жртва Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zrtva/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 08:52:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жртва Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zrtva/ 32 32 Неколку чекори ги делеле од прегратка на железничката станица, остана со неа до крај: Почина 15 жртва од настрешницата во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nekolku-chekori-gi-delele-od-pregratka-na-zheleznichkata-stanitsa-ostana-so-nea-do-kraj-pochina-15-zhrtva-od-nastreshnitsata-vo-novi-sad/ Mon, 18 Nov 2024 08:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=839033

Девојката која беше тешко повредена при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина во Клиничкиот центар во Војводина, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), Весна Туркулов, јавува Н1.

Се работи за пациентката со најтешки повреди. Петнаесеттата жртва во несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход, изјави Туркулов.

Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите сè уште се борат за животот на две сериозно повредени лица.

Во име на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам длабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа сè од себе“, рече Туркулов.

Младата кошаркарка и ученичка на кинески јазик, Ања Радоњиќ од Параќин, почина 17 дена борба. Таа се здобила со сериозни повреди при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, од која не можела да се опорави. Имала внатрешно крварење, раката и била ампутирана и била приклучена на дијализа.

Семејството и нејзиното момче деноноќно биле во болница и се молеле за нејзино опоравување, но за жал, Ања не можела да се справи со нејзините страшни повреди.

Дечкото, кој бдееше покрај болничкиот кревет, беше и последниот со кој Ања разговарала пред да се случи несреќата на железничката станица. Имено, двајцата разговарале на телефон додека таа излегувала од станицата во Нови Сад каде тој ја чекал, а потоа на само неколку метри од него се случила трагедија.

На сите им е тешко, а тој, како што рече, бил на неколку метри од неа. Ја чекаше да излезе од железничката станица. Во моментот кога се случила несреќата, кога паднала настрешницата, двајцата разговарале на телефон... Видел се, секој момент - изјавил за Информер роднина на починатото девојче.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, кога 14 лица загинаа на лице место, а три беа тешко повредени.

The post Неколку чекори ги делеле од прегратка на железничката станица, остана со неа до крај: Почина 15 жртва од настрешницата во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Девојката која беше тешко повредена при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина во Клиничкиот центар во Војводина, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), Весна Туркулов, јавува Н1. Се работи за пациентката со најтешки повреди. Петнаесеттата жртва во несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход, изјави Туркулов. Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите сè уште се борат за животот на две сериозно повредени лица. Во име на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам длабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа сè од себе“, рече Туркулов. Младата кошаркарка и ученичка на кинески јазик, Ања Радоњиќ од Параќин, почина 17 дена борба. Таа се здобила со сериозни повреди при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, од која не можела да се опорави. Имала внатрешно крварење, раката и била ампутирана и била приклучена на дијализа. Семејството и нејзиното момче деноноќно биле во болница и се молеле за нејзино опоравување, но за жал, Ања не можела да се справи со нејзините страшни повреди. Дечкото, кој бдееше покрај болничкиот кревет, беше и последниот со кој Ања разговарала пред да се случи несреќата на железничката станица. Имено, двајцата разговарале на телефон додека таа излегувала од станицата во Нови Сад каде тој ја чекал, а потоа на само неколку метри од него се случила трагедија. На сите им е тешко, а тој, како што рече, бил на неколку метри од неа. Ја чекаше да излезе од железничката станица. Во моментот кога се случила несреќата, кога паднала настрешницата, двајцата разговарале на телефон... Видел се, секој момент - изјавил за Информер роднина на починатото девојче. Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, кога 14 лица загинаа на лице место, а три беа тешко повредени.

The post Неколку чекори ги делеле од прегратка на железничката станица, остана со неа до крај: Почина 15 жртва од настрешницата во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdena-poslednata-19-ta-zhrtva-od-poplavite-vo-bih/ Mon, 14 Oct 2024 15:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=826738

Пронајдено е телото на последната жртва во селото Доња Јабланица од деветнаесет по кои се трагаше во последните десет дена откако северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна го зафатија катастрофални поплави проследени со одрони од карпи.

