од 16 загинти, пет лица уште не се идентификувани, осум се државјани на Србија, еден на Македонија, кажа синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ.

The post Меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад се и сестричките Тина (9) и Сара (5), загина и нивниот дедо appeared first on Република.

Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија надмина 70 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zhrtvite-od-poplavite-vo-shpanija-nadmina-70/ Wed, 30 Oct 2024 17:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=832536

Бројот на загинати од силните поплави во Шпанија попладнево се зголеми на најмалку 72, соопштија локалните власти, откако бурите оставија големи делови од земјата под вода, јави ДПА.

Премиерот Педро Санчез вети брза помош за погодените од катастрофата, нудејќи ги „сите расположливи средства“.

Нема да ве оставиме, рече Санчез, додавајќи дека „цела Шпанија плаче со вас“, пренесе германската агенција.

Регионалната влада потврди дека најмалку 70 луѓе загинаа само во најтешко погодениот источен регион Валенсија.

Уште две тела беа пронајдени во соседниот регион Кастиља-Ла Манча, а десетици луѓе се уште се водат за исчезнати.

Метеоролошката служба АЕМЕТ соопшти дека ситуацијата во Шпанија нема целосно да се олесни до утре.

Поради поплавените или блокирани патишта, пренесува ДПА, спасувачите водат тешка борба да стигнат до областите погодени од катастрофата.

Од тие причини, во Валенсија, голем дел од хуманитарната работа се изведува со хеликоптер, изјави Хозе Мигел Басет од противпожарната бригада на Валенсија.

Многу луѓе се заробени во куќи, канцеларии или трговски центри и упатија итни повици на социјалните мрежи. Многумина се јавуваат и во медиумите бидејќи не можат да контактираат со пријатели и роднините.

The post Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија надмина 70 appeared first on Република.

По 13 години во Албанија се врати „нилска треска“, регистрирани три жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-13-godini-vo-albanija-se-vrati-nilska-treska-registrirani-tri-zhrtvi/ Mon, 05 Aug 2024 13:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=803564

По 13 години во Албанија се врати „ниска треска“, од која досега регистрирани се три жртви и 17 заразени.

Нилската треска ја шират комарците кои се хранат со крвта на птиците. Вирусот не се шири од човек на човек. Периодот на инкубација за западнонилската треска се движи од 2 до 15 дена, а кај по благите форми болеста трае од 3 до 6 дена. Околу 80 отсто од случаите пренесени на луѓе не манифестираат симптоми. Кога ќе се појават симптомите, тие се многу слични на грипот, изјавила за медиумите Силва Бино, началник на Одделот за заразни болести при Институтот за јавно здравје, потврдувајќи го присуство на заразата.

Советува на навремено јавување во здравствените установи со цел да се интервенира соодветно, бидејќи „општо земено, оваа болест е излечива, меѓутоа, за околу еден отсто од пациентите, таа може да дегенерира во менингитис или енцефалитис, особено кај постари лица и оние со слаб имунитет“.

The post По 13 години во Албанија се врати „нилска треска“, регистрирани три жртви appeared first on Република.

ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-vo-2023-godina-za-72-protsenti-zgolemen-brojot-na-tsivilni-zhrtvi-vo-konfliktite-shirum-svetot/ Tue, 18 Jun 2024 09:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=788672

Бројот на цивилни жртви во вооружените конфликти ширум светот минатата година се зголеми за 72 отсто, изјави денеска Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк.

Тој посочи дека алармантно е зголемен бројот на убиени жени и деца во споредба со 2022 година.

Според податоците на ОН двојно е зголемен процентот на убиени жени во 2023 година, додека бројот на деца жртви е трипати поголем.

The post ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот appeared first on Република.

]]>

Бројот на цивилни жртви во вооружените конфликти ширум светот минатата година се зголеми за 72 отсто, изјави денеска Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк. Тој посочи дека алармантно е зголемен бројот на убиени жени и деца во споредба со 2022 година. Според податоците на ОН двојно е зголемен процентот на убиени жени во 2023 година, додека бројот на деца жртви е трипати поголем.

The post ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот appeared first on Република.

]]>
Руски ракетен напад врз Криви Рих, најмалку шест мртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-raketen-napad-vrz-krivi-rih-najmalku-shest-mrtvi/ Wed, 12 Jun 2024 16:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=786984

Најмалку шест лица загинаа, а 11 се повредени во руски ракетен напад врз јужниот украински град Криви Рих, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Криви Рих е родниот град на украинскиот претседател.

