Зоран Попоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-poposki/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Apr 2023 17:10:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Попоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-poposki/ 32 32 Кусометражен филм на Зоран Попоски создаден со помош на вештачка интелигенција е финалист на фестивал во Далас https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kusometrazhen-film-na-zoran-poposki-sozdaden-so-pomosh-na-veshtachka-inteligentsija-e-finalist-na-festival-vo-dalas/ Sun, 16 Apr 2023 09:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=631117

Кусометражниот филм „Уништен свет“, создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), во режија на на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е финалист на 53-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Далас, Тексас. Филмот на Попоски е номиниран во категоријата меѓународен кусометражен филм и видео.

Фестивалот во Далас е еден од најстарите и најреноминарните меѓународни филмски фестивали во САД. Од 1971 година до денес, фестивалот има прикажано илјадници премиери на филмови од сите жанрови.

Номинацијата за награда како финалист на овој еминентен филмски фестивал е вистинска чест. Мојот кусометражен филм поетски го истражува сложениот однос меѓу човештвото и технологијата, односно вештачката интелигенција. Мојата благодарност до Фестивалот во Далас што го номинираше мојот филм за награда во оваа престижна категорија и што придонесува за ширењето на пораката на филмот со тамошната публика, изјави режисерот Попоски.

Филмот „Уништен свет“ на Попоски е првиот кусометражен поетски филм во кој сите елементи (слика, звук и нарација) се создадени со помош на вештачка интелигенција. Филмот ја имаше својата премиера во Лос Анџелес во 2022 година и досега е прикажан на петнаесетина меѓународни филмски и видео фестивали, каде што и освои неколку награди за најдобар поетски кусометражен филм и најдобар апстрактен филм.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Попоски има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

The post Кусометражен филм на Зоран Попоски создаден со помош на вештачка интелигенција е финалист на фестивал во Далас appeared first on Република.

]]>

Кусометражниот филм „Уништен свет“, создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), во режија на на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е финалист на 53-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Далас, Тексас. Филмот на Попоски е номиниран во категоријата меѓународен кусометражен филм и видео. Фестивалот во Далас е еден од најстарите и најреноминарните меѓународни филмски фестивали во САД. Од 1971 година до денес, фестивалот има прикажано илјадници премиери на филмови од сите жанрови.
Номинацијата за награда како финалист на овој еминентен филмски фестивал е вистинска чест. Мојот кусометражен филм поетски го истражува сложениот однос меѓу човештвото и технологијата, односно вештачката интелигенција. Мојата благодарност до Фестивалот во Далас што го номинираше мојот филм за награда во оваа престижна категорија и што придонесува за ширењето на пораката на филмот со тамошната публика, изјави режисерот Попоски.
Филмот „Уништен свет“ на Попоски е првиот кусометражен поетски филм во кој сите елементи (слика, звук и нарација) се создадени со помош на вештачка интелигенција. Филмот ја имаше својата премиера во Лос Анџелес во 2022 година и досега е прикажан на петнаесетина меѓународни филмски и видео фестивали, каде што и освои неколку награди за најдобар поетски кусометражен филм и најдобар апстрактен филм. Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Попоски има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

The post Кусометражен филм на Зоран Попоски создаден со помош на вештачка интелигенција е финалист на фестивал во Далас appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на филмот на Зоран Попоски во Лос Анџелес https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-na-zoran-poposki-vo-los-andzeles/ Thu, 12 May 2022 09:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=501367

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е меѓу 125-те водечки глобални имиња во дигиталната продукција застапени на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес од 1 до 2 јуни 2022 година. На фестивалот ќе се реализира светската премиера на поетскиот филм на Попоски, „Уништен свет“, прв кус уметнички филм во целост создаден со користење на вештачка интелигенција.

На 13-тото издание на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес ќе бидат претставени вкупно 85 премиерни прикажувања од речиси 30 земји на дела создадени со најсовремени технологии од доменот на филмот, компјутерските игри, дополнетата реалност, виртуелната реалност и вештачката интелигенција. Жирито на фестивалот е составено од водечки светски експерти од глобални продукциски компании, како „Марвел“, Ејч-би-о, Би-би-си, наградите „Еми“, магазинот „Ролинг стоун“ и многу други.

Филмот на Попоски е номиниран за награда во категоријата дополнета реалност, вештачка интелигенција, емоционална реалност и 5Д.

Оваа номинација е признание за иновативноста и креативниот пристап кон користењето на вештачката интелигенција за кокреација на заокружено филмско дело во кое сите елементи – визуелни, текстуални и музички – се создадени со помош на вештачка интелигенција“, изјави Попоски.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе светски награди за уметност.

The post Светска премиера на филмот на Зоран Попоски во Лос Анџелес appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е меѓу 125-те водечки глобални имиња во дигиталната продукција застапени на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес од 1 до 2 јуни 2022 година. На фестивалот ќе се реализира светската премиера на поетскиот филм на Попоски, „Уништен свет“, прв кус уметнички филм во целост создаден со користење на вештачка интелигенција. На 13-тото издание на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес ќе бидат претставени вкупно 85 премиерни прикажувања од речиси 30 земји на дела создадени со најсовремени технологии од доменот на филмот, компјутерските игри, дополнетата реалност, виртуелната реалност и вештачката интелигенција. Жирито на фестивалот е составено од водечки светски експерти од глобални продукциски компании, како „Марвел“, Ејч-би-о, Би-би-си, наградите „Еми“, магазинот „Ролинг стоун“ и многу други. Филмот на Попоски е номиниран за награда во категоријата дополнета реалност, вештачка интелигенција, емоционална реалност и 5Д.