Зоран Трајчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-trajchevski/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jul 2023 12:39:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Трајчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-trajchevski/ 32 32 Анонимни закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат М https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/anonimni-zakani-kon-direktorot-na-avmu-poradi-odbieno-barane-za-odzemane-dozvola-na-tv-alsat-m/ Mon, 17 Jul 2023 12:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=662325

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека на 13 јули, од страна на непознато лице, на мобилниот телефон на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, се упатени пораки со заканувачка содржина.

Пораките се пратени откако Агенцијата, на седницата одржана на 11 јули, ја отфрли поднесената анонимна Иницијатива за одземање на дозволата на ТВ Алсат-М.

Агенцијата ја разгледа доставената Иницијатива, меѓутоа се утврди дека не може да се пристапи до линковите кои беа посочени како наводен доказ дека Ве Ве Гроуп, сопственик на Алсат М ја злоупотребува телевизијата и врши притисок врз државните институции за остварување на своите бизнис потреби. Воедно, Иницијативата беше доставена како анонимна пријава и немаше можност да се извести подносителот да ги отстрани недостатоците во неа.

Во медиумската легислатива се јасно утврдени основите поради кои може да биде одземена дозволата на некое радио или телевизија, токму за постапувањето да не биде на произволна основа туку во точно определени случаи.

Упатувањето заканувачки пораки поради неисполнето барање, засновано на лични желби и лични интереси претставува индивидуално психичко вознемирување и малтретирање и во случајов, притисок и директно загрозување на слободата на медиумите и на слободата на информирање и изразување.

Агенцијата случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции, од каде се очекува брза разрешница, утврдување одговорност на лицето кое упатило закани и негово соодветно санкционирање. Воедно, известени се и релевантните меѓународни организации.

Се надеваме дека ваквите случаи во иднина нема да се повторат бидејќи рефлектираат не само врз медиумите туку и врз безбедноста и сигурноста на новинарите и медиумските работници, велат од АВМУ.

The post Анонимни закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат М appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека на 13 јули, од страна на непознато лице, на мобилниот телефон на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, се упатени пораки со заканувачка содржина. Пораките се пратени откако Агенцијата, на седницата одржана на 11 јули, ја отфрли поднесената анонимна Иницијатива за одземање на дозволата на ТВ Алсат-М. Агенцијата ја разгледа доставената Иницијатива, меѓутоа се утврди дека не може да се пристапи до линковите кои беа посочени како наводен доказ дека Ве Ве Гроуп, сопственик на Алсат М ја злоупотребува телевизијата и врши притисок врз државните институции за остварување на своите бизнис потреби. Воедно, Иницијативата беше доставена како анонимна пријава и немаше можност да се извести подносителот да ги отстрани недостатоците во неа. Во медиумската легислатива се јасно утврдени основите поради кои може да биде одземена дозволата на некое радио или телевизија, токму за постапувањето да не биде на произволна основа туку во точно определени случаи. Упатувањето заканувачки пораки поради неисполнето барање, засновано на лични желби и лични интереси претставува индивидуално психичко вознемирување и малтретирање и во случајов, притисок и директно загрозување на слободата на медиумите и на слободата на информирање и изразување. Агенцијата случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции, од каде се очекува брза разрешница, утврдување одговорност на лицето кое упатило закани и негово соодветно санкционирање. Воедно, известени се и релевантните меѓународни организации. Се надеваме дека ваквите случаи во иднина нема да се повторат бидејќи рефлектираат не само врз медиумите туку и врз безбедноста и сигурноста на новинарите и медиумските работници, велат од АВМУ.

The post Анонимни закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат М appeared first on Република.

]]>
АВМУ е против трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/avmu-e-protiv-troshenje-budzetski-sredstva-za-vladini-reklami-vo-mediumite/ Fri, 15 Jul 2022 11:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=529297

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) е крајно загрижена поради предлозите за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои што се овозможува трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите, а за кои деновиве имаше реакции од релевантни здруженија и организации.

„Понудените решенија се проблематични од повеќе аспекти, почнувајќи од самото дефинирање на кампањите од јавен интерес, начинот на нивно спроведување, а особено нивното финансирање со средства од државниот буџет и од буџетите на единиците на локалната самоуправа.

Медиумите имаат обврски и одговорност кон јавноста и оваа своја улога треба да ја извршуваат без надомест и без какви било влијанија. Со предложените измени, со буџетски средства ќе се плаќа за пренесувањето на идеите и активностите на централната и локалната власт што повторно отвора простор за директно нарушување на уредувачката самостојност и независност на медиумите, нивно корумпирање и создавање клиентелистички и сервилен однос кон власта.

Во сегашниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е предвидено дека кампањите од јавен интерес и апелите за добротворни цели се емитуваат бесплатно на програмите на радиодифузерите. Според стандардите, за кампањи од јавен интерес се сметаат исклучиво оние кои се однесуваат на теми од поширока општествена корист или алтруистичка цел (како безбедност во сообраќајот и на патиштата, граѓански должности, здравствени кампањи и така натаму), без разлика кој е нивниот нарачател“, се наведува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата, како што се додава, и претходно јавно реагираше дека средствата на даночните обврзници, односно на граѓаните не треба да се користат за рекламирање во медиумите. Исто така, кампањите од јавен интерес не смеат да се користат како начин за субвенционирање на медиумите.

Регулаторот смета дека треба да се субвенционира создавањето програмски содржини, но тоа да биде направено на таков начин што ќе придонесе за создавање квалитетни радио и телевизиски програми од интерес на јавноста, без да се поткопува независноста на медиумите. Во оваа насока, Агенцијата го поддржа барањето на Здружението на регионални и локални станици „Медиум објектив“ за „формирање фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини од регионална и локална тематика заради развој на програмската понуда и стимулирање на демократскиот плурализам во општеството“

Од АВМУ сметаат дека за да се донесат законски решенија кои ќе ја гарантираат слободата и независноста на медиумите, секоја измена на медиумската легислатива треба да биде предмет на пошироки јавни консултации со сите засегнати страни, пред се со релевантните професионални здруженија и регулаторот, и да биде во правец на усогласување со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија.

The post АВМУ е против трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) е крајно загрижена поради предлозите за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои што се овозможува трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите, а за кои деновиве имаше реакции од релевантни здруженија и организации. „Понудените решенија се проблематични од повеќе аспекти, почнувајќи од самото дефинирање на кампањите од јавен интерес, начинот на нивно спроведување, а особено нивното финансирање со средства од државниот буџет и од буџетите на единиците на локалната самоуправа.