Телото на починато лице е пронајдено во основата на хидроцентралата Грабовица на реката Неретва“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар.

Станува збор за жител на селото Доње Јабланица, кој загинал заедно со уште 17 лица, главно како последица од поплавата и падот на карпите од блискиот каменолом, кој паднал врз селото.

Уште едно лице загина во селото Злате, со што вкупниот број на жртви во Јабланица се искачи на 19. Во Коњиц се удавија четири лица, а таму се трага по телото на уште една жртва. Вкупниот број на загинати во поплавите и одроните во Босна и Херцеговина досега е 26 лица.

За утре е најавен колективно испраќање, погреб за сите загинати во Јабланица.

The post Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ appeared first on Република.

]]>

Пронајдено е телото на последната жртва во селото Доња Јабланица од деветнаесет по кои се трагаше во последните десет дена откако северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна го зафатија катастрофални поплави проследени со одрони од карпи.
Телото на починато лице е пронајдено во основата на хидроцентралата Грабовица на реката Неретва“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар.
Станува збор за жител на селото Доње Јабланица, кој загинал заедно со уште 17 лица, главно како последица од поплавата и падот на карпите од блискиот каменолом, кој паднал врз селото. Уште едно лице загина во селото Злате, со што вкупниот број на жртви во Јабланица се искачи на 19. Во Коњиц се удавија четири лица, а таму се трага по телото на уште една жртва. Вкупниот број на загинати во поплавите и одроните во Босна и Херцеговина досега е 26 лица. За утре е најавен колективно испраќање, погреб за сите загинати во Јабланица.

The post Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ appeared first on Република.

]]>
Олимписката норма од 1979 година ја жртвував во име на љубовта https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/olimpiskata-norma-od-1979-godina-ja-zhrtvuvav-vo-ime-na-lubovta/ Fri, 08 Mar 2024 07:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=752478

Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад. Сеедно е дали станува збор за љубов на прв поглед, на прв збор, на прв бакнеж... И така, со тек на време нема ни да забележиш како љубовта станува религија чиј верник си, вели за „Република“ српската актерка Оливера Балашевиќ, која на 15 март ќе гостува на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) со монобајката „Презимето на розата“.

Балашевиќ е и режисерка на „Презимето на розата“ која е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планетата двор“ (Планета двориште). По претставата во МНТ ќе има промоција на романот.

Шеесет и петгодишната Балашевиќ е и писателка и поранешна гимнастичарка, чиј сопруг беше легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во 2021. Со Ѓорѓе се запознале на снимањето на филмот „Поп Киро и поп Спиро“, имаат три деца и три внуци. Нивниот брак траеше четири децении, а Оливера активно учествуваше во работата на својот сопруг како продуцентка на неговите настапи. Во 1979 година Оливера, како тогашна репрезентативка на Југославија во гимнастика била поголема ѕвезда од Ѓорѓе, имала бројни признанија и медали во дури четири гимнастичарски дисциплини. Обезбедила и норма за учество на Летните олимписки игри, но, во име на љубовта решила да не патува за Москва 1980 година.

На прашањето кои настани го одбележаа нејзиниот живот и каква порака сака да испрати на публиката во Скопје, вели дека одговорот се крие во монобајката, па оној кој сака да дознае, треба да дојде да ја гледа претставата.

Книгите кои јас ги читам се вистинити. Не мислам само на оние кои се пишувани по вистински настани, туку на оние кои се измислени, но во кои може да има многу вистина, бидејќи уметноста може да те излаже. Не сакам себеси да се фалам со овој став, бидејќи мојата книга е вистинита, туку само сакам да напоменам како пример, бидејќи оние кои ја читале, рекоа дека во неа има многу искреност, вели Балашевиќ.

