Жосеп Борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zosep-borel/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 17:32:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жосеп Борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zosep-borel/ 32 32 Борел: Проширувањето има централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-proshiruvaneto-ima-tsentralna-uloga-vo-geopolitichkiot-pristap-na-eu/ Wed, 30 Oct 2024 17:32:48 +0000 https://republika.mk/?p=832539

Јасен став на Европската комисија е дека проширувањето им централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ, порача денеска високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел при презентацијата на Пакетот извештаи за проширувањето.

- Граѓаните очекуваат од Европската Унија да дејствува со цел да се гарантира стабилноста и соработката во нашето соседство. Ако тоа не можеме да го сториме во нашето најблиско соседство, тешко ре да се верува дека тоа ќе успееме да го направиме во подалечните делови од светот, нагласи Борел, додавајќи дека Европската Унија нема да биде само набљудувач на настаните.

На заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Борел нагласи дека во изминативе пет години се соочивме со предизвици без преседан во сферата на здравството, животната средина и безбедноста, а речиси пред 1000 дена Русија ја започна целосната агресија врз Украина.

- Русија претставува егзистенцијална закана за Европа, повеќе од кога било до сега, и членството во ЕУ стана стратешки избор. Алтернативите (на членството) може да бидат полесни на краток рок, но она што е лесно на краток рок, може да донесе тешкотии на долг рок, порача Борел.

Тој нагласи дека она што е наведено во извештаите се базира на индивидуалните достигнувања на земјите аспиранти за членство и нивните заслуги, чиј темел пред се е владеењето на правото.

- Во изминатите пет години пристапните преговори се вратија на врвот на приоритетите на Европската комисија. Во 2019 година имаше пет кандидати за членство, а денес има девет земји кандидати и еден потенцијален кандидат, што ги прави 10, односно двојно повеќе. Тоа покажува дека Европската Унија дејствува како магнет, привлекувајќи луѓе и држави, истакна Борел.

Според него, постепената интеграција донесе резултати, па така земјите вклучени во пристапниот процес веќе имаат видлива корист од тоа.

- Тоа значи дека не мора да чекате до крајот за да ги добиете сите придобивки (од членството), туку тоа е процес низ кој има видливи придобивки кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно, рече Борел, додавајќи дека тоа вклучува пристап до програмата Еразмус+, тоа што сите граѓани од Западниот Балкан може да патуваат во ЕУ без визи, како и Планот за раст на регионот и инструментите за поддршка на Молдавија и Украина, со кои се наградуваат реформите, од кои најважно е владеењето на правото.

Тој посочи дека ЕУ се обидува да воспостави посилни врски со кандидатите за членство во сферата на енергетската и безбедносната политики, со цел да се одбранат европските вредности, да се зачува регионалната стабилност и да се заштити глобалниот поредок.

- Нашата Унија не треба да биде само поголема, туку и посилна. Можете да станете поголеми, но тоа не значи автоматски дека сте и посилни. Ние го сакаме и едното и другото. Сакаме да ги интегрираме нашите соседи и сите заедно да бидеме посилни, рече високиот претставник на ЕУ.

Борел посочи дека во услови на руската агресија врз Украина, не може да развивате односи со Русија како се да е нормално, а во исто време да сакате членство во ЕУ, бидејќи не може и едното и другото.

Според него, во изминативе години има значително усогласување на кандидатите за членство со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што е показател дека тие ги споделуваат европските вредности и геополитички цели.

- Некои наши партнери се целосно усогласени со нашата заедничката надворешна и безбедносна политика. Би можел да споменам Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, кое доброволно се усогласува, потенцира Борел.

Вархеји, од своја страна, нагласи дека актуелна Европска комисија работеше напорно да го врати проширувањето како еден од трите нејзини приоритети и тоа не само да се дискутира за тоа, туку и да се оствари напредок.

- Проширувањето не е поврзано само со промената на нашето геополитичко опкружување, туку тоа е и во интерес на ЕУ, истакна Вархеји, додавајќи дека членството во Унијата е долгорочна гаранција за мир, стабилност, безбедност и просперитет.

Тој нагласи дека со измената на метедологијата за членство извршена во 2020, ЕУ направи многу значајна промена во пристапот и го врати кредибилитетот на процесот, кој се загуби негде попатно, правејќи го предвидлив со ставот дека ако има напредок од едната, ќе го има и од другата страна.

- Врз основа на тоа можеме да кажеме дека направиме многу. Не само што имаме нов земји кандидати за членство, туку и шест земји кои преговараат, а може да им се приклучи и седма ако Советот донесе одлука за старт на преговорите со БиХ, рече Вархеји.

Според него, сето ова е видлив напредок и врз основа на тоа до крајот на мандатот на новата Европска комисија би можеле да очекуваме ново проширување на Унијата.

Тој посочи и дека паралелно со ова, ЕУ работи и на намалување на економско-социјалниот јаз меѓу земјите кандидати и членките на Унијата, за што се одвоени 30 милијарди евра само за земјите од Западниот Балкан, што претставува една третина од БДП на регионот.

- Не само што е потребно ЕУ да биде силна, туку треба и да ја донесе Европа во соседните региони, рече Вархеји, потенцирајќи дека за таа цел е подготвен и Планот за раст на Западниот Балкан, како и алатки за поддршка на Молдавија и Украина, што треба да им помогне на овие земји да ги спроведат потребните реформи и да бидат подготвени за членство во ЕУ до крајот на мандатот на новата Комисија, кој завршува кон крајот на 2029 година.

Пакетот извештаи за проширувањето ја оценува усогласеноста на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ со Копенхашките критериуми, кои се однесуваат на стабилност на институциите кои ги гарантираат демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човекови права и заштита на малцинствата, потоа одржувањето на функционална пазарна економија и нејзината способност за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во ЕУ, како и капацитетите да се преземат обврските од членството, вклучително и за ефикасно спроведување на правилата, стандардите и политиките на ЕУ.

Пакетот за проширување ги дефинира експлицитно оние реформи што треба да ги преземат земјите опфатени со пристапниот процес за да станат членки на ЕУ и информира за нивниот напредок на патот кон членство во Унијата.

