Зоран Сретеновиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-sretenovikj/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Apr 2022 20:33:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Сретеновиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-sretenovikj/ 32 32 Сретеновиќ ја предводеше славната генерација на Југопластика од 90-тите https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/sretenovikj-ja-predvodeshe-slavnata-generacija-na-jugoplastika-od-90-tite/ Thu, 28 Apr 2022 21:26:01 +0000 https://republika.mk/?p=494990

Прославениот поранешен кошаркар Зоран Сретеновиќ почина денеска во Белград на 57-годишна возраст.

Според медиумите од Србија, ненадејно починал еден од најдобрите плејмејкери во текот на 80-тите години на минатиот век. Кариерата ја започна во ОКК Београд, од каде се пресели во Црвена звезда. Во 1986 година се пресели од Мал Калемегдан во Југопластика во Сплит, каде што освои три европски шампионски титули, а четири пати го освои шампионатот на СФРЈ. Од Сплит во 1991 година, тој се пресели во Бабмерг, Германија, со кој го освои германскиот национален куп, а потоа отпатува за Антиб, Франција, со која беше француски вицешампион. Потоа одигра една сезона за Партизан каде го освои Купот на СР Југославија, а потоа дојде во Подгорица. Беше дел и од белградски Раднички, а кариерата ја заврши во полски Стал Остров.

https://www.youtube.com/watch?v=z6ZjkEaj5mg

Со репрезентацијата на СФРЈ Сретеновиќ освои злато на Европското првенство во Рим, а истиот успех го повтори и во 1995 година во Атина со репрезентацијата на СР Југославија.

Тренерската кариера ја започна во подгорички Будуќност, а потоа ги предводеше Хемофарм, Игокеа, Војводина и полските клубови Гдањск, Кошалин и Стал.

The post Сретеновиќ ја предводеше славната генерација на Југопластика од 90-тите appeared first on Република.

]]>

Прославениот поранешен кошаркар Зоран Сретеновиќ почина денеска во Белград на 57-годишна возраст. Според медиумите од Србија, ненадејно починал еден од најдобрите плејмејкери во текот на 80-тите години на минатиот век. Кариерата ја започна во ОКК Београд, од каде се пресели во Црвена звезда. Во 1986 година се пресели од Мал Калемегдан во Југопластика во Сплит, каде што освои три европски шампионски титули, а четири пати го освои шампионатот на СФРЈ. Од Сплит во 1991 година, тој се пресели во Бабмерг, Германија, со кој го освои германскиот национален куп, а потоа отпатува за Антиб, Франција, со која беше француски вицешампион. Потоа одигра една сезона за Партизан каде го освои Купот на СР Југославија, а потоа дојде во Подгорица. Беше дел и од белградски Раднички, а кариерата ја заврши во полски Стал Остров. https://www.youtube.com/watch?v=z6ZjkEaj5mg Со репрезентацијата на СФРЈ Сретеновиќ освои злато на Европското првенство во Рим, а истиот успех го повтори и во 1995 година во Атина со репрезентацијата на СР Југославија. Тренерската кариера ја започна во подгорички Будуќност, а потоа ги предводеше Хемофарм, Игокеа, Војводина и полските клубови Гдањск, Кошалин и Стал.

The post Сретеновиќ ја предводеше славната генерација на Југопластика од 90-тите appeared first on Република.

]]>