Балашевиќ многу се радува на средбата со драги луѓе во Скопје, иако тоа ќе биде во театар, каде што се глуми и се кажува некој однапред научен текст.

Можеби мојата монобајка, моето искрено сведочење за некого ќе биде изненадување, но, мислам дека кај гледачите ќе предизвика убави сеќавања кои ќе ги вратат во некои времиња, во денови испреплетени со нераскинливи и невидливи нишки полни со љубов и грижа на нашите мајки, соседи, учителки, пред кои ќе го отворам моето срце. Можеби некој ќе се препознае?
Од време на време на социјалните мрежи ќе прочитам дека се радуваат на моето гостување во Скопје, па ми испраќаат фотографија или пак билети со број на местото каде што можеби ќе седи некоја „ Provincijalkа“ или „Dođoškа“. Но, не се јавувам на билетарницата за да разберам колку карти се продадени, бидејќи кај нас дома никогаш никој не се грижел за тоа. Секогаш било најважно дали програмата што се подготвува некого ќе разгали и ќе биде доследна на очекувањата на публиката.

Вашиот живот е полн со секакви искуства, убави и грди. Што мислите, кои искуства го прават човекот?

Човекот, пред се го чини неговиот поглед на искуствата кои му ги приредува судбината. Поучена од љубовта и грижата на мојата мајка, научив дека постојат убави и помалку убави искуства, вели Балашевиќ.

[caption id="attachment_752484" align="alignnone" width="445"] Оливера Балашевиќ Научив дека постојат убави и помалку убави искуства[/caption]

Ако од животот не направиш Олимпијада, тоа е исто како да не си учествувал во него. На прашањето како таа ја создала нејзината Олимпијада одговара:

Побрзо, повисоко, посилно. Со еден збор подобро. Секогаш правиш најдобро што можеш и ако ги спроведуваш тие начела, животот ќе ти биде Олимпијада. Предизвиците се работа на избор. Со нормите не сум на чисто ни до денес, ама нема сомнеж дека една од најважните норми ја исполнив во летото 1979 година, кога онаа олимписката, одлучно ја жртвував во име на љубовта.

Citius, altius, fortius...Околу ова јас и Олимпијадата уште на почетокот се согласивме. Но, максимата ‘важно е да се учествува, не е важно да се победи’, според мене, треба да претрпи мали измени. Можеби не е важно да се победи, но важно е барем да се обидеш да бидеш прв. Се разбира, тоа не е единствена работа која е пресудна. Но сплет на околности ме донесоа да бидам вечен кандидат за највисок пласман во очите на моите три деца сиве овие години. Заедно со нив многупати се искачивме на победничкиот трон. Дома кај нас, во чест на триумфот на љубовта и взаемното почитување често се интонираше химната на галама, смеа и радост. А сега и со сите три внуци, убедливо, без потреба за фото-финиш, победувам во трката со детски колички низ улицата „Јован Цвијиќ“ во Нови Сад.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Олимписката норма од 1979 година ја жртвував во име на љубовта appeared first on Република.

