зоран поповски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-popovski/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Feb 2023 16:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зоран поповски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-popovski/ 32 32 На 54 години почина спортскиот новинар Зоран Поповски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-54-godini-pochina-sportskiot-novinar-zoran-popovski/ Mon, 13 Feb 2023 16:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=608531

Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина еден од најистакнатите македонски спортски новинари, Зоран Поповски.

Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како телевизија А1, па печатените медиуми „Дневник“, „Македонски спорт“ и „Република“. Беше дел и од редовите на спортската редакција на ЕКИПА токму во годините на нашите почетоци кога и се поставуваа темелите на електронските интернет медиуми. Од летото 2018 година беше во спортскиот портал Спортманија.

Како новинар вљубеник во фудбалот, Поповски известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.

Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.

The post На 54 години почина спортскиот новинар Зоран Поповски appeared first on Република.

]]>

Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина еден од најистакнатите македонски спортски новинари, Зоран Поповски. Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како телевизија А1, па печатените медиуми „Дневник“, „Македонски спорт“ и „Република“. Беше дел и од редовите на спортската редакција на ЕКИПА токму во годините на нашите почетоци кога и се поставуваа темелите на електронските интернет медиуми. Од летото 2018 година беше во спортскиот портал Спортманија. Како новинар вљубеник во фудбалот, Поповски известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година. Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.

The post На 54 години почина спортскиот новинар Зоран Поповски appeared first on Република.

]]>
Македонец победи во бугарскиот „Survivor“, освои 77.000 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonec-pobedi-vo-bugarskiot-survivor-osvoi-77-000-evra/ Sat, 30 Apr 2022 06:57:21 +0000 https://republika.mk/?p=495591

Македонскиот режисер Зоран Петровски е победник на шестата сезона на бугарското шоу „Survivor“, пренесуваат бугарските медиуми. До финалето стигнаа само тројца учесници кои најдобро се снаоѓаа во филипинската џунгла цели 43 дена, надмудрувајќи ги останатите дваесет учесници со својата итрина, упорност и среќа.

Според правилата на шоуто, жирито составено од претходни учесници од тековната сезона, гласаа за победникот. Доколку гласовите беа изедначени, гласањето немаше да се повтори, а одлуката за тоа кој ќе ја добие наградата ќе ја донесеше публиката. Сепак, се покажа дека Зоран е неприкосновен победник со најмногу гласови.

Чувството е одлично. Ви благодарам! На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев свој од почеток до крај, изјави Зоран по победата.

Поповски, кој глумел и во бугарската тв серија „Под прикритие“, каде ја запознал својата сопруга, актерката Силвија Петкова прво ги прегрнал неа и нивниот син кога водителот Владо Карамазов соопштил дека токму Зоран е победникот. Тој ја доби и главната награда од 150.000 лева.

The post Македонец победи во бугарскиот „Survivor“, освои 77.000 евра appeared first on Република.

]]>

Македонскиот режисер Зоран Петровски е победник на шестата сезона на бугарското шоу „Survivor“, пренесуваат бугарските медиуми. До финалето стигнаа само тројца учесници кои најдобро се снаоѓаа во филипинската џунгла цели 43 дена, надмудрувајќи ги останатите дваесет учесници со својата итрина, упорност и среќа. Според правилата на шоуто, жирито составено од претходни учесници од тековната сезона, гласаа за победникот. Доколку гласовите беа изедначени, гласањето немаше да се повтори, а одлуката за тоа кој ќе ја добие наградата ќе ја донесеше публиката. Сепак, се покажа дека Зоран е неприкосновен победник со најмногу гласови.
Чувството е одлично. Ви благодарам! На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев свој од почеток до крај, изјави Зоран по победата.
Поповски, кој глумел и во бугарската тв серија „Под прикритие“, каде ја запознал својата сопруга, актерката Силвија Петкова прво ги прегрнал неа и нивниот син кога водителот Владо Карамазов соопштил дека токму Зоран е победникот. Тој ја доби и главната награда од 150.000 лева.

The post Македонец победи во бугарскиот „Survivor“, освои 77.000 евра appeared first on Република.

]]>