Во документот се прави и преглед на спроведувањето на клучните политички и економски реформи од страна на аспирантите за членство и им се даваат јасни препораки за следниот период. сп/

The post Борел: Проширувањето има централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Борел: Сакаме да ја видиме Македонија како напредува кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borel-sakame-da-ja-vidime-makedonija-kako-napreduva-kon-eu/ Fri, 12 Jul 2024 08:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=796060

Сакаме да ја видиме Македонија како напредува во процесот на пристапување во Европската Унија, објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на Икс информирајќи за негова средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Среќен сум е што се сретнав со новиот министер за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски. Македонија е наш силен сојузник. Добрососедските односи и регионалната соработка мора да останат приоритет за земјата. Сакаме да ја видиме Македонија како напредува во процесот на пристапување во ЕУ, наведе Борел во објавата.

Муцунски беше дел од македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која претходните три дена учествуваше на средбата на шефови на држави или влади на членките на НАТО што се одржа во Вашингтон. Во состав на делегацијата беа и министрите за одбрана и за внатрешни работи, Владо Мисајловски и Панче Тошковски.

The post Борел: Сакаме да ја видиме Македонија како напредува кон ЕУ appeared first on Република.

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-zemjite-chlenki-na-eu-podeleni-za-palestinskoto-prashane/ Tue, 14 May 2024 19:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=778092

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.

Во својот говор на Институтот Хувер на Универзитетот Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се почне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.

– Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото, рече Борел.

The post Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање. Во својот говор на Институтот Хувер на Универзитетот Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се почне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.
– Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото, рече Борел.

The post Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање appeared first on Република.

]]>
Борел: Новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-novinarite-mora-da-bidat-zashtiteni-vo-sekoe-vreme-i-nasekade/ Fri, 03 May 2024 08:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=773685

Новинарите и медиумските работници секојдневно храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик, при што независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии преку разоткривање на неправдите, барање на одговорност од лидерите и овозможување граѓаните да носат одлуки базирани на информации, истакна високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

– Во 2024 година, кога се одржуваат избори во над 60 земји ширум светот, работата на новинарите е позначајна од кога било. На овој Светски ден на слободата на медиумите, ја почитуваме нивната работа и храброст. Како наши очи и уши, новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде, наведе Борел во изјавата дадена во име на Европската Унија.

Тој нагласува дека ЕУ цврсто ги осудува сите акти на насилство, вклучително и заканите, врз новинарите при вршење на нивната професија, без разлика дали потекнуваат од држави, организирани групи или поединци.

– Не смее да има неказнивост за ваквите злосторства, без разлика каде се случуваат, дециден е Борел.

Според него, новинарите и медиумските работници кои известуваат од вооружени конфликти мора да бидат заштитени во согласност со меѓународното хуманитарно право.

– ЕУ изразува жалење за драматичното зголемување на бројот на убиени или повредени новинари додека известуваат за разорните последици од војната. Премногу новинари ги загубија животите во последните месеци додека ни ги пренесуваа вестите од Газа. Новинарите, исто така, продолжуваат да се изложени на ризик на дневна основа додека известуваат за руската агресивна војна против Украина, како и од конфликтите во Мјанмар, Судан и на други места, се додава во изјавата.

Борел натаму посочува и дека ЕУ изразува сериозна загриженост поради праксата за оневозможување на пристап на независните медиуми до конфликтните зони како начин за контрола на информативниот простор и ограничување на пристапот на јавноста до објективно известување базирано на факти.

– Ширум светот, независните медиуми се соочуваат со голем број егзистенцијални закани. Повеќе од кога било, ние мора да преземеме решителна акција за да обезбедиме дека медиумите можат да работат во остварливи политички, економски и правни услови, потенцира Борел.

Тој нагласува дека ЕУ направи значаен чекор во тој правец со усвојувањето на Европскиот закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата.

– ЕУ останува цврсто посветена на својата заложба за заштита на слободата на медиумите и плурализмот ширум светот. Во одбраната на слободата на медиумите, ние го штитиме не само нашето право да знаеме, туку и нашата способност да ја обликуваме иднината водена од вистината и одговорноста, додава Борел во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

The post Борел: Новинарите мора да бидат заштитени во секое време и насекаде appeared first on Република.

Борел во посета на Саудиска Арабија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-vo-poseta-na-saudiska-arabija/ Mon, 08 Jan 2024 08:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=730755

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел по завршувањето на тридневната посета на Либан, својата турнеја низ Блискиот Исток од синоќа ја продолжи со престој во Саудиска Арабија.

Како што соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), предвидено е Борел да има средби со високи претставници на Саудиска Арабија, вклучително и со министерот за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан, како и генералниот секретар на Советот за соработка во Персискиот Заливот, Јасем Мохамед Албудаиви.

- Мисијата следи по неговата посета на Либан и е дел од ангажманот на високиот претставник Борел со регионалните партнери за унапредување на дипломатските напори за создавање услови за постигнување праведен и траен мир меѓу Израел и Палестина и во регионот. Посетата ќе биде искористена да се разговара за сите аспекти на ситуацијата во и околу Газа, вклучително и нејзиното влијание врз регионот. Борел ќе се осврне и на загрижувачката ескалација на состојбата во Црвеното Море, се наведува во најавата на ЕЕАС.

Теми на разговорите на Борел со неговите саудиски домаќини ќе бидат и билатералната соработка меѓу ЕУ и Саудиска Арабија, како и регионалните приоритети во рамките на партнерството на Унијата со Советот за соработка во Персискиот Залив.

The post Борел во посета на Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел по завршувањето на тридневната посета на Либан, својата турнеја низ Блискиот Исток од синоќа ја продолжи со престој во Саудиска Арабија. Како што соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), предвидено е Борел да има средби со високи претставници на Саудиска Арабија, вклучително и со министерот за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан, како и генералниот секретар на Советот за соработка во Персискиот Заливот, Јасем Мохамед Албудаиви.
- Мисијата следи по неговата посета на Либан и е дел од ангажманот на високиот претставник Борел со регионалните партнери за унапредување на дипломатските напори за создавање услови за постигнување праведен и траен мир меѓу Израел и Палестина и во регионот. Посетата ќе биде искористена да се разговара за сите аспекти на ситуацијата во и околу Газа, вклучително и нејзиното влијание врз регионот. Борел ќе се осврне и на загрижувачката ескалација на состојбата во Црвеното Море, се наведува во најавата на ЕЕАС.
Теми на разговорите на Борел со неговите саудиски домаќини ќе бидат и билатералната соработка меѓу ЕУ и Саудиска Арабија, како и регионалните приоритети во рамките на партнерството на Унијата со Советот за соработка во Персискиот Залив.