]]>

Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад. Сеедно е дали станува збор за љубов на прв поглед, на прв збор, на прв бакнеж... И така, со тек на време нема ни да забележиш како љубовта станува религија чиј верник си, вели за „Република“ српската актерка Оливера Балашевиќ, која на 15 март ќе гостува на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) со монобајката „Презимето на розата“. Балашевиќ е и режисерка на „Презимето на розата“ која е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планетата двор“ (Планета двориште). По претставата во МНТ ќе има промоција на романот. Шеесет и петгодишната Балашевиќ е и писателка и поранешна гимнастичарка, чиј сопруг беше легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во 2021. Со Ѓорѓе се запознале на снимањето на филмот „Поп Киро и поп Спиро“, имаат три деца и три внуци. Нивниот брак траеше четири децении, а Оливера активно учествуваше во работата на својот сопруг како продуцентка на неговите настапи. Во 1979 година Оливера, како тогашна репрезентативка на Југославија во гимнастика била поголема ѕвезда од Ѓорѓе, имала бројни признанија и медали во дури четири гимнастичарски дисциплини. Обезбедила и норма за учество на Летните олимписки игри, но, во име на љубовта решила да не патува за Москва 1980 година. На прашањето кои настани го одбележаа нејзиниот живот и каква порака сака да испрати на публиката во Скопје, вели дека одговорот се крие во монобајката, па оној кој сака да дознае, треба да дојде да ја гледа претставата.
Книгите кои јас ги читам се вистинити. Не мислам само на оние кои се пишувани по вистински настани, туку на оние кои се измислени, но во кои може да има многу вистина, бидејќи уметноста може да те излаже. Не сакам себеси да се фалам со овој став, бидејќи мојата книга е вистинита, туку само сакам да напоменам како пример, бидејќи оние кои ја читале, рекоа дека во неа има многу искреност, вели Балашевиќ.
Балашевиќ многу се радува на средбата со драги луѓе во Скопје, иако тоа ќе биде во театар, каде што се глуми и се кажува некој однапред научен текст.
Можеби мојата монобајка, моето искрено сведочење за некого ќе биде изненадување, но, мислам дека кај гледачите ќе предизвика убави сеќавања кои ќе ги вратат во некои времиња, во денови испреплетени со нераскинливи и невидливи нишки полни со љубов и грижа на нашите мајки, соседи, учителки, пред кои ќе го отворам моето срце. Можеби некој ќе се препознае? Од време на време на социјалните мрежи ќе прочитам дека се радуваат на моето гостување во Скопје, па ми испраќаат фотографија или пак билети со број на местото каде што можеби ќе седи некоја „ Provincijalkа“ или „Dođoškа“. Но, не се јавувам на билетарницата за да разберам колку карти се продадени, бидејќи кај нас дома никогаш никој не се грижел за тоа. Секогаш било најважно дали програмата што се подготвува некого ќе разгали и ќе биде доследна на очекувањата на публиката.
Вашиот живот е полн со секакви искуства, убави и грди. Што мислите, кои искуства го прават човекот?
Човекот, пред се го чини неговиот поглед на искуствата кои му ги приредува судбината. Поучена од љубовта и грижата на мојата мајка, научив дека постојат убави и помалку убави искуства, вели Балашевиќ.
[caption id="attachment_752484" align="alignnone" width="445"] Оливера Балашевиќ Научив дека постојат убави и помалку убави искуства[/caption] Ако од животот не направиш Олимпијада, тоа е исто како да не си учествувал во него. На прашањето како таа ја создала нејзината Олимпијада одговара:
Побрзо, повисоко, посилно. Со еден збор подобро. Секогаш правиш најдобро што можеш и ако ги спроведуваш тие начела, животот ќе ти биде Олимпијада. Предизвиците се работа на избор. Со нормите не сум на чисто ни до денес, ама нема сомнеж дека една од најважните норми ја исполнив во летото 1979 година, кога онаа олимписката, одлучно ја жртвував во име на љубовта. Citius, altius, fortius...Околу ова јас и Олимпијадата уште на почетокот се согласивме. Но, максимата ‘важно е да се учествува, не е важно да се победи’, според мене, треба да претрпи мали измени. Можеби не е важно да се победи, но важно е барем да се обидеш да бидеш прв. Се разбира, тоа не е единствена работа која е пресудна. Но сплет на околности ме донесоа да бидам вечен кандидат за највисок пласман во очите на моите три деца сиве овие години. Заедно со нив многупати се искачивме на победничкиот трон. Дома кај нас, во чест на триумфот на љубовта и взаемното почитување често се интонираше химната на галама, смеа и радост. А сега и со сите три внуци, убедливо, без потреба за фото-финиш, победувам во трката со детски колички низ улицата „Јован Цвијиќ“ во Нови Сад.
Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Олимписката норма од 1979 година ја жртвував во име на љубовта appeared first on Република.