-Секој ден и секој час рускиот терор докажува дека Украина заедно со своите партнери треба да ја зајакне својата воздушна одбрана, објави Зеленски на социјалните мрежи.

Тој објави видео на кое се гледа како пожарникарите се борат со огнот, а спасувачите креваат бетонски блок од урнатините. Еден човек бил изнесен на носилки.

Оштетени се административна зграда и станбен блок, соопшти Украинската јужна воена команда

The post Руски ракетен напад врз Криви Рих, најмалку шест мртви appeared first on Република.

]]>

Најмалку шест лица загинаа, а 11 се повредени во руски ракетен напад врз јужниот украински град Криви Рих, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Криви Рих е родниот град на украинскиот претседател. -Секој ден и секој час рускиот терор докажува дека Украина заедно со своите партнери треба да ја зајакне својата воздушна одбрана, објави Зеленски на социјалните мрежи. Тој објави видео на кое се гледа како пожарникарите се борат со огнот, а спасувачите креваат бетонски блок од урнатините. Еден човек бил изнесен на носилки. Оштетени се административна зграда и станбен блок, соопшти Украинската јужна воена команда

The post Руски ракетен напад врз Криви Рих, најмалку шест мртви appeared first on Република.

]]>
Невреме во Романија, илјадници луѓе се без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nevreme-vo-romanija-iljadnitsi-luge-se-bez-struja/ Tue, 02 Apr 2024 15:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=761343

Во 19 окрузи во Романија има силен ветер, односно портокалов код. Предупредувањето за тешки временски услови важи и за Букурешт, каде досега има најмногу итни повици.

Силните ветрови соборија 31 дрво и четири столбови, искршиле билборди и оштетиле 16 автомобили во романската престолнина, соопшти Одделот за итни случаи. Ветерот носи и облаци од сахарска прашина, која денеска минува над Романија.

Маневрите во пристаништата на Црното Море се прекинати.

Возовите меѓу Ваља Калугарјаска и Плоешти привремено запреа откако дрво падна на пругата. Пожарникарите работат и на гаснење на пожар во вегетацијата кај пругите.

-На ниските места брзината на ветерот е меѓу 55 и 80 км/ч. Во високите делови на планините очекуваме да надмине 90-110 км/ч. Можно е ветерот да стане урагански и на места да има невреме, известува Националната метеоролошка управа.

Поради лошото време, 5.000 луѓе останаа без струја во областа Прахова. Ситуацијата во Плоешти беше комплицирана, каде неколку дрвја паднаа на коловозот или на електрични кабли. Несреќи имало и во седум населени места во областа Харгита. Во населбата Вранча, струја немаат 13.218 претплатници, пренесе БТА.

Во некои региони од земјава температурите паднаа и до 13 степени во однос на вчерашните рекордни вредности на места.

The post Невреме во Романија, илјадници луѓе се без струја appeared first on Република.

]]>

Во 19 окрузи во Романија има силен ветер, односно портокалов код. Предупредувањето за тешки временски услови важи и за Букурешт, каде досега има најмногу итни повици. Силните ветрови соборија 31 дрво и четири столбови, искршиле билборди и оштетиле 16 автомобили во романската престолнина, соопшти Одделот за итни случаи. Ветерот носи и облаци од сахарска прашина, која денеска минува над Романија. Маневрите во пристаништата на Црното Море се прекинати. Возовите меѓу Ваља Калугарјаска и Плоешти привремено запреа откако дрво падна на пругата. Пожарникарите работат и на гаснење на пожар во вегетацијата кај пругите. -На ниските места брзината на ветерот е меѓу 55 и 80 км/ч. Во високите делови на планините очекуваме да надмине 90-110 км/ч. Можно е ветерот да стане урагански и на места да има невреме, известува Националната метеоролошка управа. Поради лошото време, 5.000 луѓе останаа без струја во областа Прахова. Ситуацијата во Плоешти беше комплицирана, каде неколку дрвја паднаа на коловозот или на електрични кабли. Несреќи имало и во седум населени места во областа Харгита. Во населбата Вранча, струја немаат 13.218 претплатници, пренесе БТА. Во некои региони од земјава температурите паднаа и до 13 степени во однос на вчерашните рекордни вредности на места.