The post Борел во посета на Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>
Борел: Кон крајот на септември ќе се одржи министерска средба ЕУ-Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borel-kon-krajot-na-septemvri-ke-se-odrzhi-ministerska-sredba-eu-zapaden-balkan/ Thu, 31 Aug 2023 19:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=677727

Војната во Украина како колатерален ефект го има забрзувањето процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан и Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на прес-конференцијата по завршувањето неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо.

– Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка (за проширувањето), може да ја мобилизра нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство, истакна Борел, најавувајќи дека на предлог на шпанското претседателство со ЕУ кон крајот на следниот месец ќе се одржи заеднички состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата со нивните колеги од земејите од Западниот Балкан.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, тој нагласи дека проширувањето е процес што се базира на исполнување на критериуми.

– Една земја ќе стане членка кога ќе ги испокни сите услови, но важно е да му се даде политички поттик на процесот, истакна Борел, додавајќи дека и Унијата мора сама да се подготви за процесот на прием на нови членки.

Борел водено најави дека на 14 септември ќе се одржи нов дијалог на високо ниво меѓу Србија и Косово во обид за надминуавње на разликите меѓу двете страни.

The post Борел: Кон крајот на септември ќе се одржи министерска средба ЕУ-Западен Балкан appeared first on Република.

Борел: Билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на приклучувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borel-bilateralnite-prashana-ne-treba-da-bidat-obvrzuvachki-i-nema-da-go-odredat-protsesot-na-prikluchuvaneto/ Mon, 26 Jun 2023 11:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=655316

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, смета дека нема пречки за приклучување на Македонија кон Европската Унија, објавија бугарските медиуми.

Македонија забвележува добар напредок и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното приклучување кон ЕУ. При тоа приклучување стриктно ќе бидат почитувани европските принципи и стандарди. За тоа е неопходна добра соработка, а регионалната соработка останува суштински елемент, исто како и стабилизацијата за да може да се спроведе пристапниот процес. Но билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на приклучувањето – изјавил Борел за БНР, одговарајќи на прашањето какви ќе бидат следните чекори на Унијата ако до ноември Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот.

Вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав е условот што го постави Софија за да се согласи на Преговарачката рамка за земјава.

The post Борел: Билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на приклучувањето appeared first on Република.

Борел: Им кажав на Вучиќ и Курти – деескалација мора да се случи веднаш и безусловно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borel-im-kazhav-na-vuchik-i-kurti-deeskalatsija-mora-da-se-sluchi-vednash-i-bezuslovno/ Fri, 23 Jun 2023 06:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=654263

Шефот на европската дипломатија на Европската унија, Жосеп Борел, вечерва изјави дека ЕУ била јасна на разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти дека деескалацијата мора да се случи веднаш и безусловно.

„Речиси четири недели гледаме како, според мене, ситуацијата на север непотребно се влошува. Војници на КФОР, новинари, граѓани беа повредени и секој ден слушаме за инциденти. Ова не може да продолжи, тоа е неприфатливо. Затоа ги повикав Вучиќ и Курти денеска да дојдат во Брисел на состанокот за управување со кризи“, рече Борел на прес-конференцијата.

The post Борел: Им кажав на Вучиќ и Курти – деескалација мора да се случи веднаш и безусловно appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија на Европската унија, Жосеп Борел, вечерва изјави дека ЕУ била јасна на разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти дека деескалацијата мора да се случи веднаш и безусловно. „Речиси четири недели гледаме како, според мене, ситуацијата на север непотребно се влошува. Војници на КФОР, новинари, граѓани беа повредени и секој ден слушаме за инциденти. Ова не може да продолжи, тоа е неприфатливо. Затоа ги повикав Вучиќ и Курти денеска да дојдат во Брисел на состанокот за управување со кризи“, рече Борел на прес-конференцијата.

The post Борел: Им кажав на Вучиќ и Курти – деескалација мора да се случи веднаш и безусловно appeared first on Република.

]]>
Борел: Секој има право на слобода на мисла и изразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-sekoj-ima-pravo-na-sloboda-na-misla-i-izrazuvane/ Tue, 02 May 2023 21:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=636178

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, денеска, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ги осуди заканите и насилството врз новинарите.

- Секој има право на слобода на мислење и изразување, а тоа право подразбира да се има слобода на мислење без мешање, а исто така подразбира барање, примање и пренесување информации и идеи преку кој било медиум и без разлика на границите, рече Борел.

Висок европски функционер рече дека „ЕУ ги осудува сите форми на закани и насилство врз новинарите и ги поддржува медиумските работници кои се изложени на ризик преку локални мисии и преку наменски програми, како што се платформата Безбедни новинари во Западен Балкан, проектот за поддршка на независни медиуми и основните слободи во Камбоџа и програмата Медиумска издржливост во Авганистан“, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Додека зачувувањето на слободни, независни и плуралистички медиуми е од витално значење за отпорни и здрави демократии, слободата на медиумите сега е доведена во прашање во повеќето делови на светот, се додава во соопштението.

Според ЕЕАС, новинарите, медиумските работници и сите оние кои презентираат независни информации во јавноста, расветлуваат сериозни прекршувања на човековите права и злосторства и бараат одговорност од властите, се повеќе се соочуваат со дискредитација, закани и напади.

Новинарите во нападнатата Украина, Белорусија и Авганистан, Блискиот Исток и Северна Африка, Централна Америка, добитниците на Нобеловата награда на Филипините и во Русија и многу други медиумски работници ширум светот, вклучително и Европа, продолжуваат да плаќаат висока цена за извршување на својата професија.

Новинарките се особено ранливи на закани, наведува ЕЕАС, додавајќи дека новинарките се изложени на стигматизација, сексистички говор на омраза, сексуално и родово насилство, па дури и убиства.

Според EEAS, околу 73 отсто од новинарките доживеале онлајн закани, злоупотреба и малтретирање за време на нивната работа.

Во исто време, „градиме критични капацитети за да се спротивставиме на манипулацијата со странски информации и мешање, и да им помогнеме на граѓаните во Европа да го зајакнат својот отпор кон дезинформации, манипулации и пропаганда, со иницијативи како што се платформата EUvsDisinfo и Европската опсерваторија за дигитални медиуми, “ додаде Борел.

Одбраната и промовирањето на слободата на печатот е универзална мисија која не познава граници.