]]>
Трагедија кај Македонска Каменица: Сам ја запалил куќата, па се фрлил во базен каде починал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-kaj-makedonska-kamenitsa-sam-ja-zapalil-kukata-pa-se-frlil-vo-bazen-kade-pochinal/ Wed, 07 Feb 2024 11:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=741404

Регионалниот ЦУК Штип информираше дека има една човечка жртва при пожар на куќа во с. Косевица, во месноста „Реката“.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката“. Интервенирано е со две протипожарни возила.

Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК.

Објаснуваат дека причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала.

Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата.

Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции.

The post Трагедија кај Македонска Каменица: Сам ја запалил куќата, па се фрлил во базен каде починал appeared first on Република.

]]>

Регионалниот ЦУК Штип информираше дека има една човечка жртва при пожар на куќа во с. Косевица, во месноста „Реката“. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката“. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК. Објаснуваат дека причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции.

The post Трагедија кај Македонска Каменица: Сам ја запалил куќата, па се фрлил во базен каде починал appeared first on Република.

]]>
Нова жртва од поплавите во Словенија: Маж пронајден во септичка јама https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nova-zhrtva-od-poplavite-vo-slovenija-mazh-pronajden-vo-septichka-jama/ Mon, 07 Aug 2023 07:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=669419

Полицијата во Љубљана добила дојава дека во месноста Мост општина Коменда во септичка јама е пронајдено мртво лице.

Телото било пронајдено во неделата, нешто по 11 часот.

Според локалните портали, станува збор за маж кој наводно загинал додека ги отстранувал последиците од силните поплави.

Според досега собраните информации, мажот починал кога при изведување на работите паднал во јама со отворена шахта, а смртта не е последица на кривично дело, пишува 24ур.

Полицијата извршила увид.

 

The post Нова жртва од поплавите во Словенија: Маж пронајден во септичка јама appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Љубљана добила дојава дека во месноста Мост општина Коменда во септичка јама е пронајдено мртво лице. Телото било пронајдено во неделата, нешто по 11 часот. Според локалните портали, станува збор за маж кој наводно загинал додека ги отстранувал последиците од силните поплави. Според досега собраните информации, мажот починал кога при изведување на работите паднал во јама со отворена шахта, а смртта не е последица на кривично дело, пишува 24ур. Полицијата извршила увид.  

The post Нова жртва од поплавите во Словенија: Маж пронајден во септичка јама appeared first on Република.

]]>
Втора жртва на пукањето во Приштина: Има и ранети деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vtora-zhrtva-na-pukaneto-vo-prishtina-ima-i-raneti-detsa/ Sat, 05 Aug 2023 10:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=668914

Триесет и девегодишниот Кастриот Рамадани им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 17 лица, објави Коха.

Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди – изјавил доктор Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега во Приштина.

Во престрелката што се случи синоќа во ресторан во центарот на Приштина повредени се 17 лица, од кои четворица од огнено оружје. Меѓу повредените има и деца, пишува Коха.

Според полицијата, на пукањето и претходела расправија меѓу две групи млади момчиња, а засега се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во случајот.

The post Втора жртва на пукањето во Приштина: Има и ранети деца appeared first on Република.

]]>

Триесет и девегодишниот Кастриот Рамадани им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 17 лица, објави Коха. Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди – изјавил доктор Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега во Приштина. Во престрелката што се случи синоќа во ресторан во центарот на Приштина повредени се 17 лица, од кои четворица од огнено оружје. Меѓу повредените има и деца, пишува Коха. Според полицијата, на пукањето и претходела расправија меѓу две групи млади момчиња, а засега се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во случајот.

The post Втора жртва на пукањето во Приштина: Има и ранети деца appeared first on Република.

]]>
Жртва на сообраќајката кај Прилеп е 24-годишно момче, направен е увид од страна на обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhrtva-na-soobrakajkata-kaj-prilep-e-24-godishno-momche-napraven-e-uvid-od-strana-na-obvinitel/ Mon, 24 Jul 2023 10:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=664685

Битолското обвинителство изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на патот Прилеп – Ресен.