The post Невреме во Романија, илјадници луѓе се без струја appeared first on Република.

]]>
Албанија: Со полна кола мигранти излетал во река – 8 жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanija-so-polna-kola-migranti-izletal-vo-reka-8-zhrtvi/ Tue, 02 Apr 2024 07:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=761141

Осум лица загинаа а целосно е уништено возилото, кое изутрината околу 4 часот во близина на Келсире, град во јужна Албанија , го загубило правецот и паднало на брегот на реката Вјоса.

Пронајдени се мртви осум луѓе, за кои полицијата се сомнева дека се мигранти од Блискиот Исток. Возачот на автомобилот е од Скадар.

На местото на настанот се тимови на Обвинителството, полицијата, Граничното одделение и две групи на Националните безбедносни сили.

The post Албанија: Со полна кола мигранти излетал во река – 8 жртви appeared first on Република.

]]>

Осум лица загинаа а целосно е уништено возилото, кое изутрината околу 4 часот во близина на Келсире, град во јужна Албанија , го загубило правецот и паднало на брегот на реката Вјоса. Пронајдени се мртви осум луѓе, за кои полицијата се сомнева дека се мигранти од Блискиот Исток. Возачот на автомобилот е од Скадар. На местото на настанот се тимови на Обвинителството, полицијата, Граничното одделение и две групи на Националните безбедносни сили.

The post Албанија: Со полна кола мигранти излетал во река – 8 жртви appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинати во терористичкиот напад кај Москва се зголеми на 144 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-vo-teroristichkiot-napad-kaj-moskva-se-zgolemi-na-144/ Sat, 30 Mar 2024 14:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=760400

Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва денеска се искачи на 144 лица, додека уште 551 лице се повредени, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација за Москва.

-Администрацијата додаде дека меѓу загинатите има пет деца, пренесува Интерфакс.

Терористичкиот напад на Крокус Сити Хол во Красногорск, во близина на Москва, се случи вечерта на 22 март, кога неколку лица отворија оган врз посетители на концерт.

The post Бројот на загинати во терористичкиот напад кај Москва се зголеми на 144 appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва денеска се искачи на 144 лица, додека уште 551 лице се повредени, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација за Москва. -Администрацијата додаде дека меѓу загинатите има пет деца, пренесува Интерфакс. Терористичкиот напад на Крокус Сити Хол во Красногорск, во близина на Москва, се случи вечерта на 22 март, кога неколку лица отворија оган врз посетители на концерт.

The post Бројот на загинати во терористичкиот напад кај Москва се зголеми на 144 appeared first on Република.

]]>
28 тела биле пронајдени во тоалетот, а 14 на скалите: Затекнати се многу мајки како ги гушкаат своите деца, велат безбедносните служби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/28-tela-bile-pronajdeni-vo-toaletot-a-14-na-skalite-zateknati-se-mnogu-majki-kako-gi-gushkaat-svoite-detsa-velat-bezbednosnite-sluzhbi/ Sat, 23 Mar 2024 13:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=757789

Рускиот истражен комитет објави дека некои од убиените во нападот во градското собрание Крокус починале од прострелни рани, додека други загинале во голем пожар што избувнал во комплексот.

Новинската куќа „База“, за која Ројтерс вели дека има добри контакти со руските безбедносни служби, објави дека 28 тела биле пронајдени во тоалетот, а 14 на скалите.

– Затекнати се многу мајки како ги гушкаат своите деца – се наведува.

Се очекува бројот на загинати да продолжи да расте. Претходно беше соопштено дека меѓу загинатите досега има 143 загинати и три деца.

Одговорноста за нападот ја презеде милитантната т.н.р исламистичка група ИСИС .

Безбедносната служба ФСБ соопшти дека „четворица терористи“ биле уапсени додека се движеле кон украинската граница и дека имале контакти во Украина.

The post 28 тела биле пронајдени во тоалетот, а 14 на скалите: Затекнати се многу мајки како ги гушкаат своите деца, велат безбедносните служби appeared first on Република.

]]>

Рускиот истражен комитет објави дека некои од убиените во нападот во градското собрание Крокус починале од прострелни рани, додека други загинале во голем пожар што избувнал во комплексот.