ЕУ ќе остане посветена на ангажирање со владите, медиумите и граѓанското општество, како на меѓународни форуми, така и на локално ниво, за да преземе иницијатива и да ја зајакне слободата на медиумите ширум светот, додаде Борел.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува утре, на 3 мај.

The post Борел: Секој има право на слобода на мисла и изразување appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, денеска, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ги осуди заканите и насилството врз новинарите. - Секој има право на слобода на мислење и изразување, а тоа право подразбира да се има слобода на мислење без мешање, а исто така подразбира барање, примање и пренесување информации и идеи преку кој било медиум и без разлика на границите, рече Борел. Висок европски функционер рече дека „ЕУ ги осудува сите форми на закани и насилство врз новинарите и ги поддржува медиумските работници кои се изложени на ризик преку локални мисии и преку наменски програми, како што се платформата Безбедни новинари во Западен Балкан, проектот за поддршка на независни медиуми и основните слободи во Камбоџа и програмата Медиумска издржливост во Авганистан“, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Додека зачувувањето на слободни, независни и плуралистички медиуми е од витално значење за отпорни и здрави демократии, слободата на медиумите сега е доведена во прашање во повеќето делови на светот, се додава во соопштението. Според ЕЕАС, новинарите, медиумските работници и сите оние кои презентираат независни информации во јавноста, расветлуваат сериозни прекршувања на човековите права и злосторства и бараат одговорност од властите, се повеќе се соочуваат со дискредитација, закани и напади. Новинарите во нападнатата Украина, Белорусија и Авганистан, Блискиот Исток и Северна Африка, Централна Америка, добитниците на Нобеловата награда на Филипините и во Русија и многу други медиумски работници ширум светот, вклучително и Европа, продолжуваат да плаќаат висока цена за извршување на својата професија. Новинарките се особено ранливи на закани, наведува ЕЕАС, додавајќи дека новинарките се изложени на стигматизација, сексистички говор на омраза, сексуално и родово насилство, па дури и убиства. Според EEAS, околу 73 отсто од новинарките доживеале онлајн закани, злоупотреба и малтретирање за време на нивната работа. Во исто време, „градиме критични капацитети за да се спротивставиме на манипулацијата со странски информации и мешање, и да им помогнеме на граѓаните во Европа да го зајакнат својот отпор кон дезинформации, манипулации и пропаганда, со иницијативи како што се платформата EUvsDisinfo и Европската опсерваторија за дигитални медиуми, “ додаде Борел. Одбраната и промовирањето на слободата на печатот е универзална мисија која не познава граници. ЕУ ќе остане посветена на ангажирање со владите, медиумите и граѓанското општество, како на меѓународни форуми, така и на локално ниво, за да преземе иницијатива и да ја зајакне слободата на медиумите ширум светот, додаде Борел. Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува утре, на 3 мај.

The post Борел: Секој има право на слобода на мисла и изразување appeared first on Република.

]]>
Борел ѝ се закани на Белорусија: Одбијте го руското нуклеарно оружје или ќе следуваат нови санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-se-zakani-na-belorusija-odbijte-go-ruskoto-nuklearno-oruzhje-ili-ke-sleduvaat-novi-sanktsii/ Mon, 27 Mar 2023 06:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=623981

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел ја повика Белорусија да не прифаќа руско нуклеарно оружје на своја територија и порача дека во спротивно може да се соочи со нови санкции.

-Белоруското складирање на руското нуклеарно оружје би претставувало неодговорна ескалација и закана за европската безбедност. Белорусија сè уште може да го спречи, тоа е нивен избор, а Европската унија е подготвена да одговори со воведување нови санкции, напиша Борел на својот Твитер профил.

Префрлувањето на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија во саботата го најави рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека тоа не ги нарушува обврските од договорот СТАРТ, бидејќи САД веќе го направиле тоа со пренесување на своето нуклеарно оружје во други земји.

Според него, изградбата на складиште за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија се очекува да биде завршена на 1 јули.

Москва веќе го префрли во Минск системот „Искандер“, кој може да користи нуклеарно оружје, потсетува ТАСС.

The post Борел ѝ се закани на Белорусија: Одбијте го руското нуклеарно оружје или ќе следуваат нови санкции appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел ја повика Белорусија да не прифаќа руско нуклеарно оружје на своја територија и порача дека во спротивно може да се соочи со нови санкции. -Белоруското складирање на руското нуклеарно оружје би претставувало неодговорна ескалација и закана за европската безбедност. Белорусија сè уште може да го спречи, тоа е нивен избор, а Европската унија е подготвена да одговори со воведување нови санкции, напиша Борел на својот Твитер профил.
Префрлувањето на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија во саботата го најави рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека тоа не ги нарушува обврските од договорот СТАРТ, бидејќи САД веќе го направиле тоа со пренесување на своето нуклеарно оружје во други земји. Според него, изградбата на складиште за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија се очекува да биде завршена на 1 јули. Москва веќе го префрли во Минск системот „Искандер“, кој може да користи нуклеарно оружје, потсетува ТАСС.

The post Борел ѝ се закани на Белорусија: Одбијте го руското нуклеарно оружје или ќе следуваат нови санкции appeared first on Република.

]]>
Борел: Охридскиот договорот не беше потпишан од правни причини, но е правнообврзувачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borel-ohridskiot-dogovorot-ne-beshe-potpishan-od-pravni-prichini-no-e-pravnoobvrzuvachki/ Mon, 20 Mar 2023 22:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=621815

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово, постигнат на средбата во Охрид, станал правно обврзувачки во моментот кога Европската унија излезе со соопштение.

- Договорот не беше потпишан од правни причини, но двете страни се согласија дека мојата изјава (по состанокот во Охрид) претставува заложба за двете страни целосно да се посветат на обврските што произлегуваат од овој договор и неговата имплементација, рече Борел по средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Тој додаде дека ова е важна пресвртница во процесот на нормализација на односите, што создава „нов статус кво во дијалогот“, пренесува Радио Слободна Европа.

Борел денеска ги информираше шефовите на европските дипломатии за исходот од средбата меѓу лидерите на Косово и Србија, Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид на 18 март.

Тој нагласи дека ЕУ ќе го следи процесот на имплементација на се што е договорено и додаде дека има итни работи кои мора веднаш да се спроведат, како што е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово.