Според првичните наоди при увидот, како што информираа од Обвинителството, до несреќата дошло при директен судар на автомобил „опел корса“, со битолски регистарски ознаки, и товарно возило, со штипски регистарски ознаки.

Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.

Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител, ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.

The post Жртва на сообраќајката кај Прилеп е 24-годишно момче, направен е увид од страна на обвинител appeared first on Република.

]]>

Битолското обвинителство изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на патот Прилеп – Ресен. Според првичните наоди при увидот, како што информираа од Обвинителството, до несреќата дошло при директен судар на автомобил „опел корса“, со битолски регистарски ознаки, и товарно возило, со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил. Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител, ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.

The post Жртва на сообраќајката кај Прилеп е 24-годишно момче, направен е увид од страна на обвинител appeared first on Република.

]]>
Семејството на жртва од „Рибникар“ ја тужеше мајката на момчето убиец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/semejstvoto-na-zhrtva-od-ribnikar-ja-tuzheshe-majkata-na-momcheto-ubiets/ Fri, 21 Jul 2023 12:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=663942

Белград -- Семејството на една од жртвите на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ поднесе приватна тужба против мајката на момчето, во која бара отштета за смртта на саканата личност.

Според Блиц, станува збор за мајката, таткото, братот и сестрата на една од жртвите во пукањето во Рибникар.

Тие вчера поднеле приватна тужба против мајката на момчето која ќе се води во граѓанска постапка.

Како што неофицијално дознава „Блиц“, тие бараат надомест на нематеријална штета поради смрт на блиско лице, како и страв и болка, а сумата што ја бараат е околу 300.000 евра.

Предметното семејство беше првото што поднесе предлог до Вишиот суд привремено да и се забрани на мајката на момчето-убиец да располага со нејзиниот имот. Потоа им се придружија уште 27 членови на семејството на убиените кои исто така поднесоа предлог до судот.

Сите кои поднеле предлози имаат рок од 30 дена да покренат приватна тужба, а тоа го сторило едно од семејствата вчера.

 

The post Семејството на жртва од „Рибникар“ ја тужеше мајката на момчето убиец appeared first on Република.

]]>

Белград -- Семејството на една од жртвите на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ поднесе приватна тужба против мајката на момчето, во која бара отштета за смртта на саканата личност. Според Блиц, станува збор за мајката, таткото, братот и сестрата на една од жртвите во пукањето во Рибникар. Тие вчера поднеле приватна тужба против мајката на момчето која ќе се води во граѓанска постапка. Како што неофицијално дознава „Блиц“, тие бараат надомест на нематеријална штета поради смрт на блиско лице, како и страв и болка, а сумата што ја бараат е околу 300.000 евра. Предметното семејство беше првото што поднесе предлог до Вишиот суд привремено да и се забрани на мајката на момчето-убиец да располага со нејзиниот имот. Потоа им се придружија уште 27 членови на семејството на убиените кои исто така поднесоа предлог до судот. Сите кои поднеле предлози имаат рок од 30 дена да покренат приватна тужба, а тоа го сторило едно од семејствата вчера.  

The post Семејството на жртва од „Рибникар“ ја тужеше мајката на момчето убиец appeared first on Република.

]]>
Затворен патот Битола-Прилеп поради тешка сообраќајна несреќа во која има една жртва https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvoren-patot-bitola-prilep-poradi-teshka-soobrakajna-nesreka-vo-koja-ima-edna-zhrtva/ Tue, 21 Feb 2023 16:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=611607

Од 16:15 часот, патниот правец Битола-Прилеп А3, поточно на излез од Битола кон Прилеп, после бензинската станица БП „Пелагонија“ е затворен за сообраќај во двата правци поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

Според извори во СВР Битола, станува збор за тешка сообраќајна несреќа, во која има една жртва.