Новинската куќа „База“, за која Ројтерс вели дека има добри контакти со руските безбедносни служби, објави дека 28 тела биле пронајдени во тоалетот, а 14 на скалите. – Затекнати се многу мајки како ги гушкаат своите деца – се наведува. Се очекува бројот на загинати да продолжи да расте. Претходно беше соопштено дека меѓу загинатите досега има 143 загинати и три деца. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната т.н.р исламистичка група ИСИС . Безбедносната служба ФСБ соопшти дека „четворица терористи“ биле уапсени додека се движеле кон украинската граница и дека имале контакти во Украина.

The post 28 тела биле пронајдени во тоалетот, а 14 на скалите: Затекнати се многу мајки како ги гушкаат своите деца, велат безбедносните служби appeared first on Република.

]]>
МНР го осуди нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа за храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-go-osudi-napadot-vo-gaza-koj-odnese-zhivoti-na-golem-broj-nevini-luge-dodeka-chekaa-za-hrana/ Fri, 01 Mar 2024 08:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=749857

Министерството за надворешни работи најостро го осудува нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа за храна околу камионите за хуманитарна храна.

Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош.

Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена.

The post МНР го осуди нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа за храна appeared first on Република.

Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-im-zatvori-vrata-na-zhrtvite-na-semejno-nasilstvo-vo-sveti-nikole-ostanaa-bez-zasolnishteto/ Thu, 15 Feb 2024 12:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=744367

По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска го посети овој објект и наиде на затворени врати.

Во услови кога бројките на жртви на семејно насилство растат, да се затвори објект кој е од клучно значење за заштита на жени жртви на насилство е крајно нехумано и нечовечки од страна на власта која 7 години ја води државата, се вели во соопштението од МТСП.

Вработените во Центарот за социјална работа Свети Николе биле немоќни да ја санираат состојбата и не наишле на слух во министерството.

Откако пред единаесет години е отворен центарот, во последните седум години не е вложено ниту еден денар. Ниеден претходен министер, дури ни стручните служби во министерството задолжени за оваа област, немале заинтересираност за овој објект. Шелтерот за жени не функционира повеќе од една година. Кога немате поддршка од централната власт не можете да направите ништо. Единствено градоначалникот на Општина Свети Николе ни помогна во санирање на поплавата која ни се случи, велат вработените.

Според Велковски токму ваквите состојби на рушење и негрижа за жените жртви доведува до фемициди каде жени страдаат од убиства.

Инаку, Шелтер центарот е граден со поддршка на УНДП во време на владеењето на Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Истамбулската конвенција чиј потписник е државата точно пропишува стандарди за сервиси и услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство и недозволиво е да се запоставуваат вакви капитални инвестиции, велат од МТСП.

The post Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето appeared first on Република.

]]>

По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска го посети овој објект и наиде на затворени врати.
Во услови кога бројките на жртви на семејно насилство растат, да се затвори објект кој е од клучно значење за заштита на жени жртви на насилство е крајно нехумано и нечовечки од страна на власта која 7 години ја води државата, се вели во соопштението од МТСП.
Вработените во Центарот за социјална работа Свети Николе биле немоќни да ја санираат состојбата и не наишле на слух во министерството.
Откако пред единаесет години е отворен центарот, во последните седум години не е вложено ниту еден денар. Ниеден претходен министер, дури ни стручните служби во министерството задолжени за оваа област, немале заинтересираност за овој објект. Шелтерот за жени не функционира повеќе од една година. Кога немате поддршка од централната власт не можете да направите ништо. Единствено градоначалникот на Општина Свети Николе ни помогна во санирање на поплавата која ни се случи, велат вработените.
Според Велковски токму ваквите состојби на рушење и негрижа за жените жртви доведува до фемициди каде жени страдаат од убиства. Инаку, Шелтер центарот е граден со поддршка на УНДП во време на владеењето на Владата на ВМРО ДПМНЕ. Истамбулската конвенција чиј потписник е државата точно пропишува стандарди за сервиси и услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство и недозволиво е да се запоставуваат вакви капитални инвестиции, велат од МТСП.

The post Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето appeared first on Република.

