Жозел Борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zozel-borel/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Sep 2023 15:18:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жозел Борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zozel-borel/ 32 32 Борел разочаран по средбата со Вучиќ и со Курти: Денеска не успеавме да ги надминеме несогласувањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-razocharan-po-sredbata-so-vuchik-i-so-kurti-deneska-ne-uspeavme-da-gi-nadmineme-nesoglasuvanata/ Thu, 14 Sep 2023 15:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=681988

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, денеска изјави дека на средбата меѓу лидерите на Србија и на Косово не било можно да се решат меѓусебните несогласувања. Според него, премиерот на Косово, Албин Курти, не бил подготвен да го започне процесот за формирање на Заедницата на српските општини, но инсистирал на де факто признавање на Косово.

По средбата Борел истакна дека патот на двете страни кон ЕУ е преку дијалог и дека формирањето на Заедницата на српските општини и е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите.

„Без нормализација, нема да има европска иднина ниту за Косово, ниту за Србија“, предупреди Борел.

The post Борел разочаран по средбата со Вучиќ и со Курти: Денеска не успеавме да ги надминеме несогласувањата appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, денеска изјави дека на средбата меѓу лидерите на Србија и на Косово не било можно да се решат меѓусебните несогласувања. Според него, премиерот на Косово, Албин Курти, не бил подготвен да го започне процесот за формирање на Заедницата на српските општини, но инсистирал на де факто признавање на Косово. По средбата Борел истакна дека патот на двете страни кон ЕУ е преку дијалог и дека формирањето на Заедницата на српските општини и е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите. „Без нормализација, нема да има европска иднина ниту за Косово, ниту за Србија“, предупреди Борел.

The post Борел разочаран по средбата со Вучиќ и со Курти: Денеска не успеавме да ги надминеме несогласувањата appeared first on Република.

]]>
Oсмани со Борел покрај море: Со усвојувањето на уставните измени Македонија докажува дека е подготвена за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/osmani-so-borel-pokraj-more-so-usvojuvaneto-na-ustavnite-izmeni-makedonija-dokazhuva-deka-e-podgotvena-za-chlenstvo-vo-eu/ Wed, 23 Aug 2023 06:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=674794

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Шпанија, имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ, соопшти МНР.

- Со усвојувањето на уставните измени Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година. Оттука, ни земјата ни Унијата не смеат да дозволат никакво евентуално назадување од целта, рече Османи.

Уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската Комисија, Османи го поздрави новиот План за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон пристапно членство.

- Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре, истакна Османи на средбата со Борел.

Соговорниците разменија мислења и за други актуелни теми , со акцент на последните случувања во регионот, а стана збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи, се наведува во соопштението од МНР

The post Oсмани со Борел покрај море: Со усвојувањето на уставните измени Македонија докажува дека е подготвена за членство во ЕУ appeared first on Република.

Борел ветува: Билатералните прашања нема да бидат обврзувачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borel-vetuva-bilateralnite-prashana-nema-da-bidat-obvrzuvachki/ Mon, 26 Jun 2023 13:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=655353

Нема пречки за пристапување на Македонија во Европската унија, смета високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел

- Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното пристапување во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За тоа дефинитивно е неопходна добра соработка.  Регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизацијата за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но, билатералните прашања нема да бидат обврзувачки и нема да го одредуваат процесот на пристапување, изјавил Борел на прашање од Бугарското национално радио, кои ќе бидат следните чекори на ЕУ ако до ноември Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот, како што е предвидено во т.н. француски предлог за почеток на преговори за пристапување во Европската унија.

The post Борел ветува: Билатералните прашања нема да бидат обврзувачки appeared first on Република.

Ќе дојде ли Вучиќ: Борел на 27 февруари ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ke-dojde-li-vuchik-borel-na-27-fevruari-ke-svika-sostanok-na-visoko-nivo-za-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina/ Fri, 17 Feb 2023 15:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=610289

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 27 февруари во Брисел ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението, учеството го потврдиле претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Приштина, Албин Курти.

Борел со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак ќе одржи одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заеднички состанок. На состанокот ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи

The post Ќе дојде ли Вучиќ: Борел на 27 февруари ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 27 февруари во Брисел ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи. Како што се наведува во соопштението, учеството го потврдиле претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Приштина, Албин Курти. Борел со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак ќе одржи одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заеднички состанок. На состанокот ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи

The post Ќе дојде ли Вучиќ: Борел на 27 февруари ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Борел апелира до Израел да не користи смртоносна сила, освен ако е неизбежно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-apelira-do-izrael-da-ne-koristi-smrtonosna-sila-osven-ako-e-neizbezhno/ Sat, 28 Jan 2023 14:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=601994

Шефот за европската дипломатија Жозеп Борел го повика Израел да не користи смртоносна сила, „освен во краен случај”, како одговор на палестинските напади вчера и денеска, во кои загинаа седум лица, а ранети се 12.

Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад”, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица.

До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата.

Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на Израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи”, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.

Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство.

The post Борел апелира до Израел да не користи смртоносна сила, освен ако е неизбежно appeared first on Република.

]]>

Шефот за европската дипломатија Жозеп Борел го повика Израел да не користи смртоносна сила, „освен во краен случај”, како одговор на палестинските напади вчера и денеска, во кои загинаа седум лица, а ранети се 12.
Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад”, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица.
До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата.
Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на Израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи”, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.
Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство.

The post Борел апелира до Израел да не користи смртоносна сила, освен ако е неизбежно appeared first on Република.

]]>
Борел: Европа ќе се откаже од рускиот гас во следните две години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-evropa-kje-se-otkaze-od-ruskiot-gas-vo-slednite-dve-godini/ Sun, 27 Mar 2022 16:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=479416

Во следните две години европските земји ќе можат да ги прекинат испораките на руски гас, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервју за „Скај Њуз Арабија“.

Борел наведе дека европските земји „се трудат да ги диверзифицираат изворите на гас за Eвропа“ и „да ја намалат зависноста од руските енергетски суровини, но не и да ги забранат“. Шефот на европската дипломатија, исто така, истакна дека Европската унија „се стреми да формира специјална армија за да се спротивстави на заедничките предизвици“.

Според Борел, Европа во моментов се соочува со невиден бран бегалци од Украина. Тој додаде дека овој товар „ќе го споделат сите земји во Европа“.

The post Борел: Европа ќе се откаже од рускиот гас во следните две години appeared first on Република.

]]>

Во следните две години европските земји ќе можат да ги прекинат испораките на руски гас, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервју за „Скај Њуз Арабија“. Борел наведе дека европските земји „се трудат да ги диверзифицираат изворите на гас за Eвропа“ и „да ја намалат зависноста од руските енергетски суровини, но не и да ги забранат“. Шефот на европската дипломатија, исто така, истакна дека Европската унија „се стреми да формира специјална армија за да се спротивстави на заедничките предизвици“. Според Борел, Европа во моментов се соочува со невиден бран бегалци од Украина. Тој додаде дека овој товар „ќе го споделат сите земји во Европа“.  

The post Борел: Европа ќе се откаже од рускиот гас во следните две години appeared first on Република.

]]>