 

The post Затворен патот Битола-Прилеп поради тешка сообраќајна несреќа во која има една жртва appeared first on Република.

]]>

Од 16:15 часот, патниот правец Битола-Прилеп А3, поточно на излез од Битола кон Прилеп, после бензинската станица БП „Пелагонија“ е затворен за сообраќај во двата правци поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ. Според извори во СВР Битола, станува збор за тешка сообраќајна несреќа, во која има една жртва.  

The post Затворен патот Битола-Прилеп поради тешка сообраќајна несреќа во која има една жртва appeared first on Република.

]]>
Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/oficijalno-tokio-ja-potvrdi-prvata-japonska-zrtva-vo-vojnata-vo-ukraina/ Fri, 11 Nov 2022 08:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=572619

Јапонец, кој се бореше на украинска страна, загина во борбите против Русија. Тој е првата позната јапонска жртва во оваа војна, соопшти денеска Владата на Јапонија.

Како што појасни портпаролот на Владата, Хироказу Мацуно, се работи за момче во дваесеттите години, убиено во борба во средата.

Мацуно додаде дека јапонски дипломати се „во контакт со неговото семејство и ќе му ја пружат целата потребна помош“.

Јапонските власти не откриваат повеќе детали.

Јапонија со месеци ги повикува нејзините државјани да ја напуштат Украина и да не патуваат во земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари отворено ги повика странците од целиот свет да се приклучат на „меѓународната легија“, што се бори против Русија во неговата татковина.

Околу 20.000 меѓународни волонтери, мнозинството од европски земји, одговорија на повикот на Киев во март, информираше тогаш за Си-ен-ен, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Москва, што овие борци ги нарекува платеници, во јуни оцени дека ги има 7.000 и утврди оти убиени се 2.000 од почетокот на конфликтот. Странски борци има и меѓу заробениците.

Минатата недела, властите на Тајпеј информираа дека во борба е убиен 25-годишен Тајванец, кој се борел во Украина против руските сили, што е прва позната жртва од Тајван.

The post Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Јапонец, кој се бореше на украинска страна, загина во борбите против Русија. Тој е првата позната јапонска жртва во оваа војна, соопшти денеска Владата на Јапонија. Како што појасни портпаролот на Владата, Хироказу Мацуно, се работи за момче во дваесеттите години, убиено во борба во средата. Мацуно додаде дека јапонски дипломати се „во контакт со неговото семејство и ќе му ја пружат целата потребна помош“. Јапонските власти не откриваат повеќе детали. Јапонија со месеци ги повикува нејзините државјани да ја напуштат Украина и да не патуваат во земјата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари отворено ги повика странците од целиот свет да се приклучат на „меѓународната легија“, што се бори против Русија во неговата татковина. Околу 20.000 меѓународни волонтери, мнозинството од европски земји, одговорија на повикот на Киев во март, информираше тогаш за Си-ен-ен, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Москва, што овие борци ги нарекува платеници, во јуни оцени дека ги има 7.000 и утврди оти убиени се 2.000 од почетокот на конфликтот. Странски борци има и меѓу заробениците. Минатата недела, властите на Тајпеј информираа дека во борба е убиен 25-годишен Тајванец, кој се борел во Украина против руските сили, што е прва позната жртва од Тајван.

The post Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Синоќешниот земјотрес ја зеде првата жртва: Почина млада девојка од Столац, карпа паднала врз семејната куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zemjotresot-ja-zede-prvata-zrtva-pochina-mlada-devojka-koja-so-teshki-povredi-bila-donesena-vo-bolnicata-vo-mostar/ Sat, 23 Apr 2022 07:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=492504

Во БиХ ноќеска се регистрирани над 30 земјотреси откако синоќа првиот најсилен земјотрес со сила од 5,7  степени по Рихтер е регистриран во 23:07 часот со епицентар во близина на градот Столац.