]]>
Тие се жртви на монструмот од Прага: Биле успешни, студенти, Магдалена, Клара, Ленка, оставија длабоки траги https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tie-se-zhrtvi-na-monstrumot-od-praga-bile-uspeshni-studenti-magdalena-klara-lenka-ostavija-dlaboki-tragi/ Sat, 23 Dec 2023 13:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=725931

Во Чешка е Ден на жалост за жртвите од пукањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага на почетокот од оваа недела. Знамињата на зградите на јавните институции беа спуштени на половина копје, а на нив беа додадени и црни ленти.

Многу предбожиќни настани беа откажани, а државната телевизија емитуваше специјална програма.

Студентот Давид Козак отвори оган во четвртокот попладне од главната зграда на Филозофскиот факултет на Универзитетот, при што загинаа 14 лица, а беа повредени 25. Според полицијата, напаѓачот, кој легално поседувал голем арсенал, потоа се застрелал. Се верува дека го убил својот татко пред масовното пукање во центарот на Прага и дека пред една недела убил маж и неговата ќерка.

Портпаролот на полицијата Јан Данек потврди за iDNES.cz дека оружјето со кое се убиени маж и бебе во шумата Клановице се совпаѓа со она што го поседува напаѓачот од Прага.

„Истрагата сè уште е во тек. Се уште ништо не е завршено. Останува да ги почекаме конечните заклучоци“, изјави портпаролот на полицијата.

Според локалните медиуми, 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка биле убиени во шумата. Шефот на Одделот за убиства во Прага, Алеш Штрах, смета дека убиецот немал само една конкретна причина за убиствата, туку дека тоа е комбинација од повеќе мотиви.

„Во моментов сум убеден дека тоа се сосема случајни жртви“

За убиствата во шумата зборуваше и шефот на полицијата Мартин Вондрашек. Тој рече дека, според достапните информации, напаѓачот е одговорен и за уште две убиства.

„Ја истражуваме претпоставката дека напаѓачот е очигледно одговорен и за убиствата во Клановице“, рече началникот на полицијата, додавајќи дека жртвите ги избрал по случаен избор.

„Што се однесува до шумата Клановице, во овој момент нема апсолутно никаква позната врска со тие жртви, апсолутно никаква поврзана со таа локација. Во моментов сум убеден дека жртвите се избрани по случаен избор“, додаде тој.

Меѓу жртвите има ученици, спортисти, директори…

Во меѓувреме се појавуваат се повеќе детали за жртвите на масовниот убиец. Повеќето беа студенти.

Една од жртвите е директорката на Институтот за музичка наука Ленка Хлавкова, а нејзината смрт ја пријавил институтот на чело со неа.

Врз основа на проверени информации од семејството и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка и директорка на Институтот за музика Ленка Хлавкова не го преживеала вчерашниот напад. Изразуваме длабоко сочувство до сите преживеани, пред се до семејствата, соопштија од Институтот.

Убиена е и Луси Шпиндлерова, студентка и уредничка на дневниот весник Lidové noviny.

Со длабоко жалење, врз основа на проверени семејни информации и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка, уредник на Lidové noviny, студентка од прва година по чешки јазик во комуникација за глуви и пред се пријателка, Луси Шпиндлерова, не го преживеала вчерашниот напад на Филозофскиот факултет. Изразуваме длабоко сочувство до сите ужалени, особено до семејството. Ова е крајно болна вест за нас, напиша весникот.

Третата жртва е Магдалена Кристкова, студентка од Розток.

Мајда учеше комуникација за глуви и беше на предавање кога влета напаѓачот. За жал, немаше начин да ја спасиме. Се надевавме дека ќе преживее, но утрото пристигнаа најлошите вести, напиша општината на социјалните мрежи.

Многумина од вас ја знаат од училиште, од карневалите и настаните на Здружението Розточ, од средбите во Розтоки. Веселата, љубезна и исклучително способна и активна Мајда повеќе не е меѓу нас и ќе ни недостига. Сочувство до нејзиното семејство и сите нејзини роднини, се вели во соопштението за медиумите.

Загина и 20-годишната атлетичарка Клара Холкова.

Клара студираше архивски и боемски студии на Универзитетот Чарлс. 21 декември 2023 година беше судбоносен ден за дваесетгодишниот спортист. Моето искрено сочувство до семејството и сите преживеани и многу сила да го надминат овој трагичен настан. Клара нема да биде запишана само во историјата на целата чешка атлетика, туку пред се, таа засекогаш ќе остане во нашите сеќавања и срца, велат од атлетскиот клуб Стара Болеслав.

