Претседателот на црногорската општина Жабљак, Радош Жугиќ, го прогласи 25 јануари за Ден на жалост на територијата на оваа општина, поради трагичната смрт на Зорица Мандиќ (33), која загина во понеделникот кога ја удрил багер за чистење снег.
Денот на жалост ќе биде одбележан со спуштање на државното знаме на половина копје, на зградата на општината, јавните служби и институции основани од општината, објекти на месните заедници и други органи и институции на територијата на општина Жабљак.
За време на Денот на жалост забрането е емитување музика и други забавни програми на јавни места, се вели во одлуката за прогласување Ден на жалост.
The post Девојка загина откако ја прегазил чистач на снег: Прогласен ден на жалост appeared first on Република.
]]>The post Девојка загина откако ја прегазил чистач на снег: Прогласен ден на жалост appeared first on Република.
]]>