- Договорот мора да се спроведе според одреден календар. Овој календар бара секоја страна да го направи својот дел. Не треба да градиме куќа од покривот, туку од итните работи. Има работи кои се многу итни, рече Борел.

Во Анексот (за имплементација), јасно е наведено дека Косово веднаш ќе се ангажира за формирањето на Заедницата на Косово, потенцираше Борел.

- Шефот на европската дипломатија не сакаше да ги коментира изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ден по средбата во Охрид изјави дека нема да спроведе делови од договорот поврзани со членството на Косово во Обединетите нации.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во Брисел повтори дека неговата земја ќе ги спроведува само оние делови од договорот што не допираат до државните црвени линии, односно меѓусебно признавање и столче во ОН за Косово.

Србија и Косово на средбата во Охрид го договорија Анексот за имплементација на Спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Беше договорено и овие документи да станат составен дел на процесот за приклучување на Србија и Косово во Европската Унија.

The post Борел: Охридскиот договорот не беше потпишан од правни причини, но е правнообврзувачки appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово, постигнат на средбата во Охрид, станал правно обврзувачки во моментот кога Европската унија излезе со соопштение. - Договорот не беше потпишан од правни причини, но двете страни се согласија дека мојата изјава (по состанокот во Охрид) претставува заложба за двете страни целосно да се посветат на обврските што произлегуваат од овој договор и неговата имплементација, рече Борел по средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Тој додаде дека ова е важна пресвртница во процесот на нормализација на односите, што создава „нов статус кво во дијалогот“, пренесува Радио Слободна Европа. Борел денеска ги информираше шефовите на европските дипломатии за исходот од средбата меѓу лидерите на Косово и Србија, Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид на 18 март. Тој нагласи дека ЕУ ќе го следи процесот на имплементација на се што е договорено и додаде дека има итни работи кои мора веднаш да се спроведат, како што е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово. - Договорот мора да се спроведе според одреден календар. Овој календар бара секоја страна да го направи својот дел. Не треба да градиме куќа од покривот, туку од итните работи. Има работи кои се многу итни, рече Борел. Во Анексот (за имплементација), јасно е наведено дека Косово веднаш ќе се ангажира за формирањето на Заедницата на Косово, потенцираше Борел. - Шефот на европската дипломатија не сакаше да ги коментира изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ден по средбата во Охрид изјави дека нема да спроведе делови од договорот поврзани со членството на Косово во Обединетите нации. Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во Брисел повтори дека неговата земја ќе ги спроведува само оние делови од договорот што не допираат до државните црвени линии, односно меѓусебно признавање и столче во ОН за Косово. Србија и Косово на средбата во Охрид го договорија Анексот за имплементација на Спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Беше договорено и овие документи да станат составен дел на процесот за приклучување на Србија и Косово во Европската Унија.

The post Борел: Охридскиот договорот не беше потпишан од правни причини, но е правнообврзувачки appeared first on Република.

]]>
Белград и Приштина да се охрабрат за успех на дијалогот, порача Борел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/belgrad-i-prishtina-da-se-ohrabrat-za-uspeh-na-dijalogot-poracha-borel/ Thu, 16 Mar 2023 16:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=620406

Сакаме да дадеме се од себе за да им помогнеме на Косово и Србија да најдат начин за помирување и нормализирање на нивните односи, затоа што без тоа нема да можат да напредуваат на својот пат кон ЕУ, нагласува високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел во интервју за МИА.

– Мојата улога е да го олеснам дијалогот и јас сум целосно вложен во него со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ Лајчак, кој се занимава со интензивна шатл-дипломатија меѓу Приштина, Белград и европските главни градови. Во нивни интерес и во корист на нивниот народ е да ја пронајдат потребната политичка храброст за да успее дијалогот. Ќе продолжиме да им помагаме колку што можеме, но на крајот на нив е да ги донесат одлуките. Непотребно е да се каже дека успешен исход од овој дијалог ќе има и многу позитивно влијание за целиот регион – вели Борел во врска со средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албан Курти викендов во Охрид.

Според Борел, проблемот меѓу Белград и Приштина не претставуваат замрзнат конфликт, туку станува збор за двајца партнери, кои споделуваат проблематично минато и се уште не се во можност целосно да го надминат негативното наследство од минатото.

-Верувам дека се подготвени да најдат решение на преговарачката маса. На крајот, тие сакаат да се приклучат кон Европската Унија, а добрососедските односи се еден од основните принципи на нашата Унија. Затоа им помагаме на Белград и Приштина со дијалогот поддржан од ЕУ да постигнат сеопфатен договор за нормализација на нивните односи – вели Борел, нагласувајќи дека дијалогот е една од клучните компоненти на ангажманот на ЕУ на Западниот Балкан.

The post Белград и Приштина да се охрабрат за успех на дијалогот, порача Борел appeared first on Република.

Жозеп Борел денеска и утре во посета на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhozep-borel-deneska-i-utre-vo-poseta-na-makedonija/ Thu, 16 Mar 2023 07:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=620108

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија.

Борел, според агендата, денеска ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а утре ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Оливер Вархеи.

По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција.

За време на посетата, Борел, како што е најавено, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Македонија.

Борел во земјава доаѓа од Албанија, каде имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и ќе претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија.

Овие посети, како што е најавено, се можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.

Борел, по Скопје на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина.

The post Жозеп Борел денеска и утре во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија.

Борел, според агендата, денеска ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а утре ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Оливер Вархеи. По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција.

За време на посетата, Борел, како што е најавено, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Македонија.

Борел во земјава доаѓа од Албанија, каде имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и ќе претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија.

Овие посети, како што е најавено, се можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.

Борел, по Скопје на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина.

The post Жозеп Борел денеска и утре во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>
Борел: ЕУ ги исцрпи сите можности за санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-eu-gi-istsrpi-site-mozhnosti-za-sanktsii-protiv-rusija/ Fri, 10 Mar 2023 18:27:22 +0000 https://republika.mk/?p=618274

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, во интервју за европскиот портал „Еурактив“, изјави дека ЕУ практично ги исцрпила сите можности за санкции против Русија.

Нема што повеќе да се направи од гледна точка на санкциите, но можеме да продолжиме да ја зголемуваме финансиската и воената поддршка за Украина“, изјави Борел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ и Стокхолм.