Жртва на масовен убиец стана и студентката Анета Рихтерова. Нејзината трагична смрт ја пријавила противпожарната единица Величовска, чиј член била и таа.

Таа беше дел од секој од нас. Дозволете ни да го изразиме нашето жалење, искрено сочувство и вака да го почитуваме нејзиниот спомен. Анета остави белег во нашите срца, соопштија пожарникарите.

Масовниот убиец го уби и Јан Дласка, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик.

Една од жртвите на престрелката е нашиот пријател и голем, љубезен и добар човек Јан Дласк, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик. Во овој тежок момент најмногу мислиме на неговата мајка, стои во соопштението за неговата смрт на социјалните мрежи.

The post Тие се жртви на монструмот од Прага: Биле успешни, студенти, Магдалена, Клара, Ленка, оставија длабоки траги appeared first on Република.

]]>

Во Чешка е Ден на жалост за жртвите од пукањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага на почетокот од оваа недела. Знамињата на зградите на јавните институции беа спуштени на половина копје, а на нив беа додадени и црни ленти. Многу предбожиќни настани беа откажани, а државната телевизија емитуваше специјална програма. Студентот Давид Козак отвори оган во четвртокот попладне од главната зграда на Филозофскиот факултет на Универзитетот, при што загинаа 14 лица, а беа повредени 25. Според полицијата, напаѓачот, кој легално поседувал голем арсенал, потоа се застрелал. Се верува дека го убил својот татко пред масовното пукање во центарот на Прага и дека пред една недела убил маж и неговата ќерка. Портпаролот на полицијата Јан Данек потврди за iDNES.cz дека оружјето со кое се убиени маж и бебе во шумата Клановице се совпаѓа со она што го поседува напаѓачот од Прага. „Истрагата сè уште е во тек. Се уште ништо не е завршено. Останува да ги почекаме конечните заклучоци“, изјави портпаролот на полицијата. Според локалните медиуми, 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка биле убиени во шумата. Шефот на Одделот за убиства во Прага, Алеш Штрах, смета дека убиецот немал само една конкретна причина за убиствата, туку дека тоа е комбинација од повеќе мотиви. „Во моментов сум убеден дека тоа се сосема случајни жртви“ За убиствата во шумата зборуваше и шефот на полицијата Мартин Вондрашек. Тој рече дека, според достапните информации, напаѓачот е одговорен и за уште две убиства. „Ја истражуваме претпоставката дека напаѓачот е очигледно одговорен и за убиствата во Клановице“, рече началникот на полицијата, додавајќи дека жртвите ги избрал по случаен избор. „Што се однесува до шумата Клановице, во овој момент нема апсолутно никаква позната врска со тие жртви, апсолутно никаква поврзана со таа локација. Во моментов сум убеден дека жртвите се избрани по случаен избор“, додаде тој. Меѓу жртвите има ученици, спортисти, директори… Во меѓувреме се појавуваат се повеќе детали за жртвите на масовниот убиец. Повеќето беа студенти. Една од жртвите е директорката на Институтот за музичка наука Ленка Хлавкова, а нејзината смрт ја пријавил институтот на чело со неа. Врз основа на проверени информации од семејството и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка и директорка на Институтот за музика Ленка Хлавкова не го преживеала вчерашниот напад. Изразуваме длабоко сочувство до сите преживеани, пред се до семејствата, соопштија од Институтот. Убиена е и Луси Шпиндлерова, студентка и уредничка на дневниот весник Lidové noviny. Со длабоко жалење, врз основа на проверени семејни информации и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка, уредник на Lidové noviny, студентка од прва година по чешки јазик во комуникација за глуви и пред се пријателка, Луси Шпиндлерова, не го преживеала вчерашниот напад на Филозофскиот факултет. Изразуваме длабоко сочувство до сите ужалени, особено до семејството. Ова е крајно болна вест за нас, напиша весникот. Третата жртва е Магдалена Кристкова, студентка од Розток. Мајда учеше комуникација за глуви и беше на предавање кога влета напаѓачот. За жал, немаше начин да ја спасиме. Се надевавме дека ќе преживее, но утрото пристигнаа најлошите вести, напиша општината на социјалните мрежи. Многумина од вас ја знаат од училиште, од карневалите и настаните на Здружението Розточ, од средбите во Розтоки. Веселата, љубезна и исклучително способна и активна Мајда повеќе не е меѓу нас и ќе ни недостига. Сочувство до нејзиното семејство и сите нејзини роднини, се вели во соопштението за медиумите. Загина и 20-годишната атлетичарка Клара Холкова. Клара студираше архивски и боемски студии на Универзитетот Чарлс. 21 декември 2023 година беше судбоносен ден за дваесетгодишниот спортист. Моето искрено сочувство до семејството и сите преживеани и многу сила да го надминат овој трагичен настан. Клара нема да биде запишана само во историјата на целата чешка атлетика, туку пред се, таа засекогаш ќе остане во нашите сеќавања и срца, велат од атлетскиот клуб Стара Болеслав. Жртва на масовен убиец стана и студентката Анета Рихтерова. Нејзината трагична смрт ја пријавила противпожарната единица Величовска, чиј член била и таа. Таа беше дел од секој од нас. Дозволете ни да го изразиме нашето жалење, искрено сочувство и вака да го почитуваме нејзиниот спомен. Анета остави белег во нашите срца, соопштија пожарникарите. Масовниот убиец го уби и Јан Дласка, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик. Една од жртвите на престрелката е нашиот пријател и голем, љубезен и добар човек Јан Дласк, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик. Во овој тежок момент најмногу мислиме на неговата мајка, стои во соопштението за неговата смрт на социјалните мрежи.

