Зоран Петковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-petkovski/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Jun 2023 15:25:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Петковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zoran-petkovski/ 32 32 Градоначалникот Коњановски нема да дозволи партиската дрскост на СДСМ да ги загрози интересите на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-konanovski-nema-da-dozvoli-partiskata-drskost-na-sdsm-da-gi-zagrozi-interesite-na-graganite/ Sat, 03 Jun 2023 15:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=647445

Лицемерие, дрскост, импровизација и максимална деструктивност, почитувани граѓани, е она што најблаго може да се каже за СДС, вака денеска на прес конференција рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Петковски.

„За криминал и недомаќинско работење си дозволуваат да зборуваат оние што се уништија, продадоа и разграбаа, ни го уништија достоинството, дури го доведоа во прашање и најосновното – секодневното обично преживување.

Тотално неспособни да се справат со економската и енергетската криза, државата ја доведоа до услови во кои секој нејзин граѓанин, води борба од ден во ден како да преживее или како да замине од овде, да обезбеди леб и основна егзистенција.

Конечно сами признаа дека повеќе од шест години бесрамно лажат и ја пустошат и Битола и Македонија.

Како не се срамат, не еднаш, ами два пати да го промовираат проектот за автопатот, односно дрско пред очите на сите се фалат со капитални инвестиции, кои не се ништо друго туку обезбедување личен капитал за Груби и Ковачевски – намесникот премиер.

Тоа е криминал, тоа е корупција, тоа е лично богатење, за кое набрзо ќе има и одговорност.

Ова што СДС го прави на локално ниво, во ништо не се разликува од нивната распадната централна врхушка во заложништво на ДУИ. Само овде има уште повеќе аматеризам и ситно партиско профитерство.

Градоначалникот Тони Коњановски и ВМРО ДПМНЕ, секогаш ќе работат според позитивните законски прописи и ниту милиметар нема да отстапат од она што во заеднички сојуз со Вас, почитувани граѓани го зедоа како своја обврска.

Градоначалникот Коњановски, нема да дозволи, како градоначалник на сите жители на општина Битола, политичките игри и личните суети, партиската дрскост на СДС, да ги загрози интересите на граѓаните и функционирањето на локалната самоуправа, уште повеќе кога тоа се прави на штета на сите граѓани и неодговорно и незаконски!

Градоначалникот Коњановски, максимално ги прави и ќе продолжи да ги прави сите напори, во услови на страшна економска криза, во услови на ужасни состојби во државата, општина Битола да функционира и да реализира проекти од севкупен заеднички интерес. Јавните претпријатија и натаму ќе продолжат континуирано да бидат вистински сервис и со заеднички усилби да ги надминуваат предизвиците.

Господо од СДС, конечно потврдувате дека никако не можете да се ослободите од улогата на судии и обвинители, а треба во најмала рака, барем да се срамите, особено по она што ви се случи со Катица Јанева и сите криминали во овие шест години. Вашата импровизација е до толку небулозна, што сте заборавиле дека само пред околу година и пол вие бевте локална власт, ама и тогаш бевте заробени во опозиционерските и деструктивни манири и партиски шинели, под кои и денес се криете“ рече советникот Петковски.

 

The post Градоначалникот Коњановски нема да дозволи партиската дрскост на СДСМ да ги загрози интересите на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Лицемерие, дрскост, импровизација и максимална деструктивност, почитувани граѓани, е она што најблаго може да се каже за СДС, вака денеска на прес конференција рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Петковски. „За криминал и недомаќинско работење си дозволуваат да зборуваат оние што се уништија, продадоа и разграбаа, ни го уништија достоинството, дури го доведоа во прашање и најосновното – секодневното обично преживување. Тотално неспособни да се справат со економската и енергетската криза, државата ја доведоа до услови во кои секој нејзин граѓанин, води борба од ден во ден како да преживее или како да замине од овде, да обезбеди леб и основна егзистенција. Конечно сами признаа дека повеќе од шест години бесрамно лажат и ја пустошат и Битола и Македонија. Како не се срамат, не еднаш, ами два пати да го промовираат проектот за автопатот, односно дрско пред очите на сите се фалат со капитални инвестиции, кои не се ништо друго туку обезбедување личен капитал за Груби и Ковачевски – намесникот премиер. Тоа е криминал, тоа е корупција, тоа е лично богатење, за кое набрзо ќе има и одговорност. Ова што СДС го прави на локално ниво, во ништо не се разликува од нивната распадната централна врхушка во заложништво на ДУИ. Само овде има уште повеќе аматеризам и ситно партиско профитерство. Градоначалникот Тони Коњановски и ВМРО ДПМНЕ, секогаш ќе работат според позитивните законски прописи и ниту милиметар нема да отстапат од она што во заеднички сојуз со Вас, почитувани граѓани го зедоа како своја обврска. Градоначалникот Коњановски, нема да дозволи, како градоначалник на сите жители на општина Битола, политичките игри и личните суети, партиската дрскост на СДС, да ги загрози интересите на граѓаните и функционирањето на локалната самоуправа, уште повеќе кога тоа се прави на штета на сите граѓани и неодговорно и незаконски! Градоначалникот Коњановски, максимално ги прави и ќе продолжи да ги прави сите напори, во услови на страшна економска криза, во услови на ужасни состојби во државата, општина Битола да функционира и да реализира проекти од севкупен заеднички интерес. Јавните претпријатија и натаму ќе продолжат континуирано да бидат вистински сервис и со заеднички усилби да ги надминуваат предизвиците. Господо од СДС, конечно потврдувате дека никако не можете да се ослободите од улогата на судии и обвинители, а треба во најмала рака, барем да се срамите, особено по она што ви се случи со Катица Јанева и сите криминали во овие шест години. Вашата импровизација е до толку небулозна, што сте заборавиле дека само пред околу година и пол вие бевте локална власт, ама и тогаш бевте заробени во опозиционерските и деструктивни манири и партиски шинели, под кои и денес се криете“ рече советникот Петковски.  

The post Градоначалникот Коњановски нема да дозволи партиската дрскост на СДСМ да ги загрози интересите на граѓаните appeared first on Република.

]]>