На прашањата на новинарите на прес-конференцијата во Европската комисија, дали ЕУ подготвува нов пакет санкции, портпаролите не можеа да дадат прецизен одговор и се ограничија на изјавата дека земјите членки разговараат за тоа и дека расправата не може да биде јавна.

Навистина, една година по инвазијата, доаѓаме до крајот на нашите опции“, призна Борел, на прашањето за следните потенцијални чекори што ЕУ би можела да ги преземе како одговор на руската воена операција во Украина.

Тој верува дека одговорот е да се продолжи со поддршката на Украина, да се спречи избегнувањето на санкциите и да се користат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.

На Украина и требаат многу пари само за да продолжи да работи машинеријата, земјата во војна има големи финансиски потреби. Тоа ќе бара многу напор од наша страна, така што санкциите и воената поддршка не се сè“, изјави Борел.

The post Борел: ЕУ ги исцрпи сите можности за санкции против Русија appeared first on Република.

Борел по средбата со Вучиќ и Курти: Постигнат е напредок, потребна е дополнителна работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borel-po-sredbata-so-vuchik-i-kurti-postignat-e-napredok-potrebna-e-dopolnitelna-rabota/ Tue, 28 Feb 2023 07:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=613964

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти изразија подготвеност Белград и Приштина да ги спроведат постигнатите договори, но потребни се дополнителни средби, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел, по средбата со српскиот и со косовскиот лидер.

Постигнат е напредок, но потребна е дополнителна работа за да се спроведе договореното, изјави Борел, пренесува „ФоНет“.

https://republika.mk/vesti/balkan/eu-go-objavi-tseliot-predlog-dogovor-za-patot-kon-normalizatsija-na-odnosite-megu-kosovo-i-srbija/

Средбата меѓу Вучиќ и Курти со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, започна нешто пред 18 часот, околу 45 минути подоцна од планираното. Средбата траеше цели два часа.

Тешка средба. Како што се очекуваше. Нема предавање, напиша Александар Вучиќ на Инстаграм, веднаш по завршувањето на средбата, која траеше цели два часа.

https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-vuchik-na-18-mart-ke-pregovaraat-vo-makedonija/

По разговорот, Вучиќ за медиумите изјави дека била исклучително тешка средба и дека ќе има уште една средба на 18 март во Македонија, кога Борел ќе го посети регионот.

Дотогаш треба да разговараме со Лајчак. Ќе се разговара за неопходноста од спроведување на сите досегашни договори. ЗСО се подразбира, и мислам дека господинот Курти не беше подготвен да го прифати тоа сега, ќе видиме во иднина. Се плашам дека можеме да останеме заглавени во нешто што одамна требаше да се исполни, изјави Вучиќ.

The post Борел по средбата со Вучиќ и Курти: Постигнат е напредок, потребна е дополнителна работа appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти изразија подготвеност Белград и Приштина да ги спроведат постигнатите договори, но потребни се дополнителни средби, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел, по средбата со српскиот и со косовскиот лидер.
Постигнат е напредок, но потребна е дополнителна работа за да се спроведе договореното, изјави Борел, пренесува „ФоНет“.
https://republika.mk/vesti/balkan/eu-go-objavi-tseliot-predlog-dogovor-za-patot-kon-normalizatsija-na-odnosite-megu-kosovo-i-srbija/ Средбата меѓу Вучиќ и Курти со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, започна нешто пред 18 часот, околу 45 минути подоцна од планираното. Средбата траеше цели два часа.
Тешка средба. Како што се очекуваше. Нема предавање, напиша Александар Вучиќ на Инстаграм, веднаш по завршувањето на средбата, која траеше цели два часа.
https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-vuchik-na-18-mart-ke-pregovaraat-vo-makedonija/ По разговорот, Вучиќ за медиумите изјави дека била исклучително тешка средба и дека ќе има уште една средба на 18 март во Македонија, кога Борел ќе го посети регионот.
Дотогаш треба да разговараме со Лајчак. Ќе се разговара за неопходноста од спроведување на сите досегашни договори. ЗСО се подразбира, и мислам дека господинот Курти не беше подготвен да го прифати тоа сега, ќе видиме во иднина. Се плашам дека можеме да останеме заглавени во нешто што одамна требаше да се исполни, изјави Вучиќ.

The post Борел по средбата со Вучиќ и Курти: Постигнат е напредок, потребна е дополнителна работа appeared first on Република.

]]>
Борел: Белград и Приштина мора да ги почитуваат постигнатите договори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-belgrad-i-prishtina-mora-da-gi-pochituvaat-postignatite-dogovori/ Thu, 03 Nov 2022 10:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=569134

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат.

„Неприфатливи се вознемирувачките дејствија, како палење автомобили. Договорите во дијалогот мора да се почитуваат. Ги повикувам сите да дејствуваат воздржано“, напиша Борел на Твитер

Високиот претставник ова го соопшти по разговорот со премиерот на Косово, Албин Курти. Тој додаде дека со Курти разговарал и за можностите за напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Борел и Курти се сретнаа пред самитот на Берлинскиот процес во главниот град на Германија, на кој присуствува и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

The post Борел: Белград и Приштина мора да ги почитуваат постигнатите договори appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат. „Неприфатливи се вознемирувачките дејствија, како палење автомобили. Договорите во дијалогот мора да се почитуваат. Ги повикувам сите да дејствуваат воздржано“, напиша Борел на Твитер Високиот претставник ова го соопшти по разговорот со премиерот на Косово, Албин Курти. Тој додаде дека со Курти разговарал и за можностите за напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. Борел и Курти се сретнаа пред самитот на Берлинскиот процес во главниот град на Германија, на кој присуствува и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

The post Борел: Белград и Приштина мора да ги почитуваат постигнатите договори appeared first on Република.

]]>
Да ги спречиме Русите да ни доаѓаат во ЕУ за шопинг и задоволство, повика Борел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/da-gi-sprechime-rusite-da-ni-doagjaat-vo-eu-za-shoping-i-zadovolstvo-povika-borel/ Wed, 31 Aug 2022 15:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=546149

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел од Прага порача дека целта на укинувањето на визната либерализација за Русите е да се спречи тие што ја поддржуваат војната во Украина да патуваат за задоволство во Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прес-конференцијата по неформалниот министерски состанок на ЕУ за надворешни работи, шефот на ЕУ дипломатијата, Борел, најави дека е постигнат договор помеѓу 27-те земји-членки за да се суспендира целосно договорот за визно олеснување помеѓу ЕУ и Русија.