The post Тие се жртви на монструмот од Прага: Биле успешни, студенти, Магдалена, Клара, Ленка, оставија длабоки траги appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на жртвите од земјотресот во Непал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/raste-brojot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-nepal/ Sat, 04 Nov 2023 17:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=698222

Расте бројот на загинати и повредени во силниот земјотрес што го погоди западен Непал. Најмалку 157 луѓе загинаа, а 170 се повредени.

По синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала во областа Јајаркот во провинцијата Карнали уследиле повеќе потреси.

Земјотресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 километри.

Хималаите, каде што се наоѓа Непал, е геолошки исклучително активна област. Индиската тектонска плоча годишно се повлекува за два сантиметри од евроазиската плоча, што предизвикува силни земјотреси.

The post Расте бројот на жртвите од земјотресот во Непал appeared first on Република.

]]>

Расте бројот на загинати и повредени во силниот земјотрес што го погоди западен Непал. Најмалку 157 луѓе загинаа, а 170 се повредени. По синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала во областа Јајаркот во провинцијата Карнали уследиле повеќе потреси. Земјотресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 километри. Хималаите, каде што се наоѓа Непал, е геолошки исклучително активна област. Индиската тектонска плоча годишно се повлекува за два сантиметри од евроазиската плоча, што предизвикува силни земјотреси.  

The post Расте бројот на жртвите од земјотресот во Непал appeared first on Република.

]]>
Министерство за здравство во Газа: Бројот на жртви се зголеми на 9.227 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministerstvo-za-zdravstvo-vo-gaza-brojot-na-zhrtvi-se-zgolemi-na-9-227/ Fri, 03 Nov 2023 13:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=697830

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа загинале уште 196 лица, што значи дека вкупниот број на жртви на палестинска територија се зголемил на 9.227.

Меѓу загинатите има 3.826 деца и 2.405 жени, додека 2.100 лица се водат како исчезнати под урнатините.

Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, рече дека на болниците во Газа им снемува гориво и дека болниците во Индонезија и Шифа користат помали генератори за да ја задржат струјата само во единиците за интензивна нега, инкубаторите и операционите сали.

Тој го повика Меѓународниот комитет на Црвениот крст да помогне во испораката на крв од сите крвни групи и му се заблагодари на Египет за евакуацијата на десетици ранети на лекување во изминатите три дена, додавајќи дека се уште има стотици сериозни случаи кои треба да се евакуираат.

Во Израел, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападите на Хамас на југот на Израел, а околу 240 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.