Столац е најтешко погоден, а од последиците на земјотресот почина 28-годишната Елмира Сефо. Врз семејната куќа на Сефо паднала карпа која се одвоила од блиската планинска падина.

Карпата според Дневни аваз паднала директно врз кровот на куќата на Сефо и ги повредила сите членови на семејството. Елмира била потешко повредена и починала во кантоналната болница каде што била пренесена. Нејзините родители се повредени.

Весникот Аваз објави и фотографии на кои се гледа огромна дупка на кровот на куќата на Сефо во Столац. Полицијата врши увид.

Од Кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“ за порталот „Аваз“ потврдија дека починала девојката Е.С. (28), која била донесено од Столац во тешка состојба. И покрај напорите на лекарите и долгата реанимација, им подлегнала на повредите.

https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-devojkata-koja-zagina-vo-sinokjeshniot-zemjotres-vo-bih-ima-samo-28-godini/

Жителите на Столац се вознемирени и преплашени. Неколкумина од нив барале помош од лекарите поради силни напади на паника затоа што во тој реон каде е епицентарот цела ноќ не престанало тресењето на земјата.

Во земјотресите се повредени полесно уште десетина лица. Има повеќе оштетувања на куќи и згради особено во Херцеговина каде и беше најсилниот удар. На повеќе патишта во близина Столац има одрони и издадено е предупредување за внимателност на возачите.

Земјотресите беа почувствувани во цела БиХ, но исто така и во Хрватска и нејзиното јужно приморје, во Црна Гора во чија близина е епицентарот, во Србија, Албанија.

Првиот силен земјотрес беше почувствуван и во западните и северните делови на Македонија, а скопската опсерваторија објави дека во државата земјотресот бил почувствуван како потрес од 3 степени.

The post Синоќешниот земјотрес ја зеде првата жртва: Почина млада девојка од Столац, карпа паднала врз семејната куќа appeared first on Република.

]]>

Во БиХ ноќеска се регистрирани над 30 земјотреси откако синоќа првиот најсилен земјотрес со сила од 5,7  степени по Рихтер е регистриран во 23:07 часот со епицентар во близина на градот Столац. Столац е најтешко погоден, а од последиците на земјотресот почина 28-годишната Елмира Сефо. Врз семејната куќа на Сефо паднала карпа која се одвоила од блиската планинска падина. Карпата според Дневни аваз паднала директно врз кровот на куќата на Сефо и ги повредила сите членови на семејството. Елмира била потешко повредена и починала во кантоналната болница каде што била пренесена. Нејзините родители се повредени. Весникот Аваз објави и фотографии на кои се гледа огромна дупка на кровот на куќата на Сефо во Столац. Полицијата врши увид. Од Кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“ за порталот „Аваз“ потврдија дека починала девојката Е.С. (28), која била донесено од Столац во тешка состојба. И покрај напорите на лекарите и долгата реанимација, им подлегнала на повредите. https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-devojkata-koja-zagina-vo-sinokjeshniot-zemjotres-vo-bih-ima-samo-28-godini/ Жителите на Столац се вознемирени и преплашени. Неколкумина од нив барале помош од лекарите поради силни напади на паника затоа што во тој реон каде е епицентарот цела ноќ не престанало тресењето на земјата. Во земјотресите се повредени полесно уште десетина лица. Има повеќе оштетувања на куќи и згради особено во Херцеговина каде и беше најсилниот удар. На повеќе патишта во близина Столац има одрони и издадено е предупредување за внимателност на возачите. Земјотресите беа почувствувани во цела БиХ, но исто така и во Хрватска и нејзиното јужно приморје, во Црна Гора во чија близина е епицентарот, во Србија, Албанија. Првиот силен земјотрес беше почувствуван и во западните и северните делови на Македонија, а скопската опсерваторија објави дека во државата земјотресот бил почувствуван како потрес од 3 степени.

The post Синоќешниот земјотрес ја зеде првата жртва: Почина млада девојка од Столац, карпа паднала врз семејната куќа appeared first on Република.

]]>