Ова значи дека ќе биде потешко да се добие виза за ЕУ, уште ќе биде можно, но значително ќе се намали бројот, објасни Борел пред новинарите.

Ова подолго време го бараат земјите во Источна Европа и Балтикот. После повеќе недели преговори со Франција и Германија кои беа против, ЕУ сепак денеска донесе одлука да се укине слободното патување во ЕУ за руските граѓани.

Борел даде повеќе причини за оваа одлука, едната е фактот што е зголемен бројот на преминување на границите на ЕУ, но и дека Унијата сака да ги спречи Русите да патуваат во Европа за задоволство и шопинг.

До сега визниот договор со Русија беше суспендиран само за одредени лица и компании обвинети дека ја финансираат или поддржуваат војната во Украина и власта на Владимир Путин.

Оваа одлука ќе значи значително намалување на нови визи доделени од земјите членки на ЕУ, ќе биде потешко и подолго да се добие и бројот на нови визи ќе биде значително намален за да се спречи визен шопинг од страна на Руси кои бараат подобри услови, рече првиот дипломат на ЕУ.

Земјите на ЕУ ќе можат сепак да доделуваат одредени визи на индивидуална база, затоа што, како што рече, ЕУ не сака да се отсече од оние Руси кои не ја поддржуваат војната како и од граѓанското општество. Одлучено е исто така да не се признаваат руските пасоши доделени во окупираните украински територии од страна на Русија.

Земјите соседи на Русија во ЕУ ќе имаат дозвола да го ограничат преминувањето на границата за Русите во согласно со Шенгенскиот граничен код, најави Борел.

Останува уште да се дискутира и за веќе доделените визи за руски граѓани во ЕУ и дали треба и на тоа поле нешто да се преземе. За оваа цел земјите членки на ЕУ ќе побараат од Европската Комисија да изготви документ кој треба да се послужи како водилка за националните власти.

Денешниот договор е политички договор бидејќи е донесен на неформален состанок.

The post Да ги спречиме Русите да ни доаѓаат во ЕУ за шопинг и задоволство, повика Борел appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел од Прага порача дека целта на укинувањето на визната либерализација за Русите е да се спречи тие што ја поддржуваат војната во Украина да патуваат за задоволство во Европа, јави дописничката на МИА од Брисел. На прес-конференцијата по неформалниот министерски состанок на ЕУ за надворешни работи, шефот на ЕУ дипломатијата, Борел, најави дека е постигнат договор помеѓу 27-те земји-членки за да се суспендира целосно договорот за визно олеснување помеѓу ЕУ и Русија.
Ова значи дека ќе биде потешко да се добие виза за ЕУ, уште ќе биде можно, но значително ќе се намали бројот, објасни Борел пред новинарите.
Ова подолго време го бараат земјите во Источна Европа и Балтикот. После повеќе недели преговори со Франција и Германија кои беа против, ЕУ сепак денеска донесе одлука да се укине слободното патување во ЕУ за руските граѓани. Борел даде повеќе причини за оваа одлука, едната е фактот што е зголемен бројот на преминување на границите на ЕУ, но и дека Унијата сака да ги спречи Русите да патуваат во Европа за задоволство и шопинг. До сега визниот договор со Русија беше суспендиран само за одредени лица и компании обвинети дека ја финансираат или поддржуваат војната во Украина и власта на Владимир Путин.
Оваа одлука ќе значи значително намалување на нови визи доделени од земјите членки на ЕУ, ќе биде потешко и подолго да се добие и бројот на нови визи ќе биде значително намален за да се спречи визен шопинг од страна на Руси кои бараат подобри услови, рече првиот дипломат на ЕУ.
Земјите на ЕУ ќе можат сепак да доделуваат одредени визи на индивидуална база, затоа што, како што рече, ЕУ не сака да се отсече од оние Руси кои не ја поддржуваат војната како и од граѓанското општество. Одлучено е исто така да не се признаваат руските пасоши доделени во окупираните украински територии од страна на Русија.
Земјите соседи на Русија во ЕУ ќе имаат дозвола да го ограничат преминувањето на границата за Русите во согласно со Шенгенскиот граничен код, најави Борел.
Останува уште да се дискутира и за веќе доделените визи за руски граѓани во ЕУ и дали треба и на тоа поле нешто да се преземе. За оваа цел земјите членки на ЕУ ќе побараат од Европската Комисија да изготви документ кој треба да се послужи како водилка за националните власти. Денешниот договор е политички договор бидејќи е донесен на неформален состанок.

The post Да ги спречиме Русите да ни доаѓаат во ЕУ за шопинг и задоволство, повика Борел appeared first on Република.

]]>
Борел: ЕУ е економска и морална велесила, но не и воена, неутралноста денес не е иста како во Студената војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-eu-e-ekonomska-i-moralna-velesila-no-ne-i-voena-neutralnosta-denes-ne-e-ista-kako-vo-studenata-vojna/ Sun, 28 Aug 2022 12:25:40 +0000 https://republika.mk/?p=544934

ЕУ е економска и морална велесила, но не и воена, нагласува шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Тој наведува дека членките мора да разберат дека во случај на потреба, Европа треба да биде во можност да се брани и дека треба да има алатки.

Борел во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“ вели дека тоа не мора да биде војската на ЕУ.

Ниту една од 27-те армии нема да биде заменета со една европска армија. Само треба да ги обединиме нашите сили, да ги координираме и подобро да инвестираме во одбраната. Ништо повеќе. Ние трошиме за одбрана колку Кина и четири пати повеќе од Русија. Поради должничката криза, влеговме во фаза на разоружување. Затоа не можеме да се соочиме со сегашните предизвици како што треба. Ефикасноста е клучниот збор, во спротивно тоа е само губење пари, објасни Борел.

На прашањето дали предупредувањата на Полска и балтичките земји за опасност од руска агресија не се сфатени сериозно, Борел рече дека историјата и географијата се од големо значење за разбирање на кризата.

Литванија географски и историски е позагрижена за Русија отколку за југот на Шпанија, каде што е повеќе загрижена за Северна Африка. Ние во Европа не треба да им пристапуваме на предизвиците одделно, туку заедно, рече тој.

На изјавата дека еднаш рекол дека „Европа мора да научи да зборува на јазикот на силата“, изјави дека таа реченица постојано го следи и објасни дека мислел на глобалното влијание.