The post Министерство за здравство во Газа: Бројот на жртви се зголеми на 9.227 appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа загинале уште 196 лица, што значи дека вкупниот број на жртви на палестинска територија се зголемил на 9.227. Меѓу загинатите има 3.826 деца и 2.405 жени, додека 2.100 лица се водат како исчезнати под урнатините. Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, рече дека на болниците во Газа им снемува гориво и дека болниците во Индонезија и Шифа користат помали генератори за да ја задржат струјата само во единиците за интензивна нега, инкубаторите и операционите сали. Тој го повика Меѓународниот комитет на Црвениот крст да помогне во испораката на крв од сите крвни групи и му се заблагодари на Египет за евакуацијата на десетици ранети на лекување во изминатите три дена, додавајќи дека се уште има стотици сериозни случаи кои треба да се евакуираат. Во Израел, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападите на Хамас на југот на Израел, а околу 240 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.

The post Министерство за здравство во Газа: Бројот на жртви се зголеми на 9.227 appeared first on Република.

]]>
Од седми октомври до денес во Газа се убиени 4.385 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-sedmi-oktomvri-do-denes-vo-gaza-se-ubieni-4-385-luge/ Sat, 21 Oct 2023 20:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=693744

Бројот на загинати во Газа се искачи на 4.385, додека 13.651 лице се повредени, од ескалацијата на конфликтот меѓу Хамас и Израел на 7 октомври, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесе Ројтерс.

Министерството за здравство додаде дека меѓу загинатите има 1.756 деца и 976 жени.

The post Од седми октомври до денес во Газа се убиени 4.385 луѓе appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во Газа се искачи на 4.385, додека 13.651 лице се повредени, од ескалацијата на конфликтот меѓу Хамас и Израел на 7 октомври, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесе Ројтерс. Министерството за здравство додаде дека меѓу загинатите има 1.756 деца и 976 жени.

The post Од седми октомври до денес во Газа се убиени 4.385 луѓе appeared first on Република.

]]>
САД, Русија, Кина, Британија, Тајланд…: Израел објави список на земји чии дражвајни се убиени или киднапирани од Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-rusija-kina-britanija-tajland-izrael-objavi-spisok-na-zemji-chii-drazhvajni-se-ubieni-ili-kidnapirani-od-hamas/ Wed, 11 Oct 2023 10:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=690089

Израелската армија и Министерството за надворешни работи на земјата објавија список на земји чии граѓани се убиени/заробени/исчезнати.

Во објавата се наведува дека најмногу жртви има меѓу државјаните на Тајланд - 18 се загинати, 11 се заложници, а осум повредени. Голем број жртви има и меѓу американските државјани - 11 загинати и голем број чија судбина не е позната.

Потврдени се 14 држави чии државјани се засегнати од нападот (убиени, заробени или исчезнати), меѓу кои се и Русија, Велика Британија, Франција, Бразил, Украина, Италија, Кина Колумбија ...

The post САД, Русија, Кина, Британија, Тајланд…: Израел објави список на земји чии дражвајни се убиени или киднапирани од Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелската армија и Министерството за надворешни работи на земјата објавија список на земји чии граѓани се убиени/заробени/исчезнати. Во објавата се наведува дека најмногу жртви има меѓу државјаните на Тајланд - 18 се загинати, 11 се заложници, а осум повредени. Голем број жртви има и меѓу американските државјани - 11 загинати и голем број чија судбина не е позната. Потврдени се 14 држави чии државјани се засегнати од нападот (убиени, заробени или исчезнати), меѓу кои се и Русија, Велика Британија, Франција, Бразил, Украина, Италија, Кина Колумбија ...

The post САД, Русија, Кина, Британија, Тајланд…: Израел објави список на земји чии дражвајни се убиени или киднапирани од Хамас appeared first on Република.

]]>
Македонското МНР изразува сочувство за жртвите од невремето во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-mnr-izrazuva-sochuvstvo-za-zhrtvite-od-nevremeto-vo-grtsija/ Wed, 06 Sep 2023 15:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=679391

Министерството за надворешни работи (МНР) изразува сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.

Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја.

Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6 септември, еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.

Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и останат на сигурно се до евентуална евакуација, се наведува во соопштение на МНР.

На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

https://republika.mk/vesti/balkan/vtora-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/

The post Македонското МНР изразува сочувство за жртвите од невремето во Грција appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи (МНР) изразува сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.
Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја.   Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6 септември, еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.   Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и останат на сигурно се до евентуална евакуација, се наведува во соопштение на МНР.
На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410. https://republika.mk/vesti/balkan/vtora-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/

The post Македонското МНР изразува сочувство за жртвите од невремето во Грција appeared first on Република.

]]>