Русија, САД и Кина имаат искуство во тоа, но и воено, и нивната моќ се заснова на тоа. Не се работи само за воена сила. Европа е основана како мировен проект, кој преку економска соработка требаше да создаде меѓусебна зависност, а со тоа да придонесува за мирот. Човековите права се слобода и почитување. Денес тоа не е доволно. Русија ја користи трговијата како оружје, рече тој.

Борел оцени дека неутралноста денес не е иста како во времето на Студената војна.

Неутралноста денес не ја спречува Австрија да учествува во мировните мисии, на пример во Мали, Босна и Херцеговина, Мозамбик, потсети Борел.

Следната недела министрите за одбрана на ЕУ ќе презентираат план за мисија за воена обука во Украина, на прашањето како би изгледала, Борел рече дека ЕУ го поддржува украинското воено оружје и дека е важно да се обучуваат војници како да го користат.

Украинците, објасни тој, ќе се обучуваат не во Украина, туку во Европа.

The post Борел: ЕУ е економска и морална велесила, но не и воена, неутралноста денес не е иста како во Студената војна appeared first on Република.

]]>

ЕУ е економска и морална велесила, но не и воена, нагласува шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Тој наведува дека членките мора да разберат дека во случај на потреба, Европа треба да биде во можност да се брани и дека треба да има алатки. Борел во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“ вели дека тоа не мора да биде војската на ЕУ.
Ниту една од 27-те армии нема да биде заменета со една европска армија. Само треба да ги обединиме нашите сили, да ги координираме и подобро да инвестираме во одбраната. Ништо повеќе. Ние трошиме за одбрана колку Кина и четири пати повеќе од Русија. Поради должничката криза, влеговме во фаза на разоружување. Затоа не можеме да се соочиме со сегашните предизвици како што треба. Ефикасноста е клучниот збор, во спротивно тоа е само губење пари, објасни Борел.
На прашањето дали предупредувањата на Полска и балтичките земји за опасност од руска агресија не се сфатени сериозно, Борел рече дека историјата и географијата се од големо значење за разбирање на кризата.
Литванија географски и историски е позагрижена за Русија отколку за југот на Шпанија, каде што е повеќе загрижена за Северна Африка. Ние во Европа не треба да им пристапуваме на предизвиците одделно, туку заедно, рече тој.
На изјавата дека еднаш рекол дека „Европа мора да научи да зборува на јазикот на силата“, изјави дека таа реченица постојано го следи и објасни дека мислел на глобалното влијание.
Русија, САД и Кина имаат искуство во тоа, но и воено, и нивната моќ се заснова на тоа. Не се работи само за воена сила. Европа е основана како мировен проект, кој преку економска соработка требаше да создаде меѓусебна зависност, а со тоа да придонесува за мирот. Човековите права се слобода и почитување. Денес тоа не е доволно. Русија ја користи трговијата како оружје, рече тој.
Борел оцени дека неутралноста денес не е иста како во времето на Студената војна.
Неутралноста денес не ја спречува Австрија да учествува во мировните мисии, на пример во Мали, Босна и Херцеговина, Мозамбик, потсети Борел.
Следната недела министрите за одбрана на ЕУ ќе презентираат план за мисија за воена обука во Украина, на прашањето како би изгледала, Борел рече дека ЕУ го поддржува украинското воено оружје и дека е важно да се обучуваат војници како да го користат. Украинците, објасни тој, ќе се обучуваат не во Украина, туку во Европа.

The post Борел: ЕУ е економска и морална велесила, но не и воена, неутралноста денес не е иста како во Студената војна appeared first on Република.

]]>
Борел и Блинкен повикаа Собранието да го поддржи предлогот за земјата да оди напред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borel-i-blinken-povikaa-sobranieto-da-go-poddrzi-predlogot-za-zemjata-da-odi-napred/ Sat, 09 Jul 2022 14:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=526283

Потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, го повикаа македонскиот парламент да го поддржи предлогот за почеток на преговорите со ЕУ.

„Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба и разбирање. Суверената одлука на парламентот на Македонија ќе биде важна за придвижувањето напред. Духот на конструктивен компромис, на кој се заснова европската интеграција, треба да продолжи да ги инспирира сите вклучени во историскиот процес“, велат Борел и Блинкен.

Се додава дека во овој критичен момент во европската историја, одбележан од неоправданата агресија извршена од Русија врз Украина, придвижувањето на Албанија и Македонија кон ЕУ е клучот за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот Европски континент.

„Водени од заедничките вредности и стандарди и одредници на ЕУ, двете земји се подготвени да го преземат следниот чекор кон членство во ЕУ“, се вели во заедничката изјава.

Борел и Блинкен додаваат дека ЕУ и САД се посветени на поблиска соработка во Западен Балкан.

The post Борел и Блинкен повикаа Собранието да го поддржи предлогот за земјата да оди напред appeared first on Република.

Борел: Денеска не е добар ден, требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но една држава го блокира целиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borel-deneska-ne-e-dobar-den-trebashe-da-go-zapochneme-pristapniot-proces-so-dve-zemji-no-edna-drzava-go-blokira-celiot-proces/ Thu, 23 Jun 2022 08:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=518766

Денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Тој изрази незадоволство поради недостигот на напредок во Бугарија во однос на отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа покажува оти принципот на консензусот не е добро решение за носење одлуки во ЕУ.

Овој случај уште еднаш покажа дека консензусот е проблем при одлучувањето. Не можеме да продолжиме, затоа што една земја блокира, потенцира Борел.

Тој истакна дека ЕУ мора да стори се за да го вклучи Западниот Балкан во „својот свет“, нагласувајќи дека тоа ќе може да се направи со покана на земјите од регионот да учествуваат на состаноците на министрите за надворешни работи на ЕУ и на други собири.

Мораме да продолжиме да го спречиме гаснењето на европскиот пламен на Западниот Балкан, потенцира Борел.

Сепак според него, има една добра вест, а тоа е напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина во сферата на енергетиката.

Тоа е многу важен чекор напред и ќе продолжиме да работиме понатаму. Можно е да имаме состанок на највисоко ниво до крајот на месецот, додаде евро претставникот.

The post Борел: Денеска не е добар ден, требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но една држава го блокира целиот процес appeared first on Република.

]]>

Денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Тој изрази незадоволство поради недостигот на напредок во Бугарија во однос на отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа покажува оти принципот на консензусот не е добро решение за носење одлуки во ЕУ.